Слабеење со помош на нутриционист

Дискусија во 'Диети' започната од majamaja, 2 август 2010.

  1. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    228
    Иди си кај Тања,Господ да те види. Сега имаат нова локација после 1ви мај ке бидат кај анализис (кај средното медицинско),така да би ти препорацала да идеш кај неа.Една моја добра другарка за 9 мес.изгуби 43 кила,и сега си се одржува без проблем.Сепак е твој избор ама јас сум за Тања ;)
     
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.243

    Name јас сепак би ти ја препорачала Цеце, бидејки од лично видување на двете Цеце повеќе ми се допаѓа бидејки жената пред се има прекрасен карактер. Клубот на жени со кои таа работи се исто така едни фини млади дами кои се многу дружељубиви и би ти ја дале потребната поддршка. Кај Тања има построг режим на исхрана и воедно е малку постудена во однос на подршката. Како и да е, двете работат по ист тертик така да нема да згрешиш. Но сепак јас би ти ја препорачала Цеце зошто мене лично премногу ми се допадна начинот на кој таа разговара со пациентите и се грижи за нивното здравје воедно.
     
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.243
    Туку сакав да ве прашам....Еве 10-ти ден ми е на овој режим на исхрана а ослабев само 2 кг. :( Ми викаат дека е добар резултат но јас се надевав барем на 3 килограми :^) Мајка ми ми вели да не очајувам, дека додека да почне е зафркнато а после оди лесно...Па, да и верувам ли на мама? Мотивирајте ме некако, преглднета сум :worried:
    Ах, што ми требаше да се здебелам бе?! Не требаше да јадам... :sweat:
     
  4. Buubica

    Buubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    245
    не се обесхрабувај девојче..од се што сум пробала јас во животов најфункционално ми било слабеењето со нутриционист. Зависи колку имаш за симнување ама за 10дена 2 кила не е малце. Како и да е јас мислам само да бидеш упорна и после 2-3 месеца ќе бидеш и презадоволна од резултатот и ќе ти се исплати сега гладот.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.243
    Леле фала Буби многу ми значи поддршката во овие денови на искушение :) Не се откажувам! Ќе бидам упорна и истрајна...Имам + 23-24 килограми вишок за симнување инаку...За 4-5 месеци се надевам ќе го видам добриот резултат. Но секако ќе бидам и физички активна летово... :)
     
  6. Buubica

    Buubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    245
    Ајде држам среќа и чекам да пишеш како оди! Ма манекенка ќе се направиш бре! :D :D
    Ако ти треба у било кој момент психичка поддршка обавезно пиши ми :call: :call: Многу добро знам јас како е кога си седиш гладен и живееш на леќа а вагата мрда понекое грамче само! :@ :@
    Ама биди упорна ќе ти се исплати на крај и тоа многу!
     
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.243
    3 килограми за 19 дена :| мнооогу забавен метаболизам...Премногу! :x
    Сакав да те прашам...вака е само првиот месец или..? :?: Мислам вака споро иде само првиот месец а вториот побрзо ли откако метаболизмот ќе се навикне?
    оффф маки мои :worried:
     
  8. Buubica

    Buubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    245
    Слушај ја све што ќе ти каже не прескокнувај оброци и пиј вода точно колку што ти вика..ако не се лажам до ручек беше литро ипол! Резултати ќе имаш ама мора упорност да знаеш..и да понатака да ти се поднавикне телото на режимот ќе оди полесно!
     
  9. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    vita diet клубот, дава резултати но, тоа скакпи диети, со бадеми, лешници, иниски ореви, риби секојдневно.....е сега моја пријателка ослабе кај нив но ако не се придржуваш послем тоа одма ги враќаш, значи послем тоа треба да си сватиш како начин на исхрана нивниот режим, не како диета.еве ја сега послем една год пак е кај нив 7 месеци има симнато 9 кг но строго се придржува инаку е дзабе
     
  10. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    114
    Мене ми е втор пат кај Тања пред две години бев платив 3000 ден за 3 месеци... наместо 3строги месеци јас идев вкупно кај нив 5 мецеци а платив за 3 бидејки не бев во државата и не се приджував строго до режимот сепак изгубив 15-16 кг ја постигнав целта и престанав.Имам доста читано за храна и како се комбинира и си реков доста е ке продолжам сама по истата шема ама не е така лесно(барем кај мене- контролите кај нив ми даваат морална подршка) ,за две години ги вратив кг назад пробав и со медобил ама не го бива и решив пак да се вратам кај Тања ,повторно правев крвна слика во принцип сличен режим на исхрана ама не е ист.во моментов се обидува да ми подобри некои референци во крвната слика сега во моментов имам за почеток на денот: чаша портокал, 5 бадеми, чај од брусница 1 лажичка малтекс па до ручек 1,5 кг овошје меѓу оброк сончоглед,ленени семки и малтекс, потоа ручекот е секој ден различен ( риба,грав,леќа,спанаќ+јогрут,ориз,турлитава итн..) плус салата обавезно , кога има риба и месо се пие 300мл супа од 1/2 зленчукова коцка и за вечера салата свежа без лимит и без временско ограничување.Мене најмногу ми се допаѓа тоа што повеке губиш на обем отколку на килажа и цело врене си сит ;) мерењето по првата недела покажа -2кг и -1 см во обем на раце, на нозе, на стомак ,колкови ,гради и -2сртук ....Ако му треба бројот на некој од Тања ке му го пратам во лп. Инфо + сега се преместени кај државна болница -стоматологија.
     
  11. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Одев кај Цеце со маж ми заедно интензивно 2 месеци, а тој продолжи уште 2 и убаво заслабнавме. Уште така се храниме 90% (лешници бадеми и сл избегнуваме/ скапи се) Само многу споро се слабее.....јас за 6 месеци (2 со забушавање) 6 кг само.... и некако се разочарав... кој знае што е? дали годинките или хранава ни е ептен хемиска :^) заборавив да напоменам дека толку вода не пијам.. кога пиев одев во вц секој пола саат, ужас беше, бешиката и бубрезите мислам дека се шекнаа. Сега пијам до 2 л. дневно мах. само вода.
     
  12. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    210
    Пол:
    Женски
    Сакам деновиве да го посетам ВИТА ДИЕТ КЛУБОТ,сум го слушала многу пати дека е доста популарен и дека многу одат таму за да ја постигнат идеалната тежина и многу имало ефекти од тие диети што ги препишувале таму!

    Има ли некој вакво искуство,сте го посетиле ли тој клуб???
    Знае ли некој каде поточно се наога клубов?
    Задоволни ли сте од програмата што ја прават таму(наведете детали)
    Колку е цената и колку пати се оди неделно?
    Дали ја изготвуваат програмата по здравствената состојба и дали диетите навистина имаат ефект?

    Ајде девојки доколку имате искуство и сте го посетиле овој клуб,ке ве молам за детали :wasntme:
    Ви благодарам однапред :*
     
  13. bllakce

    bllakce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    26
    jas odam kaj tanja turundieva.se plaka 3000den.za tri meseca.jas sum prezadovolna.se odi ednas nedelno na merenje i togas ti dava dieta za edna nedela.sekoe merenje ti dava i diete.se naoga pod drzavna bolnica vo edna kuka.ako pojdes nem da zgresis.no prven treba da napravis krvna slika.pozdrav
     
  14. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    До пред некои 4-5 години и Тања и Цеце беа заедно имаа еден клуб а после тоа се поделија Јас одев кај Тања а мажот ми кај Цеце . Значи принципот на исхара е ист и ако се придржуваш има ефекти но после тоа ако продолжиш по страо се вракаат килограмите .Јас за 3 месеци ослабев 5кила . Принципот на исхрара е многу овошје многу вода риба зеленчук .Одиш кај нив секоја недела те мерат и ти препишуваат исхрана за наредниот период. Ако мислиш да сепридржуваш на тоа што ке ти го кажат оди а ако мислиш да забушаваш ич не оди не арчи пари
     
  15. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    34
    дали има нутриционист во штип ?

    И сакам да прашам колку често го посетувате нутриционистот бидејќи не сум од скопје а сакам да одам ако нема во штип :)
     
  16. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Не знам што да ве посоветувам.....поентата е да се јаде еднолична храна во секој оброк, на пр. овошје за појадок и вода, ручек или протеини или јаглени х. или мешунки со зеленчук и вечера да биде по лајт - јогурт или некој зеленчук од типот:зелка, краставица и сл......ова е многу слично на ун диетата, па ако мислиш да се придржуваш може и да си ја почнеш таа. Инаку како што пишав погоре, бев задоволна, само многу споро е слабеењето и скапо, а штом барем малку почнеш да внесуваш мешани јадења пр. мусака, пунети пиперки...веднаш се враќа и тоа повеќе од претходно :^)
    Цената беше мислам околу 1500 месечно, а на мерење одевме еднаш неделно. Јас одев кај Цеце, се наоѓа во зградата карши новиот трговски Зебра, нема шанси да го утнете. А за мерење под 1час чекање не бев....така што брзо ми се смачи, па јадев тоа што ке му даде на маж ми.
    Би рекла дека е корисно како искуство за понатамошна поквалитетна исхрана, ама да не се лажеме, без вежбање и промена на начинот на живот ништо не правиме. :)
    Поздрав и успешно слабеење! :)
     
  17. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    34
    може ли некој да ми објасни што е потребно да се направи првиот ден кај нутриционист ? :)
    мислам треба нешто да не однесе или како ?
     
  18. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    228
    Треба да однесеш крвна слика не постара од еден месец и 3000 ден.(ако одиш кај Тања).Со тоа добиваш диета за една недела,наредната недела одиш те мерат на вага и обем и пак добиваш диета,и се така 3 месеци.После ако сакаш уште да слабееш плаќаш 1000ден и така секој месец.Значи на кратко месечно е 1000ден,ама на почеток мораш 3000 однапред за 3 месеци. :)
     
    На Dulce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. devojkaodskopje

    devojkaodskopje Активен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Да бидам искрена никогаш не сум пишувала на вакви форуми меѓутоа залутав некако на фемина и ја видов темава.Самиот наслов ме испровоцира па затоа решив да се регистрирам и да споделам нешто со девојките кои се двоумат исто како јас пред 2 год.Тања или Цвета?Кој е подобар или да се изразам подобро чив режим би ви помогнал побрзо односно поефективно?Мојот одговор е Цвета.Зошто?Затоа што дава повеќе јадење односно со нејзиниот режим не мислиш на храна туку колку грама ке ослабес утре.На Тања режимот се состои во тоа што секој 3 ден е овошен додека кај цвета само понеделник е ден за овошје.Сум била и кај двете и признавам кај двете имав супер резултат но кај тања бев погладна.Цвета све и сешто ми даваше од ѓевреци и макарони до пити и гира па пак секоја недела слабеев по кило.
     
  20. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    114
    Jас веке идам 7месеци кај Tања , ова ми е втор пат ,првиот пат бев пред 3 години околу 4 месеци бев на режимот и бидејки повеке се движев имаше побрзи резултати.сега оди побавно бидејки почесто патувам ,помалку се двизам и понекогаш го прекршувам режимот :tmi:
    Tања се наога кај државна(влезот кај стоматологија) во кука тел ке ти дадам во лп.
    Kе се јавиш прво да ти кажат што точно да испиташ -крвна слика
    Sе оди еднашнеделно на мерење но можеш да се договориш како ти одговара ,новите членови плаќаат 3000ден за првите 3 месеци потоа 1000ден месечно ако сакаш да продолжиш.
    Jас сум многу задоволна и има ефекти после првата недела ,и програмата е според здраствената состојба и крвната слика ,јас срекавам луге кои доаѓаат и со здраствени проблеми на режим ,не само за слабеење.
    Vо прнцип не е класична диета повеке е здрав и правилен начин на исхрана и индивидуален е ,некој не внесува доволно железо на пример друг внесува премногу ,не пие доволно вода ,имал операција примал терапи итн.сите имаме различни прехрамбени навики затоа е потребна крвната слика.
    Nекој погоре спомна дека Tања давала секој трети ден овошје и салати да дава но на Tие што не пијат доволно вода .детали :во принцип не треба да се мешаат протеини со јаглехидрати ,појадокот е секој ден овошје плус малтекс и семиња(различни кај секого) јас имам бадеми,сончоглед и ленено семе, ручекот е секогашразличен месо,боранија,ориз,компир манџа,риба,морски плодови,макарони,јас имав и пица :P турлитава,грав,лека итн плус обавезно салата со ручекот и за вечера салати без лимит.
    Sе надевам дека ти помогнав.