А како тоа лично да се работи? Те прашува за здравствени проблеми, крвна слика и што не сакаш да јадеш и отприлика прави програма. Што полично?
Убаво е да се генерилизира поведена од едно лошо искуство. Те разбирам и јас бев скептична,се додека не се преполовив со програмата на Ирина. Додуша тој/таа може да ти помогне со исхрана,а другото е твое. Колку ти ќе се придружуваш строго,колку ќе бидеш мотивирана и нема да отстапуваш од намирниците тоа зависи од тебе. 90% од целата работа е до тебе. Всушност ти треба да дадеш максимум посветеност од себе. Исто и комуникацијата е важна, да знае до каде си и дали се држиш до целта или не. Не мора лично да се седите и пиете кафе во кафичи по цели денови, денес постои мобилна технологија која го олеснува начинот на комуникација. Така да, внесот на исхрана е богат и нејзината цел на програмите не е да се чувствуваш дека си на диета туку дека се храниш здраво и секојдневно и метаболизмот ти работи.
Mozete da ja dodsdete na ins nutricoach.rs isto i na fb ke vi odgovori na site prasanja mislam deka raboti i so luge koi ne se od mk. Jas vcera go dobiv menito preubavo e od utre pocnuvam edvaj cekam
Верувај и јас бев кај познат нутриционист (можеби за истата зборуваме), како што минуваше времето сѐ понезадоволна бев, почна многу да ме ограничува и ако немав постигнато одреден резултат на контролите ме караше дека не сум се придржувала. Тотално ми забрануваше одредена храна, а знаеме дека не треба да има лоша и забранета храна. Кога престанав да одам ги вратив килата по една година, што од јојо, што од тоа што бев гладна кај неа. Лично мене многу ми се погодени програмите на Ирина, не се осеќам гладна, јадењата се вкусни и имам напредок секогаш. Плус жената е многу фина. И кога ќе си ја постигнам тежината исто ќе терам, бидејќи не е ова диета туку начин на исхрана за цел живот. Бев скептична после неубаво искуство со нутриционист, но кога прочитав тука колку се задоволни девојките и кога пробав сама и увидов, сфатив дека правилен избор направив.
Јас искрено мислев дека ви кажува нејзини рецепти, од типот на не знам 100г киноа ќе ги свариш па ќе додадеш павлака, така нешто. Нема врска, во секој случај како што реков јас моментално пробувам на мој начин да ослабам. Ако е ми успее, ќе се обратам кај Ирина.
Еве ти еден рецепт пробај го дома па кажи. -200мл вода -4 лажици овесни снегулки -1 лажичка мед -1 лажичка какао Во тенџере се става водата да зоврие,потоа се додаваат останатите состојки и се меша додека не се соедини смесата и не се добие потребната густина ( слично ко пудинг ). Се сервира со овошје по избор. Да ми кажеше некој овде дека ќе треба да варам овесни снегулки и вода ќе го направев луд. Немаше ни да поверувам,а немаше ни да пробам. А инаку вклучени се и јајца, салата,јогурт итн. Се преполовив дефинитивно, униформата на работа што ја носам ми паѓа. Панталоните се број М ми паѓаат. Така да, не велам дека има и други нутриционисти ама девојката дефинитивно знае што работи и како.
Не ми е само јасно зошто доаѓате на темава само да хејтате?! Темата е многу јасна. Слабеење со помош на нутриционист! Споделуваме искуства. Позитивни, негативни. Сѐ со цел да си помогниме. Кој како си се храни , нека оди да коментира во соодветна тема! Дали јадењето што ни го давала е или не е голема филозофија не е предмет на дискусија! Насочете го хејтот на правото место. Очигледни се тенденциите за оцрнување нечија работа.
Бидејќи гледам дека сте се фатиле за рецепти, и за тоа како не е во ред да ги делите и не се сложувам. Поентата во персоналните планови не е само во рецептите како рецепти туку и во комбинирање на еден оброк со сите останати, како на дневно ниво така и на неделно, месечно. Еве сте споделиле рецепт за овесни, ама не е исто дали тие овесни денес ќе ги комбинирате со грав за ручек, или компир, или тестенини или со некој протеин. Еве, за да видите дека не е проблем споделување рецепти од нутриционисти ви ја препорачувам Ана Петрович, има свој сајт каде има поделени рецепти за доручек, ручек и вечера. Можете од таму да си правите сами план за исхрана ако не ви се даваат 100 евра за она да ви го состави. Ама нема да имате ефект како што би имале со нејзин план. Ја имате и zdravo.tanja на инста исто така нутризиониста, потоа Звездана Љубенкович, па Маризела Шабанович, Драгана Лошич, сите они споделуваат рецепти и се специјалисти нутриционисти, а некои се и професорки на факултети и имаат своја литература. Слободно заселедете ги и најдете си инспирација за здрави оброци.
Епа ако не е до рецептите или менијата зошто упорно се бара да споделуваме ,па потоа да има исмевање во однос на храната? Некој упорно инсистира да кажеме за после да има иронични коментари.цело време сите објаснуваме дека програмите се индивидуални, како и рецептите. Џабе ќе кажам што имам кога тоа не значи дека друг ќе го има. Јас немам риба, другите имаат. А до споделувањето... Таа Ана Петровиќ одлучила да споделува рецепти. Исто и Ирина споделува,но тоа не значи дека јавно цело мени треба да го претставам. Овде нема потреба од солење памет како требало да знаеме самите од што сме можеле да ослабеме. Да сум можела сама да си направам план за исхрана,немаше да имам потреба да се обратам на нутриционист. Кој знае од што може да ослабе и нема потреба од нутриционист, супер за него!
Прво немаш потреба од така дефанзивен став. И јас самата имам план од нутриционист. Што се однесува до коментарите и исмевањето тоа апсолутно не го подржувам. Паметување и солење памет како нешто треба а како не, а оваму со години да се бориш со вишок килограми ми е нон сенс. И никаде не реков дека треба да се сподели цел план на исхрана. Прва јас кога ми побараа да го напишам не го напишав. Реков за рецептите. Еве горе е споделен рецепт за овесни, сигурна сум дека сите да го прават, нема да ослабат само затоа што тоа е рецепт од нутриционист. Тотално си ја промашила поентата на мислењето што го пишав.
Извини на одговорот,изгледаше како цел коментар да е насочен кон тебе ,но пред сѐ се однесуваше кон погорните коментари. Мојот одговор кон тебе се однесуваше во однос на споделувањето на рецептите од страна на нутриционистите. И апсолутно си во право дека треба комбинација на храна на дневна основа . Сите знаеме што е здраво, но сето тоа треба да се искомбинира. А тоа секако најдобро го знае добар нутриционист.
Океј смирете страсти, никој не побара рецепт за да може бесплатно да ослабе Мислам дека сите би се сложиле дека рецепт беше побаран за да знаеме дали таквиот начин на исхрана би ни одговарал и доколку да, да си уплатиме за наша програма. Дел од нутриционистите во мениата имаат рог од еднорог, па затоа посакавме да знаеме што отприлика дава некој одреден нутриционист.
Ако прочита погоре добро, убаво беше објаснето дека е храна што е лесно достапна и не е скапа....и дека е храна што ја јадеш и ти одговара. И да добиеш план или храна што нема да ти се свиѓа слободно ќе ти направи измени.Многу е флексибилна и ништо со сила нема да те натера да јадиш . Јас па уште малку ќе помислам дека дошла конкуренцијата да "замрси " терен хахах
Се вознемирувате без потреба. Пред дваесет години кога не никнуваа нутриционисти ко печурки по дожд, мислевме дека оние кои работеа тогаш, даваа индивидуални програми. Сега (односно дваесет години подоцна) знаеме со сигурност дека тие режими се практично исти. Лагали су нас Споделувањето не е загрозување на ничија работа и труд. Особено што како што кажавте, програмите се индивидуални и не се повторуваат, значи би било неизводливо да се реплицираат. А и зашто некој би сакал да биде на режим што не е подготвен за него. Ако е така, ќе биде на Ун или Хроно ило Кето.