Јас ручекот и смутито не ги менувам , некогаш доручеци од предходни прогами што ептен ми се бендисаа и евентуално ужинка . Или за вечера ако ме мрзи да дробам салата ќе ја заменам со супа или нешто заменско што дава. Остава да комбинираш од тоа што ти дава,мада јас на почетокот стриктно се придржував на тоа како ми беше дадено. Вежби не дава ,јас тек сега почнав со некоја физичка активност.
Знам дека е индивидуално слабеењето кај секого ама е интересира колку килограми намаливте и дали во обем се слабее повеќе.
Инаку јас кога сум прва смена на работа, дома пред да излезам го пијам детоксот. Кога ќе стигнам на работа пијам кафе и околу 10 часот доручкувам, околу 12 и 30 или 13 часот јадам ужинка и после дома ручам.
Јас малце повеќе во обем него во килограми,со оглед на тоа дела првите два килограми се губење течности. Ова без физичка активност.
Значи нема ограничувања во време од до кога да биде доручекот . И мене така ке ми одговара повеќе да поручам на работа и ужина а дома ручек. Сигурно после детоксот не се јаде или пие нешто веднаш туку по некој час.
Здраво. Мене ме интересира колку од прилика се слабее во тие три недели или тоа е индивидуално? И доколку сакаме одреден дел од телото да намалиме дали составува и таков режим?
Нема временско ограничување во смисла во колку часот да јадиш, а инаку оброците треба да се на максимум 3 часа растојание.
Слабеењето е индивидуална работа. И да држиш пример кето или хроно диета,на секој различно ќе делува. Зависи и од метаболизмот,и од физичката активност како и од здравствената состојба. А дали прави исхрана за слабеење на одреден дел не знам. Најдобро да ја прашаш, макар што мислам дека за да ослабнеш одреден дел од телото поефикасно е да имаш физичка активност насочена кон тој дел
Јас за месец дена 8 килограми намалив и 15 сантиметри во стомак. Ама имам повеќе за симнување и затоа побрзо симнувам. Индивидуално е, зависи колку вишок имате и каков ви е метаболизмот.
Јас симнав 5кг за месец и некако ко да не беше задоволна. Јас па баш сметам дека 5кг месечно е ок, не знам зошто така
Супер резултати имате браво. За тоа така е колку повеќе вишок побрзо се симнуваат ама и 5 е многу некако за месец. Јас со 5 ќе бидам презадоволна само битно ми е и да е здраво слабеење а за здраво сметаат повеќето 3 килограми демек да не се прави шок на организмот колку побрзо губиш побрзо ги враќаш. Побитен ми е обемот мене некако килограми и две нека се ама да се топиме. Марија Соколоска ја следам и чуда стварно прави за две недели ама скоро кај сите пишува обем стопен. Тоа некако не ми е јасно. Само цената и е превисока за наш стандард .
Јас слабеев на почеток по 3 кг-4кг месечно, а имав за симнување десетина килограми до онака идеална тежина .Сега , нормално,како се ближам до посакуваната килажа оди побавно ама си терам без проблем овој начин на исхрана ептен ми се погоди и не ми е никаков терет
Таман си е 5 ако имаш повеќе вишок. Не може исто да симнуваме и тие со помала и поголема тежина. А отприлика по колку програми уплаќате или до посакуваната тежина и што потоа треба да се применува тој начин на исхрана или само да внимаваме на исхрана.
Јас уплатив 4 ,сега ги ротирам на ново.Плус имам и детокс програма,ама сеуште ја немам држено. Таа програма е за еднонеделна детоксикација. Планирам да си терам со програмите додека не се направам манекенка хахаха се зезам. Додека не стасам до посакуваната тежина,па после планирам слично да се хранам бидејќи ептен храната ми одговара.
Девојки вие што сте кај Ирина на програм во групата нејзина пишав пред некое време. Јас сум искрено презадоволна, споделив и сликички. Ајде и вие споделете,не срамете се.