Здраво! ве следам и читам па решив да споделам мое искуство. Започнав со режим на исхрана кај Емилија Мојсовска Спасовка, веќе сум 5 недела , се чуствувам супер и храната која ја дава не е воопшто тешка за спремање и се е ок..е сега моето слабеење не оди така брзо, иако на обем многу намалив ама кг не..Мојот проблем е врзан со ниско железо. 2,7 ми е моментално! Иако во исхраната има додатоци за железо , цела исхрана е богата со железо јас не успеав да ослабам и затоа сега со апчиња за железо дадени од матичната и со исхраната очекувам да ми се подобри ситуацијата. Сакав само да споделам дека по прележаниот ковид резервите на железо драстично ми се намалија (после 4 месеца прележан ковид, а претходно беа ок според крвна слика правена секој месецв) и со тоа организмот толку е истрошен да не може да слабее затао што нешто блокира, се додека се бори за некој баланс... Јадете здарво и само упорно!!!
Zemi med so seme od kopriva, i pij po 2 casi kakao na den. Lekja, dziger,spanak vo golemi kolicini..pozdrav
Се ова користам, маџун со семе од коприва, чај од коприва, и плус зрна какао..ќе се подобри..баш ќе пишам резултати за некое време..
Што и да користиш за железо (пр. Мед и семе од коприва) додади и лимон т.е витамин Ц за да може железото да се врзи за организамот бидејки во спротивно ти го внесуваш и како такво се изнесува од организамот не се врзува. Ова ми беше совет од матичната кога бев бремена имав слабо железо. Се што и да коростиш на прифодна база се треба да го комбинираш со вит. Ц
Недела и пол како не сум на програма, сеуште се топам. Комбинирам храна,навечер не вечерам пијам само една чаша јогурт. Инаку симнав баеги.
Кај мене има ефект, само на првата програма строго одев по ред, со другиве комбинирам и пак имам резултати. Мене ми нагласи уште на почетокот дека смеам било кој оброк или ужинка да ја заменам со друг од друг ден.
Јас сум веќе една недела на втора програма, после првата изгубив скоро -4кг. Ми се допаѓа што јадењата се скоро по личен избор и се што е на менито ми се допаѓа и ми е забавно да припремам. Со овој начин на исхрана се чувствувам супер, имам повеќе енергија од претходно. Ме интересира тие што сте на програма, дали ви се случило да прекршите некој оброк или 'чит мил' ?
ScoutGirl на програма беше кај Ирина така ? Па супер имаш намалено за 3 недели. Јас имав многу обврски изминативе недели ама од понеделник планирам да и пишам на Ирина. Освен килограми вие што сте кај Ирина како сте задоволни од слабеенје во обем дали имате намалено и тука
Да, кај Ирина.Јас сум задоволна и во обем, дури мислам дека и повеќе во обем отколку на килажа. Не мерам точно обем, но гледам по облеката има разлика доволно голема за период од три недели. Искрено сум била на програма кај повеќе нутриционисти, но секогаш поради типот на храна сум се чуствувала како да сум под казна и секое слабеење било краткорочно. Кај Ирина е навистина различно, сеуште е рано..но ми изгледа одржливо .секоја чест за девојката.
Да, и во обем бајаги имам симнато. Се познава по алиштата најмногу, веќе не се залепени на мене, и тие што почнуваа да ме стегаат сега ми се точни. Во стомак 21см имам симнато досега.
Не, ама планирам. Оваа веќе ептен лабаво ми стои, особено фармерки. А и од пижамите долните едвај се крепат, ќе почнат да паѓаат скроз.