Бубаче колку ослабе со Ирина и колкав период ? Јас прееска и пишав добив мотивација од што ве читав тука. Чекам да ми пише
[QUOTE="Fillia I jas isto cekam da mi napravi program pa vo ponedelnik da pocnam, tuka gledam mn e falena Irina pa da vidime
После милион испробани диети и никаков успех, конечно можам да кажам дека сум презадоволна. Препорачувам 10/10.
Можеш ли да образложиш? Што зошто како? Какви се резултатите? Што јадеше, колку време беше на режим и слично.
А цената? Со оглед натоа што планот е тримесечен? А и што јадеше, каква храна, има ли многу за готвење?
Членките на форумов обично бараат лично искуство, за опис на страниците од нутриционистите секој има.
Јас ќе ви споделам кога ќе завршат 3 недели. Инаку се придржувам 100%.Вага кујнска купив пред 5 год.во фиока стоеше сега со елан си ја користам. Инаку јас почнав со 80кг пред не цела недела. Си дадов некој рок ...до јуни...јули со Ирина до 65 да стигнам или барем до 69.99
Воопшто не беше тоа моја цел, можеш да ми разгледаш и мислења колку сум пишувала во темите за диети и сум се мачела да ослабам, конечно девојката која работи во центарот за нутриционизам ме доведе во ред, па затоа и дадов пофалба ставив скрин од нивната објава на фб за да прочитате “официјално” што пишува на нивната страна за да биде појасно, не можам се тоа со мои зборови а секако сега ќе споделам и лично искуство, не мора одма напаѓање Целиот режим е 3 месеци, првиот месец се плаќа 1500 денари, другите два по 1000 денари. Јас сум веќе трета недела, и ослабена 5кг. И да напоменам, здраво слабеење. На нивната страна има примери од многу девојки. Исхраната ја прават после крвна слика, а самото мени го изработуваат после “интервју” со тебе, односно опис на дневно мени, алергии, храна која ја избегнуваш, омилена храна, распоред на дневни обврски, време и услови за готвење итн. Даваат и вежби кои секако помагаат. Не би давала детали околу мојата исхрана сепак се наплаќа за тоа, но секако е прилагодена според тоа што јадам и како студент можам да готвам. Има овошје, зеленчук, месо, риба, каши, полесна храна. Доколку имаш и други прашања секако можам да помогнам
Доволно е дискутирано на темата дека никој никому нема да побара програма од три месеци тука да ја прераскаже, ама не знам дали сфаќате дека ако се работи за индивидуален режим, тогаш поентата на прашањата е едноставна, дали се вклопува во она што е нормален живот. Секако ако ти имаш риба, а јас не јадам риба, не ми користи програмата во смисла да ја "украдам" или "реплицирам" туку да разберам дали е изводлива. Ама ако јадам риба а ти ми кажеш имам риба од слатководните води од поточето на Западните Инди и го има само во три кооперации у јужно Скопје и чини хухухуху златници и три дена се масира со илјада тревки набрани од подножјето на Баба, па после три дена се пече на сонце до пладне, ќе ми биде јасно дека тој режим не е за мене. Карикирам хард кор, ама ги разбирате прашањата и разбирате кои се потешкотиите кои сите ги имаат кога се на режим (цената, достапноста на храната, готвењето и дали цел божји ден треба да се помине во готвење и јадење) и упорно давате банални одговори "не сакам да споделувам, не е фер" и слично. Овошје, зеленчук, риба, месо и онака јадеме секој ден. Не помагаат такви одговори. Се извинувам за долгиот пост, ама цела тема личи на тоа дека некој некого фали ако е задоволен и се жали ако не е, ретко конкретна насока или објаснување зошто и како.
7 кила за два месеци како ви се чинат. Една недела не сум на програма ама уште се топам и сега од утре ќе се вратам на првата програма.
Еве еден пример каде не е "откриен" режимот од нутриционист, но убаво е објаснето каков е принципот на исхрана, доволно кажано за некој да се одлучи дали би започнал со режимот или не. Им пишав и на Ирина и на Нутриција, можам да кажам само дека Ирина беше многу пољубезна и подетална во објаснувањето за тоа што нуди, останува уште да се одлучам кога да почнам