Ах колку ми значи поддршкава... сега се навратив назад и ги прочитав резултатите кој ги имаш постирано. Јас најмногу се замислив заради тоа што ми изгледаше малку храна и чувствував глад, но еве и пишав и на Ирина и ми направи корекции во менито, па ќе видиме. Се надевам да имам резултати оти не се трпам повеке. Демотивирачки ми дојде после недела ипол да немам никаков резултат, но нема да се откажам. Се надевам на убави промени во скоро. Секое добро и на тебе и да продолжиш со 6 напред
Видов јас 6 сега сакам до 60 да дојдам....дури и накај 59 нешто замав земав. Само што имав 1.5- 2 месеци програми за одржување т.е за да не симнувам килажа па сега стартувам накај 5ка
Не се демотивирај. Да беше некој на моето место сто пати ќе се откажеше колку бавно ми одеше слабеењето. И јас немав којзнае колку за слабеење, околу 10 килограми,но тие најтешко одат. Подебелите на почеток побрзо губат тежина. Како се наближуваш до нормална килажа,така се забавува слабеењето и почнува стагнацијата. За гладта не се секирај,ќе ја решите. И мене ми се десило тоа. Можеш погоре да читаш коментари низ каков пат поминав Најзадоволна сум што не вратив, само кило плус минус варирам, нормално за време на летниов период повеќе шетаме
Да не си помислила да се демотовираш. За една недела во никој случај не можеш да ослабеш. Тоа што читаш некои дека намалиле кило до две, тоа им е вишокот вода задржани поради глутен и јх. Ти пишале веќе, во циклус си а тогаш кај некои се прави дополнителна задршка ради промена на хормони.
ти благодарам Кристина Хара, ве исчитав денес сите што одите кај Ирина и сите совети се добродојдени. Имај убава вечер ❤️
Благодарам за поддршката wannaBeMomma,ќе ги споделам резултатите што едвај чекам да ги видам. Убава вечер ❤️
Убаво што си и пишала за корекции, биди во контакт со неа ако мислиш дека нешто не иде ко што треба, без разлика дали само си правиш психи или навистина стагнираш и не симнуваш и покрај тоа што се придржуваш. Инаку сакав само и јас да ти кажам да не се откажуваш и обесхрабруваш. Спомна и дека си била околу период менструација кога си почнала а тоа навистина може да успори прогрес, дури и да покаже покачување на тежина на вага (најчесто вода). Намалувањето на тежина не иде линеарно надоле, и за пример ќе ти ја дадам мојава графа од тоа што се мерам скоро секој ден наутро (малце сум опседната со статистики, не сум опседната со бројката на вага побитно ми е да има прогрес во обем, меѓутоа пробував да најдам патерни во кој период од циклусот како ми се одвива слабеењто) Тие двете црвени заокружени рамнини се период од недела до недела ипол претходниот и овој месец пред менструацијата, каде што како што можеш да видиш вагата не мрдаше. Плус можеш да видиш како линијата иде константно надоле, ама не е линерна, нонстоп има варијации во тежината горе доле, така да и тоа не е страшно, ако еден ден си симнала пола кило и наредниот ден ти покажува пак пола кило повеќе, не значи дека нема прогрес. Стагнација е само ако рамните линии што ми се заокружени се подолги од две недели и не се во периодот после овулација до добивање менстурација, затоа што кај многу девојки тој период телото задржува многу вода. Јас сум од оние кои се дуваат ко балон, буквално потекувам без разлика колку вода пијам и како се хранам. Во секој случај не сме сите исти, некои девојки немаат толку изразени проблеми со задршка на вода пред менстурација меѓутоа само сакав да ти го покажам мојот пример за да ти дадам кураж да не се откажуваш прерано Поздрав и ти посакувам да си стигнеш до посакуваниот исход, само трпеливо и ќе успееш сигурна сум
Ти благодарам многу за поддршката и деталната анализа. А, баш денес сакав да пишам зарем само јас сум на режим, кај се другите Феминки да делиме искуства и совети. Според напишаното и јас сум слична како тебе, многу отекувам во периодот пред и за време на циклус. Се надевам дека ќе успеам во посакуваниот резултат.
Здраво.. И јас сум во тимот на сите што слабеат со помош на Ирина започнав 2ра програма во првата изгубив 3кг, не е многу ама сепак сум задоволна, за една недела во 2рата програма ослабнав 1кг што е супер, и до сега по 6 цм во обем, па се надевам до крајот на оваа барем уште 2 кг нема откажување дефинитивно и што е најбитно сум најадена со мн вкусни јадења, не сум гладна а слабеам па ќе пишувам тука за како напредувам. Започнав со 66 кг, моментално сум 62 кг, ја започнав втората недела па ќе видиме, би сакала уште 7 кг минус ама ќе видиме се зависи од изгледот како ќе сум задоволна може ќе бидам задоволна со минус 5 кг или со минус 10 не се знае
И јас имам пофални зборови за Ирина, достапна ми е секогаш за прашања. Првата програма скинав 3кг,ми се познава, сите ме приметија. Ја почнав втората програма, за 2 дена уште 1кг помалку, иако немам премногу кг за слабеење, супер ми оди. Почнав со 68,3 сега сум 64,5
Дечки, искусво со Цвета Цеце Динева, една колешка има ослабнато 20кг за 3 месеци, ама искрено глупо ми е да ја замарам со детали... Ме интересира, дали е вистина дека се базира на домашна храна, дека не употребува многу смути, чиа, миа... зошто пред се, приступачноста е многу важна... и дека наплаќа 2000 за месец дена, а контролите не, секоја недела те мери...