Дали е нормално два месеци со ред ( сега бев на контрола и за трет месец пак истото )ја имам истата исхрана од нутри само пример манџите за ручек ми ги менува и тоа не е нешто кузнај каква замена? доручек, ужини , вечери ,се скроз исто?
Калориски дефицит може не правиш мене Ирина со секоја следна програма ми намалува количина и ја регулира според новата килажа,или пак ако види дека стојам со кг ми прави измени на сред програма.
Која е таа Ирина, пуштете линк ако може. А што мислите за Емилија Спасовска Мојсовски? Имам пријатели што биле кај неа и се мн задоволни.
прашувам искуства оти кога бев на мерење на месец и пол имав намалено 5,5 кг.тој не беше задоволен од мене мисли дека јадам а јас се убивам плус од вежбање. кај други има огромни резултати а кај мене било мизерија. јас кај него отидов оти сама успеав да скинам 10 кг и ми останаа уште 15 и никако сама не успеав да ги кинам. и имам сега уште 10 за кинење ама он ме демотивира некако и плус гледам дека стојам во место.плаќам програма насекое со се исто само минимално во маџите изменето. тоа не ми беше јасно...
Не знам што би ти кажала....можеби треба да појдеш кај друг нутриционист... Не е ок да те демотивира, баш тој би требал да то даде поголем мотив
Јас не јадам риба. До сега имам 4 програми секоја е различна. Во последнава имам еднаш пилешко и еднаш свинско. Во претходната имав телешко свинско и пилешко. Буквално секоја програма е различна. Ако сакаш повеќе или помалку месо ќе кажеш, ќе ти го прилагоди менито.
Каде може да се учи за нутриционист, имате ли контакт од некој? Зборувам за вистинско научено знаење, не некој курс од 2,3 недели.
Секоја програма различно, но има. Во оваа сега имам два пати пилешко. Претходно ми давала свинско, телешко, риба. 2-3 пати неделно отприлика секако ми дава месо.
Само сакам да прашам зашто кога се плаќа програма кај нутриционист никој не објаснува што, како и со што се комбинира а со што не, некој пати ако каснеш нешто несвесно барем да знаеш дали е ок или не и дали би предизвикало стагнација, само им објаснуваш што јадеш, што не јадеш, им пракаш крвна слика тие ти праќаат мени и толку. Сепак мислам дека треба и тоа да го објаснат
За да те држат подолго... Реално, треба да те научи како сама да се храниш здраво и како да стекнеш таква навика...
Не си добро сватила што сакав да кажам, затоа продолжи да мудруваш. Инаку и во Штип има, можеш да се запишеш ако си заинтересирана
Не ја свативте суштината на постот, но како и да е. Постот се однесуваше на тоа дека нутриционистите веќе кога ќе платиш програма кај нив треба малку и да те насочат кон самата суштина на здрава исхрана т.е дека за да се постигнат резултати не треба да се мешаат протеини со јаглехидрати, протеини со скроб, јаглехидрати со шеќери, два различни протеини, скроб и шеќер итн. Таа беше суштината на прашањето, но очигледно не свативте.