Дека малку имаш за симнување затоа така. Јас со вишок од 10-15 кг почнав Денес сум со скоро 5кг - после 1 месец.
Ne ne se gubi ic vreme vo spremanjeto na obroci i prevkusni se mozam da kazam .Inace da bara krvna slika a naplaka 1500 den za 4 nedeli plan na ishrana
Здраво на сите Сакам да прашам дали некој има искуство или познавате некоја жена која била/е доилка а ослабнела со помош на мени од нутриционист? Ми треба препорака за нутриционист што работи и има искуство со доилки. Фала ви на сите. Поздрав ❤️
Ја имам прашано Клаудија, таа работи онлајн само со здрава исхрана и вежби. Месечно цената е 8000 ден. Како што гледам по слики има одлични резултати!
Не, не вкупно до сега. Од детокс кило и нешто само, ама јас сум пред циклус за 3 дена ќе добијам така да не ми е веродостојна килажата сега. Во обем сум многу. После 3та програма ќе ставам слики. Денес ја почнувам бр.3. П.с му реков на маж ми да ми ја сокрие вагата
Здраво девојки, Да ви кажам дека апсолутно првпат се регистрирам на форум, ама со вашите коментари за Ирина ме поттикнавте и јас да си кажам мислење, а секако и за бодрење. Висока сум 177cm, тежина околу 100kg. Бев нормално слаба, но последниве 4 години тотално се запустив и килажата само се зголемуваше, а особено од лани откако почна пандемијата и се тоа си го направи своето. Досега не сум била на некој режим или диета, ниту сум посетувала теретана. Освен лани, го земав предизвикот од Ана Стојанова и беа пари потрошени во воздух. Исхраната беше прилично скапа за да се водам по неа, особено со оглед на тоа дека живеам со моите и нормално, исхраната гледаме да ни е приспособена нормално на сите, а не јас да трошам дупло пари само за мене. Вежбите како вежби, можеби беа ок, но интензитетот не ми одговораше воопшто. За мене како почетник беа претешки, а некои не ни можев воопшто да ги правам, затоа што имам дискус хернија, која одвреме - навреме се активира и имам болки во кичмата. Башка, некако и досадно ми делуваа, истите 5 работи, шознам. Мотивацијата која ја добив од неа беше непостоечка. Разбирам дека не може на сите индивидуално да им се посвети, ама не е ни поентата само да имаш голема група од околу 1000 девојки, а да комуницираш со едвај 10 од нив поконкретно. Сега повторно решив да најдам соодветно решение за мене, со оглед дека ми е полесно кога некој ме води. Гуглав фитнес тренери и нутриционисти подолго време и така наидов на форумов. Коментарите за Ирина ми се допаднаа многу и ми се допадна поддршката што сте си ја давале. Епа, ја исконтактирав Ирина и следна недела почнувам со програмата, ама првиот впечаток е дека има предобар однос. Девојката не ја знам, ама веднаш ја осетив како блиска другарка и дефинитивно ми се допаѓа тоа. Одвај чекам да го видам менито и да ви пишувам како ќе терам. Имам околу 25kg за губење, па се надевам првите резултати ќе бидат побрзо, за дополнителна мотивација. Тоа е тоа, сори на есејов, ама ајде ко за сефте на форум, добро е. ) Поздрав!