Девојче во македонскиот литературен јазик не постои " не си добро сватила" ... научи да се изразуваш како што треба,па после осуди се да се исмеваш и расправаш!
Малку тригер ми е некој коа ќе спомне здрава храна па неможам да преќутам. Па искрено да ти кажам, нутриционист ако ми каже дека ова немешањето што го наброја е здрава храна, ќе станам ќе му ги зеам сите пари и ќе му ја дупнам дипломата од глава, ако има диплома... Има разлика од здрава храна за здрав човек, и здрава храна за човек со здравствени проблеми. Здрава храна за здрав човек е храна во која ќе има што повеќе макро и микро нутриенти.
@Healthy.girl Замисли со мешање ослабев ,не вратив килажа , крвната слика никогаш не ми била подобра! И да, со помош на мојата нутриционистка научив што ми одговара,што не и замисли не добив само програма за слабеење туку и совети. И најважно од сѐ е што си го сменав начинот на исхрана. И не сум заинтересирана да завршам уште еден факултет зошто ти кога си гугала јас веќе дипломирав!
Како тоа не смее мешање? Па не треба ни да си нутриционист за да знаеш дека здравата храна се состои од јаглехидрати, протеини и масти во оброците. Зеленчук неограничено во салати, овошје како ужинка. Можеби одредени намирници навистина подобро е да не ги мешаш, ама еве вчера за појадок имав двопек, домати и варено јајце. Како ова би било штетно? Поздраво да не ќе беше само јајцето да го изедев и ништо друго? Инаку добрите нутриционисти секогаш се отворени за прашања ако имаш и секогаш би ти дале совет ако ти треба. Не е само размена на програми и пари и водење евиденција за резултатите.
Здраво девојки, дали може да ми кажете вие што сте кај Ирина колку отприлика слабеете неделно и со колку вишок сте? Мене ми е денеска трет ден од прва програма, ама се надевам до средина септември дека ќе ослабам 15кг, толку и имам вишок. Дури и Ирина ми рече ако се придржувам ќе успеам. Знам дека се е индивидуално и секое тело, организам е различен, ама да споделиме искуства, добредојдена ќе ми е плус мотивација
Јас сла Јас слабеев по 0.5 до 1 кг, зависно од програмата ,која недела ми беше и секако колку се придружував. Сето тоа беше во период на зима,кога не бев физички активна и плус имаше и рестрикции поради коронава. Не вратив воопшто и сега се исхранувам по програмите бидејќи ми одговараат многу
Јас искрено сега за сега ептен се придржувам (4 дена ), се мерам на вага мала, ама и избегнувам вечера, немам веќе кога да ја изедам. Понеделникот почнав со 84.900 сабајлево се мерам 81.800. Да не се залетам па да стагнирам ми е , ма да имам многу вишок, до 70 да стигнам сакам. А физички активна не сум многу за жал од здравствени причини, ќе можам повеќе здравје од август
Од почетокот до сега (5 месеци) 18кг. симнати кај Ирина. На почетокот губев по 2 кг неделно, сега отприлика по 0.5-1кг. Еднаш имав стагнација но брзо се реши. Одам понатаму, има уште до целта. П.С. ме собра во два броја помали фармерки.
Леле браво, а вежбаш плус ? И колку програми вкупно имаш земено до сега за 5 месеци ? Супер резултат, само напред
Исто сме. Од февруари сум јас, 18кг. мањак ама имав и доста прекршоци, Велигден, веридби, родендени. Задоволна сум си ептен.
Последно време немам вежбано, ама планирам. Мислам дека 6та програма ми е оваа сега. Ти благодарам. Исто и јас имам прекршоци, од време на време поминува по некоја пица и сладолед.
И јас сум кај Ирина. Мене ми е 4та програма 12кг во минус.Со тоа што мене целта ми е здрава исхрана не слабеење (и тоа ама тоа ми е на 2 место) Заради други вродени здравствени проблеми имам програма наменета за тоа. Јас бев XL свекрва ми вчера решила да ми купи блуза М и точна ми е меѓудругото М не сум облекла од 7мо одделение а идам накај 30че П.С: Свеки доби + бодови за М
Здраво девојки! веќе една недела сум на програма кај Ирина, еве денес ја почнувам втората недела, но досега немам никакви резултати, ниту во обем, ниту кг. Како што читам на форумов, кај сите има по некој резултат, барем пола кг во првата недела. Ако има некој вакво искуство нека сподели. Фала
Ако немаш многу за симнување нормално е. Ама следи и понатаму, ако уште има стагнација пиши ѝ на Ирина ќе ти смени во менито. Ми се случи и мене да стагнирам 1-2 недели, па со следната програма се реши тоа. Исто така и ако си пред циклус нормално е да немаш изгубено, тогаш телото многу вода насобира.
Здравоо, како што ти кажа и другата членка, ако немаш многу вишок, нормално е, или ако си пред/во циклус, покажува дури и плус вага. Јас лично со 15кг вишок почнав, понеделник ќе пишам колку има разлика за точно една недела. Плус мери се со исти алишта и на вага и обемот (најубаво по долна облека само и насабајле). Доколку две недели цели немаш ништо резултат, извести ја Ирина, би требало да ти замени нешто во менито. Среќноо.
Јас со моите 62 кг на првото мерење бев -2кг и -8см во обем... гледам да се придржувам до програмата меѓутоа имам и пропусти како на пример пијам кафе со шеќер ама еве и покрај тоа имам резултат. Најдобро направи консултација за да видите каде е проблемот..
Ако ти кажала така да, ама сите тука мислам дека ја известуваме неделно. Ти треба да ѝ пишиш, оти таа тешко дека следи за сите кога треба.
Пиши и обавезно, јас сабајлево и пишав за мерење од една недела (од 84.9 на 80.9 имав резултат), рече супер е, плус замена си побарав за еден оброк кај што се осетив ептен гладна, веднаш ми замени, пишувај и се слободно