Океј дечки, полека. Програмите функционираат, постигнуваме резултати. Се кажа отприлика какви се програмите, се сподели и рецепт. Што е проблемот не ми е јасно, што ве вознемирува? Ако мислите дека џабе фрламе пари кога "можело и сами истото да го правиме", па наши пари трошиме не ви зедовме вас. Се претера. Ако сте на програма од нутриционист пишувајте, ако не барајте друга тема.
Јас лично не се вознемирив, само одговорив на некои коментари онака како што требаше да одговорам. Ако нутриционизмот беше една голема лага , тогаш стварно не знам зошто има факултет за нутрционозам??? Воопшто не очекувам дека кај рецимо 1000 клиентки ќе се потполно различни оброците кај секоја клиентка! Па луѓе храната е таа. Од прилика сите знаеме која е здрава храна. Умешноста е во комбинациите ,и секако најмногу во здравствената состојба и тоа што јадиш што не. На пример, тие што пијат лекови за висок притисок, наутро не смеат да пијат лимон . Тие што имаат висок холестерол ќе имаат поинаква исхрана од тие што се потполно здрави ,а сакаат само да ослабнат. Мене ова ми е прво искуство со нутриционист и јас не знам колку пати погоре повторив дека сум ПРЕЗАДОВОЛНА. Ако планот на исхрана ми беше премногу рестриктивен сто пати до сега ќе се откажев! Искрено,не сум карактер, а терам неколку месеци. И уживам во слабеењето за прв пат во мојот живот. Ако беше исхраната на база на месо, исто така сто пати ќе се откажев , бидејќи не јадам месо. Кога јас почнав , единствено споделено искуство тука беше на @angelalala . Ми кажа на кратко, тоа што ние во коментари истото па истото го вергламе и јас започнав кај Ирина. Моето позитивно искуство го пренесов и така се "наредија" позитивни искуства Како што има лоши доктори, така има и лоши нутриционисти. Како што има добри доктори така има и добри нутриционисти. Секако во темава е добредојдено секое позитивно искуство.Без разлика за кој нутриционист се работи.
@Кристина Хара секако ако си задоволна од постигнатото и најбитно од сѐ, не си го изгубила менталното здравје, тогаш не се оптеретувај што кој пишал на форум. Ти си ја нашла својата равенка. Мое лично мислење е колку повеќе нутриционисти, толку повеќе болни и дебели луѓе. Не е страшно да се сподели и режим, барем според мене.
Мое лично мислење, штом велиш нутриционистите го зголемуваат бројот на болни и дебели луѓе, не ти треба да гледаш/имаш режим од било кој од нив, ете ќе те разболат и ќе те здебелат.
Воопшто не е тоа смислата на моите зборови тоа, зошто имаш потреба да ги извртуваш? Сакав да кажам дека колку повеќе достапни информации имаме, толку полошо нѝ оди да си го зачуваме здравјето. Јас сум бивш спортист, професионалец, сум користела услуги од доктор кој специјализирал во полето на нутриционизмот. И не ми се потребни никакви други режими. Поентата е да се сподели информација која ќе биде од помош некому, а и да се "расчисти" малку маглата во однос на тоа кој е кадарен да работи како нутриционист, а кој работи за пари, затоа што се работи за здравје. Природно е да луѓето да бидат сомничави. Не знам зошто некому би пречеле точни, детални, искрено споделени мислења и искуства.
Пресреќна сум со резултатите. Денес официјално сум -8кг и -15см во стомак за месец и неколку дена. Сега сум на рамно и другото мерење треба да влезам во нова декада и двоцифрена бројка во минус да сум. Карантинските килограми одамна ги стопив, овие се сега другите што ми беа и претходно.
Здраво. Сакам да почнам кај Ирина ама прво да ве прашам вие што сте кај неа како го организирате спремањето оброци и одење на работа. Јас сум од 8-4 и незнам дали е изводливо да спремам од сабајле оброци, дали се брзи доручеците или џабе ќе уплаќам
Јас сум од 6:30 до 14:30 па успевам се што може од вечер спремам, освен ако имам омлет, станувам 10 мин. порано и го правам, или некој шејк со спанаќ евентуално. Се е брзинско, дури ни ручеците не се нешто да киснеш во кујна.
Пример за време од 8 часа работни би имала поручек и ужина а ручекот дома или ќе треба и ручек на работа
Оброците треба да ти се на максимум 3 часа растојание. Ама ништо нема да те фати повеќе од час време спремање, така да од вечер можиш да си спремаш за наредниот ден. Појадокот можиш и дома да го јадиш пред да одиш на работа, а ужинка и ручек да си носиш.
И јас ручам дома секогаш а посебно сега со коронава некако не ми иди да се распостелам на работа. Значи дека ако сакам дома да ручам да почнам покасно со поручекот. И уште едно прашање. Дали пред поручек може кафе чај нешто или има некој редослед што прво второ ...
Пред доручек прво мора детокс,па после некое време смееш кафе. Инаку јас некогаш ручам дома , некогаш на работа зависно од смена. А можете да ја замолите за време на работни денови да ви е полесна храната за спремање. Доручекот некогаш и на работа го спремам. Ужината не е проблем бидејќи е едноставна.
Moram da se probam. Ova mi e prv pat da mi treba pomos za slabeenje do pred nekoe vreme si bev slaba kako I cel zivot ama sega ova ne se trpi. Nemam mn kg za simnuvanje ama barem 6-7 pa ke vidime. Ke mi bide malku problem so organizacijata ama ke se snajdam. Utrata I sega mi se dinamicni dve deca gi spremam za gradinka pa sokovi se cedat sekoe utro pa trcanje ama toa e porano stanuvanje samo. Fala vi na site ke vi pisuvam kako odi Извинете сега видов дека е латиница. Не ми текна воопшто
Нема да ти биде проблем, ќе се снајдеш. Ако имаш некаква потреба ќе ѝ кажеш . Оброците се брзи за спремање , не верувам дека ќе имаш проблем. А мислам дека и домашните постепено ќе ти бараат да им зготвиш нешто од рецептите
И јас планирам да започнам со Ирина, само ме интересира дали ви дава точен детален план за исхрана за секој ден (пример денес ова за појадок, ужина, ручек итн.), или јас ќе можам да си комбинирам кој ден што сакам да јадам од оброците кои таа ќе ми ги посочи? Пред да се започне е потребна само крвна слика? Дали во планот има вклучено и вежби? Ја контактирате на фб/инста?
Таа ти дава детално секој ден од понеделник до недела, имаш три оброци и две ужинки. И да, смееш да менуваш ако нешто сакаш да јадиш што е во друг ден. Јас многу често менувам. Некогаш ако станам подоцна на пример правам нешто побрзо што се прави, или за ручек нешто што сакам да го потрошам побрзо менувам со нешто што можи да почека. Било кој оброк или ужинка можиш да смениш со друг ден. Крвна слика треба не постара од еден месец, план за вежби нема тоа е по твој избор ако сакаш да вежбаш. Лично јас на орбитрек вежбам и некогаш друга физичка активност. Можиш да ја контактираш каде сакаш, фб, инста, емаил, одговара во најбрз можен рок.