Не е Ирина крива, но тоа е знак дека препишуваат од списанија многу. Смутијата прават повеќе штета отколку корист особено свеж спанаќ стана модерен, а не е ок да се јаде свеж. Ние сме поднебје што развива многу песок и камења у бубрег и жолчка поради генерално неколку лоши прехрамбени навики, храна богата со оксалати, малку вода и многу седење. Сѐ додека не почнеш да пиеш барем 2 л. вода, не рачунај на вакви привремени диети. Вода мора. И марула исто не е ок за камчиња.
Имаш право. Работата ми вклучува многу седење и затоа решив малку теретана да идам сега кога ќе почне зимата. Марулата не ми е секој ден во исхрана, па имам и зелка,морков,краставица мешана салата си правам. Да јадам и црвено месо но количински помалку. Искрено пилешко една неделно и риба исто така, меѓутоа мислам спанаќот ми створи проблем затоа што овде се продава смрзнат на коцки и тежок е за јадење така сув особено во смути.
Секогаш имај полно шише/чаша пред тебе. Мене тоа ми помга. Со самото тоа што ќе го гледаш, ќе пиеш барем по некоја голтка. Створи си навика да пиеш по една чаша пред спиење и на сабајле. Ако вежбаш исто, во текот на вежбањето и после. Има аплилации за да те потсетуваат. За бубрегот можиш и чај. Спанаќ избегнувај, ретко.
Знам, јас имав слично искуство и затоа верувај вода и пешачење ќе те спасат. Мислам дека месо не би требало проблем да прави, ама темно зелен и лисест зеленчук сведен на минимум. Спанаќот колку е и добар, толку е и проблематичен.
@buba4e89 Бубаче ако чиста вода не ти "текнува" да пиеш, пиј со коцки замрзнати претходно од ѓумбир,лимон и нане. Или па има термоси за вода во средина со делче за да ставиш нешто (јас ставам листови нане, лимон, чат пат краставица) и пијам ептен многу. Многу ми е убава и освежителна вака. Не ја пијам за слабеење туку онака вода како вода.
Храна обично се мери пред готвење, затоа што различна храна се зголемвуа или намалува во количина после готвење. Ако пишува 100 грама пилешко, тоа значи 100 грама свежо (смрзнато/одмрзнато не е битно, битно е да не е готвено), ако пишува 50 грама тестенини, се мисли на 50 грама суви тестенини.
И јас ке почнам со исхрана кај ирина утре треба да ми прати се, да набавам намирници па да почнам. Старт со 68,5кг не е важно колку кила ке намалам само во обем да се подстопам
Здраво девојки. Почнав да држам режим според Ирина, и цело време сум гладна Помина една недела, не направив некој големи прекршоци, не јадев леб воопшто, благо, газирано ништо, освен што наместо чорба со 2 кутлачи јадев со 3. Гладна сум и нервозна, кога ве читам како лесно минувате се прашувам што е со мене? За една недела не ославев ниту во грамови, ниту во обем. Имам добиено па се прашувам дали тоа е проблем што немам резултати и што сум гладна. Некој од вас со слични проблеми на почеток?
Тоа што немаш ослабнато е всушност задршка на течности, честа појава пред почнување и за време на менструалниот циклус. Тоа е нормална појава. За една недела не ни можеш којзнае колку да имаш резултат, посебно ако немаш многу килограми за губење . Обавезно консултирај ја Ирина ако чувствуваш глад. Мене ми се има случено на почеток на нова програма да чувствувам глад и одма ми направила корекции.
Не сум била на режим од кај Ирина, но зависи од ептен многу работи. Тоа што си гладна зависи (можеби) од твоите претходни прехрамбени навики, особено што си исклучила леб и шеќери, ќе му треба на телото време да се адаптира. Затоа не постои режим кој може да трае три недели. Ако немаш многу за симнување, паметно да најдеш стручњак кој ќе ти направи програма за цел живот, со сите групи намирници вклучени. Обиди се да пиеш доста вода и да пешачиш. Пешачењето (можеш и нордиско да пробаш)е супер активност, нема да се осеќаш поуморна, нема да ти биде оптоварување и дополнителен стрес, нема да ти го поттикне апетитот уште толку, а ќе ти помогне во целиот процес.
Фала за одговорот. Не е дека немам за симнување имам 10 кг за симнување. Јас не знам какво е вашето мени, но мене ми е навистина некако малку само 2 кутлачи посна чорба и салата. Менито е навистина преубаво и прилагодено на она што сакам да јадам, ама некако ми е малку. Гледам дека кај сите има резултати веднаш по првата недела, а пртоа и признаваат дека правеле пркршоци, па затоа и пишав. Јас ке си дадам фора, само гладот и неменувањето во обем и кг почнува да ме нервира и на крај да не биде да се откажам
Не знам да ти дадам точна формална дефиниција, ама според тоа што гледам на Инстаграм, знам дека во САД диететичарите завршуваат посебен факултет за исхрана и учат и биолошки предмети за човечкото тело, додека нутриционисти се повеќе тие што завршуваат некоја пократка обука или курс, можеби нешто како виша школа кај нас. Мислам дека нутриционистите можат да даваат погенерални, поопшти совети за исхрана, додека диететичарите знаат да ја прилагодат исхраната на некој согласно неговата здравствена состојба и општо, имаат поголемо и подлабоко знаење.
Дечки знам дека темава е за слабеење, ама можеби може да ми помогне некој. Ми треба добар нутриционист што работи програми за болни од карциноми.