Девојки, сакам само едно големо благодарам за сите што пишувате искуства, прогрес и препораки за програмите од нутриционисти. Поради вас се охрабрив да конечно превземам нешто и сум пресреќна со прогресот кој го имам за само 3 недели. Специфично јас почнав со Ирина, и бев малце скептична на почетокот (морам да признаам) бидејки имав пробано претходно и сама да регулирам колку внесувам калории и слично меѓутоа никогаш тоа не ми траеше подолго од недела дена и некако не ме држеше упорноста. Немам симнато премногу во килограми, околу скоро 4 за 21 ден, што според мене е нормално и доволно за да биде слабеењево здраво, меѓутоа кога се мерам во обем сум запрепастена. За пример, стомакот ми е намален цели 7 цм во обем за само 3 недели, и кога си ги гледам прогрес фотките од секоја недела не ми се верува, затоа што 2 години се мачев со вишоков и никако да мрднев од мртва точка. Ќе бидам најискрена и ќе кажам дека не секој ден се придржував 100% и можеби да беше така ќе имаше уште поголема разлика, меѓутоа мене пред се ми е битно да е нешто што ќе можам и на долгорочно да го одржувам, и кога ќе завршам сo програмите, и ќе треба да продолжам сама. На пример, завчера јадев бургер од Киоск (мал) + помфрит! Пред една недела, бев на фамилијарен ручек, и каснав и парче торта, плус ручекот кој што не беше нешто што би го нарекла здрава исхрана, меѓутоа гледав да не се прејадувам, да си кснам од се по малце, и без леб (правам исклучок само за мај гилти плежр неговото височество бургер и тоа е се од лебот). Да го скратам есејов, поентата ми беше дека секоја недела си дозволував по еден оброк што не беше во склад со програмата чисто поради мој ментален раат. Првата недела беше сладолед од палма, втората фам. ручек, третата бургер. Знам дека не секој може така, бидејки кај некои луѓе едно скршнување може да значи пореметување на цела понатамошна програма. Само сакав да ви кажам дека и покрај тоа се може и дека ако си скршнете понекогаш, не ви паѓаат во вода изминатите денови тешка работа. Секако да не е тоа цел ден јадење мрсноќи, и да не е секој втор ден.. И уште еднаш, ви благодарам на сите кои што пишувате и дискутирате за вашите искуства тука, може е смешно но навистина бевте една од најголемите мотивации да превземам нешто! Поздрав до сите, и на сите кои сте на слично патување ко моево, ви посакувам што поскоро стигање до целта
Zdravo, sakam DA ve prasham. Kolku chini pregled kaj nutricionist otprilika? Dali potoa se plajka nedelno ili mesecno?
Здраво, дали некоја што ја има детокс програмата на Ирина би можела да ми пише пп? Таа што е иста за сите и 990денари што е ?
Пред некоја недела кај Ирина на профил имаше промоција на програма детокс и слабеење 790ден.Читајќи ве се одлучив да ја земам програмата.Програмата ни ја прати во понеделник и од денес треба да почнеме.Менито е океј ама храната ми изгледа некако малце се на се околу 1200 калории има а јас ако сум гладна тешко ми е да останам костанта со исхраната.Ако има некој искуство со нејзините вакви програми ако може да ми каже мислење.
Детокс програмата ми беше тешка за следење искрено, успеав само три дена да ја држам ко што треба. Ја зедов тогаш после Велигден бидејќи имавме слободен период и ајде детокс да се направи после тоа јадење. Ама не можев бидејќи гладна бев и ако продолжев сосила на крај ќе се изнајадев и што треба и што не треба. Сепак кај секого различно е, некои можат. Пробај види како ќе ти оди.
Не сум била на програми за детокс, но 1200 калории не се воопшто малце, тоа се три полни оброци. Јас во нормални околности јадам докај 1300-1400. Освен ако не си професионален спортист или си во движење на нога цел ден, таман се.
Ова што е од Ирина сега за 790денари не е детоксот туку е 21 дневен предизвик, сите сме со исто мени но различни порции, како натпреварување, најдобрите резултати се со награда. Детоксот е друго, 990 денари е. Мене не ми изгледа како малку храна што знам, сосем доволно за да бидеш во дефицит. Рече Ирина нема менување оброци во ова, не знам за количината дали ќе ти смени, види прашај.
Тешко е ако не си навикната на мали оброци. Пополни го времето со нешто друго да не мислиш на јадење, пиј повеќе вода. За неколку дена би требало да се навикнеш на помалку храна.
Прочитав многу позитивни мислења тука за Ирина и се двоумам. Дали исхраната во текот на денот заситува? Дали бара многу готвење и специјални продукти?
Баш е секојдневна исхраната, буквално 70% од менито и во моментов имаш дома Не бара специјални продукти а ни многу време во кујна (за мене клучно тоа беше за да се одлучам за Ирина). Дали заситува? Па да, ама не те прави подувана и да немаш волја да се движиш после оброкот, туку напротив, од тоа ептен се изненадив бидејќи порано ко ќе јадев, ме мрзеше да станам вода да си земам, а сега ми е баш таман после јадење, мали оброци и на 3 саати препорачува Ирина.
Заситува да. Дури вели дека ако си гладна сепак можи да ти зголеми на количина, ама нема потреба најчесто, доволно е тоа што го дава. Не бара многу готвење и специјални намирници, обично најмногу време ми одземало еден час.
Не ми се допаѓаат кога едни исти планови за исхрана и диети се даваат на еден куп луѓе и се рекламираат како успешни. Мислам дека исхраната треба да е прилагодена за секој посебно, согласно неговата моментална здраствена состојба, навики, па и преференции, зошто да не (ако сака крцкава храна на пр, да има такви оброци во неговата диета). Нутриционистиве ќе направат контролна крвна слика, па после пак на сите истата диета ја делат.
Искрено јас за Ирина не можам да се пожалам за тоа. Сега моментално, да, има предизвик со исто мени ама разлика во количина на храна кај учесниците. Но, претходно што и да не сум сакала или сакала Ирина ми менувала. Пример јас не можам да јадам јајца за доручек, тоа е за мене силен доручек како да кажам, а посебно омлет може да исповратам ако јадам отсабајле. Првичното мени на Ирина беше со два пати доручек јајца, но без проблем ми замени, јајцата како ручек поинаку спремани и стварно вкусни. Исто, не сум некој месар, па повеќе имам ручек без месо, месо имам 3 пати неделно и тоа риба или пилешко оти друго не јадам, а другарка кај Ирина има 5 пати неделно месо, оти тоа сака да јаде и прилагодено е за сите. Сега за сега задоволна сум од Ирина, не сум од себе затоа што не бев истрајна последниот период (позитивен дома на корона, јадев на нозе буквално секој оброк леб и што дојде при рака, оти не можев да мислам на себе и исхрана), ама верувам да продолжев како првата програма без грешка ќе имав одлични резултати. П.С. на тоа јадење тој период од две недели, вратив само 2кг, кои што по враќање на редот со исхрана одма се тргнаа.
Вака дечки, кога бев во Мкд правев крвна слика и ми беше партал, од кое што имав камче во бубрег,мало ситно. Пред да заминам имав потешкотии со мокрењето, ми се мочаше ама не можев без да запнам да се измочам. Диетата ја прекинав, ме прашаа што сум јадела и кажав дека бев нутриционистичка диета, ме прашаа за оброците и кажав дека секој ден имав смути со спанаќ. Ми рекоа да заборавам на диети и да станам пријател со водата. Матичниот ме советуваше за камчето да пијам пиво и по една недела пак да правам крвна слика. Јас го измочав тоа камчето, ми се среди крвната слика ама арно многу се поправив,апетитот ми се врати. Сума сумариум не е ништо Ирина виновна тука,сите сме различни индивидуи. Е сега јас пак ја почнав нејзината диета на почеток така што направив измени односно го исфрлив смутито и внесов нешто друго јацкасти плодови или овошен јогурт, меѓутоа пак сум скарана со водата Што да направам да пијам повеќе вода