Девојченца 23 ден со програма од Ирина -4 кг До сега одам строго по пишаното. Храната ја мерам на вага се освен салатите. До сега само отстапив x2 пати се напив кафе со млеко и тоа преку сила 10мл.беше. Јас сум супер задоволна дури не ми се верува дека не сум гладна и дека слабеам.
Ја добив програмата од Ирина денес и почнувам од недела. Само не ми е јасно ако се оброците на три часа кога е најдобро да се земе ужината, пример по колку време од поручек или ручек. Ќе ве известувам за резултати одвај чекам да почнам.
За млекото мене ми кажа дека ако е во мала количина ( пример во кафе) и ако мене не ми прави проблем во стомак, тогаш не е стварно проблем
Се зависи од твојата желба за поминување време во кујна. Јас сакам да спремам. Иако генерално, освен ручекот што одзима малце повеќе време, другото е се на брзакис.
Да ве прашам девојки уште дали месото во грамови го мерите пред да го спремата мислам живо или зготвено. Почнувам утре набавив се што ми треба па да видиме. Мислам дека исхраната е супер лесно се спрема јас планирам тоа што ми е за ручек да го спремам и за семејството дома
Здраво женски, дали некоја од вас можеби била кај нутриционист или има некаква диета за полицистични јајници и инсулинска резистенција?
Здраво. Дали некоја од вас има искуство за диета и слабеење со отстранета жолчка? Која диета имала ефект...некако Хроно не ми одговара..
Јас немам жолчка Хроно и мене не ми се свиѓаше. Сама си правам што ми одговара, повеќе протеини, овојшје скоро ич, и зеленчук да
Девојки како сте како ви оди? Мене денес ми е 6 ден, немам намалено сеуште ништо незнам оти. Инаку задоволна сум од програмата на Ирина оброците се супер само уште ефектот да го видам. Може па рано е незнам. Вие кога ги видовте првите резултати.
Мене денес ми е точно 1 месец. Утре од сабајле ќе се мерам и ќе пишам до кај сум. Почнав со 80кг. Кај мене има разултати и јас се осеќам самата. 6 дена е краток период...може имаш малку за симнување па ти треба повеќе време за да покаже резултат...може си околу циклус и тогаш знае да си стои во место килажа или пак може грешиш со мерките(битно е да мериш точно) Секако можеш со Ирина да се советуваш ако и после уште некое време нема напредок...
Скоро 3 месеци сум кај Ирина и досега -13кг. Први резултати видов после една недела (-2кг) ама побрзо симнувам дека имам повеќе вишок. Ако немаш многу за симнување ништо чудно што немаш уште резултати, но ќе видиш наскоро. Ако нема секогаш можиш да се консултираш со неа и ќе ти смени нешто. Еве пример претпоследната недела немав резултат, малку стагнирав и ѝ кажав, кога ми даде нова програма по една недела одма -1.5кг и покрај тоа што сум во циклус.
Па да знам дека е крсток период ама пак барем некој грам да беше Имам малку за симнување исто некои 5-6 кг. Секако треба да и пишам по истекот на една недела за први резултати па да видиме може ќе смени нешто. Битно се чуствувам сита немам потреба од благо или грицки и воопшто не чуствувам како да сум на програма.