Здраво нова сум на форумот и собирам информации за режим на исхрана од нутриционист пошо во план сум да пробам најмногу ради полицистични јајници. Дали некоја имала искуства и дали начинот на исхрана би помогнал? Друго видов погоре напишано од некоја од вас доручен во 9, ужина во 12 воглавно јадење на секои 3 саати е кај мене тоа ќе е проблем пошо ја на работа не можам да користам толку паузи за јадење , а уште помалце спремање на храна и дали кај сите мора да е тој период на јадење или може да има прескокнувања. Воглавно не секогаш ама понекогаш користам автофагија 16 часа гладување, а 8 часа јадење. Фала ви однапред па здравје гледам добри искуства за Ирина може ќе ја контактирам.
Здравоо. Мислам дека Ирина ќе ти направи исклучок за времето на јадење, а и во врска со полицистичните јајници консултирај се, бидејќи и јас сум со тоа и со плус инсулинска резистентност ама еве ми оди супер, втора недела сум на програма, она знае се за мене, сепак е дипломиран нутриционист, не е одена само на некој курс или слично. За времето и јас не го почитувам многу многу, едноставно неможам да јадам на 3 часа или помалку, не осеќам глад на толку кратко време, е сега не знам што би ти кажала за автофагијата, бидејќи мене со тоа не ми успевало порано да намалам кг а знам и зошто, калориски дефицит (вчера оброк имав во 11 вечер, еве ме сабајлево во минус). Поздрав, се надевам ќе се одлучиш за некого.
Хај девојки ❤️ Само да споделам дека после првата програма кај Ирина сум - 4кг и - 5cm во обем на стомакот. Првата недела ја поминав многу лесно и без ниеден прекршок, но потоа почнаа многу обврски, излегувања, патувања и имав малку проблем да се водам точно според програмата, ама сепак внимавав тоа што јадев да го има било кој ден од програмата. Сега земав и втора програма и ќе видам и после неа како ќе ми биде, а од следен месец вклучувам и вежбање. Се мислев за ЕМС тренинзи, па доколку има некој искуство со нив, ве молам споделете. Или општо за вежбање каде, по можност да е во групи, не онлајн. ПС - Би рекла дека вкупна цел ми е - 20кг, па се надевам до декември ќе успеам. Поздрав ❤️
Здраво,читајќи ве се мислам и јас да почнам со програмите на Ирина,па сакам да ве прашам затоа што гледам дека и смутиња дава за оброк,а јас дома немам блендер дали тоа ќе претставува проблем?
Обично смути се што е, е овошје и овесни, до сега кај мене, за тоа баш и немора блендер, ќе си го јадеш така, со лажица. Е сега не знам за детокс смутито, некако со нешто да се снајдеш бидејќи за него треба блендер, или пак кажи и па може ќе ти даде друга алтернатива тебе, верувам ќе се договорите некако
Гледам дека има доста нови членки на форумов што се задоволни од кај Ирина. Мило ми е што се успешни препораките
Супер е Ирина богами, ама јас со залетот мој имам проблем Првата програма ослабев 7кг за 3 недели, сега втората еве ја терам ама стојам на 78.2, апсолутно ни 100гр се немам поместено, ако има некој вакво искуство, нека кажува да не губам мотивација
Не знам каква ти е програмата, знаеш дека стагнација не е невообичаена. Мене ми помага повеќе вода (3 л.), повеќе движење (не билдање, фитнеси, туку баш движење, пешачење, поминувам и 15+ км) и повеќе протеини, а помалку сѐ друго. И секако консултирај се со нутриционистот, таа треба да знаеш што да прави за килажата да се намалува константно или приближно константно. Ако не знае, ќе ја смениш и е најдеш некој што знае.
Јас пијам доста вода, може 4-5л на ден, е сега не знам дали не ми одговара некоја храна или едноставно не сум во дефицит со оваа програма, бидејќи не можам да се движам и вежбам поради оперативен зафат барем уште еден месец, а претходната програма супер ми одговараше, за 3 недели 7кг симнав. Ама ќе се консултирам како и да е, фала ти
Да не ти се 4-5 л. многу? Пази бубрезите да не ги оптеретиш премногу и да си направиш проблем таму каде што го нема. Не смееш ни да пешачиш? Обично шетање? Ако не смееш ни тоа, тогаш евентуално калориите да ги минимизираш, друго не знам што би ти помогнало. Тие 7 кг. биле веројатно вода, затоа и побрзо си спласнала. Во просек, здрав човек би требало да може да симне 2-4кг. месечно без проблеми. Мислам дека кога ќе ти заврши целосно програмата, ако ти е на три недели, значи после три недели, тогаш ќе имаш дефинитивно увид дали имаш застој или не. Искрено, мислам дека е нереално да очекуваш со секоја програма да симнуваш 6-7 кила. И во обем мери се, и тоа е битно.
Можам да пешачам и пешачам ама не смеам да дојдам до замор, затоа и велам тоа не е ништо, лесна прошетка апсолутно не е ништо. Не се надевам на 6-7кг пак, затоа што знам првите се вода и најлесно си одат, ама еве 5ти ден од нова програма, 100гр минус да бев ќе беше супер, ама ќе чекам до понеделник да заокружам 7 дена па ќе и пишам на нутриционисткава. А за водата, предијабетичар сум, инсулинска резистенција имам, нонстоп се осеќам жедна... сите ми велат дека многу вода пијам и знам дека е многу, со едно кафе знам цело шише 1.5л да го испијам, ама осеќам константна потреба за вода.
Пешачењето не е ништо, просекот со обично пешачење како кога идеш на пазар е 200-300 калории за саат и не е незанемарливо. За водата не знам што да ти кажам, најубаво со доктор да сд консултираш. Нутриционистот веројатно знае дека имаш инсулинска резистенција и нека ти коригира нешто во режимот. Мое мислење е дека 5 дена не се воопшто многу и затоа почекај да ти заврши режимот пред да донесуваш заклучоци дека стагнираш, реално последните денови може одеднаш да симнеш повеќе. Ако ти делува на мотивација, не се мери на вага. Како приметувате 100 гр. + - секоја чест.
Знае нутриционистката да, а и доктор знае, кога имав терапија прва, симнав само со терапијата 23кг без проблем кои ги имав качено пред да ми се појави влакнетост итн, пред да добијам дијагноза, но во бременост ми ја прекинаја терапијата и качив премногу и сега моментално сум без терапија. А за тие 100гр ахахаха, не знам, веројатно е опседнатост поради тоа што од средно се борам со вишок кг ама еве, ми делува на мотивација, па најверојатно ќе кажам дома да ми ја сокријат едно време
Не се малтретирај џабе, сто грама не се ни осеќаат, ниту се гледаат. Еве мала мотивација во однос на тоа колку обичното пешачење може да помогне и да биде одлична алатка за слабеење дури и кога не вежбаш апсолутно ништо друго. Вакви има мал милион видеоа, овој го одбрав зашто е ептен фит и дури на него му прави разлика.
Малце офф топик, ама...Сите го потценуваме, уствари е многу моќен и бесплатен начин да се трошат калории и да се подобри физичката кондиција. Оваа Leslie Sansone во Америка е ептен позната, има милијарда видеа за тоа како можеш и дома да пешачиш.
Искуство со Тања Дрвошанова (цена, начин на работа, исхрана тешка-лесна...). На facebook и на instagram е како Nutri Life.