Само храбро напред. Јас симнав 10 кг за 2 месеци со Ирина а не ни осетив нешто специјално напори. Многу пати јадењата ги прилагодив и за маж ми (дупли порции хаххаххаха) Така да сигурно ќе можеш и ти да се уклопиш со твоите. По мене најбитно е да имаш вага....јас се мерам до грам и затоа ми е резултатот прилично добар. Кога почнав си дадов рок до август 6ка да видам како прва цифра еве го јуни и само пола кг ме дели од 6ка. Секое добро и што повеќе симнати кг
Си го сторила правилниот избор. Ирина дава многу нормални а и вкусни јадења, не млеко од пиле или некои што не се карактеристични за нашето поднебје или многу скапи. Кога пазарам за нова програма од 3 недели, ако претходно сѐ сум потрошила, ме фаќа скоро 1000ка. Не се имам мерено на вага во последно, но имам околу 15 симнато секако. Баш пред некој ден ги пробував кратките панталони од лани кога ми беа скроз стегнати на мене, сега ми се лабави. Ти посакувам среќа.
Имаш поддршка и од мене. И јас почнав кај Ирина со 3 цифри за 4 месеци намалив 14кг. Со неколку дена прекршување околу Велигден и родендени. Јас сум презадоволна, верувам дека и ти ќе бидеш
Може ли некој да ми каже искуство за кај Ирина со хипо/хашимото? И многу ли време е потребно за да се спремат оброците?
Ме интересира дали е потребно многу време за подготовка на храната, дали е специфична исхрана и дали лица со хипо/хашимото имале резултати кај Ирина?
Јас сум со таа дијагноза, 10 кг симнав за два месеци. Почнав со 80 сега имам 70 Крвната слика ми се подобри, хормоните ми се супер.За недела дена почнувам следна програма.Како што кажав лесно се спремаат оброците, исхраната е од наше поднебје не е скапа.
Девојки, јас почнав од понеделникот. Мислам дека е рано за резултати физички, ама се осеќам многу добро и полно со енергија во текот на целиот ден. Оброците се стварно лесни за спремање и воопшто не осеќам глад, дури и вечерата досега не успеав да ја јадам, затоа што сум презаситена од ужината. Мерам се по мерка и гледам да се на 3 часа оброците +/- половина час. Сега ќе имам проблем, оти недела дена нема да бидам дома, па најверојатно ќе има стагнација месецов поради таа недела, ама ќе видиме. Фала ви на сите што ми пишавте ❤️
Дали 5,5 кг за 6 недели се малку кг да се симнат? мојот нутри вчера на контрола разочаран бил од резултатот. се демпотивирав некако а супер бев тргната. вкупно имам уште 8 за симнување
Од она што сум го читала, идеално/препорачливо е седмично да се губи (0.4-0.8 )%, максимум 1% од твојата тежина. Тоа значи дека кога би била 100 кила, максимум е препорачливо да губиш 1 кило седмично. Ако имаш помала тежина, тој процент ќе се преведи и како помала тежина што би ја губела (пример, ако тежината ти е сега 50 кила, препорачливо ќе е да губиш максимум пола кило седмично). Се разбира, ти можеш да губиш и повеќе, но ова се смета за одржливо, т.е. дека повеќе ќе си истрајна со слабеењето вака, отколку наеднаш да изгубиш преголема тежина и потоа да не можеш да ја одржиш затоа што јадеш премалку и си гладна. Согласно ова, иако не ти ја знам тежината, мене ми звучи како да си отприлика во тие граници и дека тоа што си изгубила не е малку, туку таман.
Јас од кога се породив имав промена на метаболизам затоа и побарав помош стручна. успеав сама да намалам 10 кг. но плус 14 од тие имав вишок и реков да убрзам да видам кај грешам. почнав и јхас сметам дека е ок вака бавно но славно што би рекле но ми вели сигурно нешто плус јадиш и резултира со ваков резултат ... а се убивам и од вежбање иако во неговата исхрана нема задолжително...
Имај предвид дека со слабеењето се забавува метаболизмот, а со тоа и трошењето на калориите што ги внесуваш. На пример, да речеме дека 1800 дневно се калориите при кои одржуваш тежина. Намалуваш на 1400 калории дневно за да губиш тежина и тоа се случува, но по одредено време метаболизмот забавува, т.е. троши помалку калории и сега 1400 калории ти се калориите при кои одржуваш тежина. За да слабееш уште ќе треба уште да ги намалуваш калориите кои ги внесуваш. Затоа и премногу рестриктивните диети (внесување на премалку калории од старт) не се препорачливи, затоа што ќе дојдеш до момент каде што ќе треба да внесуваш премалку калории за да слабееш, а ќе си гладна и нема да можеш да живееш со тоа темпо. Претпоставувам дека ти откако си ослабела 10 кила со помалку внесување на храна (помалку калории), си стигнала до плато, т.е. со истото јадење не си слабеела, туку само си одржувала тежина пред да одиш кај нутриционист. За да си слабеела уште требало и помалку калории да внесуваш, што како што кажав е проблем ако веќе малку си внесувала за да ги изгубиш тие 10 кила. Во секој случај, како што кажав, согласно логиката погоре што ја пишав, мене ми звучи како да си таман со моменталното губење на тежина, а моментот кога ќе увидиш дека стагнираш или ќе треба да намалиш на калориите или многу да зголемиш на вежбањето...
Еве и јас се придржувам да ја пофалам Ирина. Пред точно една година ми направи план според крвната слика, за пет недели успеав да симнам 5-6 кг. и дојдов до посакуваната тежина од 65 кг. Планот беше супер, ништо претерано, нормално јадење, а не како една србинка што ми даде рецепти за 18 дена со намирници што никогаш не сум ги консумирала… Бидејќи не внимавав, многу јадев, па имав и неушпешна бременост во меѓувреме, успеав да ги вратам килограмите дури и дупло да качам. Минатиот понеделник почнав пак на истата програма од лани. До денеска симнав 1кг. Овој пат сум решена да одам до 60 кг. Моментални имам 73кг. По со среќа и на мене и на сите што сакаат да ослабат.
Девојки искуство да не има некоја со Ивица Јанев? Гледам има трансформации, но би сакала некоја да сподели лично искуство? https://www.facebook.com/icebbf86/