Jas sum 4ti den kaj Cveta Dineva... has me interesira nekoj sto bil poveke kaj nea . Edna moja prijatelka mi ja preporaca taa izgubi 18 kg za 5 meseci
Zdravo zenski nova sum na forumov. Imam nekolku prasanja za zenicki devojki koi bile kaj cveta dineva... jas pocnav so nea pa mnogu bi mi znacilo dokolku nekoj mi pomogne so mislenje . Fala vi od srce
Јас не можев кај Цеце, а почнав со цел да ја нормализирам крвната слика. Со кило овошје и една ужина од кисело млеко до 17 часот не можев да функционирам, после дома кога ќе дојдев прегладнета бев, а не можев ништо во уста да ставам. После две недели измачување прекинав.
I jas sum isto taka 1kg ovosje do 17h a duzina vo 12h ama jas jadam tonus leb so humus namaz I stvarno so 2 Kriski sum full . I bas nesum gladna do rucek samo se plasam so pukankive sekoja vecer da ne oni me zdebelat a ti imase li rezultati za 2 nedeli ?
Не сакав да слабеам, колку што сакав да ја оправам крвта, да пробам со храна да ја средам анемијата. Немав којзнае какви резултати.
Не се разбирам, може да има некаква медицинска издржаност, ама да не е контрапродуктивно така овошје до ручек и од сабајле храна слабо, јетрата може да се оптерети. Па навечер повеќе или покалорична храна, пуканките се доста калорични, ќеса една има 400 калории, тоа ти е еден фул оброк. Башка сите режими за кои сум чула се стремат кон елиминирање грицки, тоа ти се непотребни калории, не се комплетен оброк кој има за цел да те држи сита.
Еве ќе споделам мое искуство од нутриционист Цвета Динева. Кај неа одев пред дванаесет години, и принципот на исхрана и тогаш како сега се базираше на сезонска и здрава храна која може да се подготви во домашни услови. Кај неа одев од прилика пет до шест месеци и ослабев околу 15 килограми. Престанав да одам и да се хранам на тој начин од причина што ми здосади. Диетата беше тешка за подготовка и бараше доста време кое јас баш и го немав. Исто така, како што кажа @Annath режимот вклучуваше секое утро по килограм овошје, две јаболки претходно и литро вода, на што ми беше многу тешко да се навикнам, иако тоа траеше само на почетокот, првите две недели дур не се навикнам. Ми се среди крвната слика, ми се реши здравствениот проблем кој го имав, но после тој јас повеќе не можев временски да издржам да се придржувам на режимот, си ги вратив килограмите, и веќе не го посетив клубот. Затоа решив да се придржувам исклучиво на сопствен режим на исхрана, каде секој ден е различен доручекот, и се базира на контрола при внес на калории и ограничување јх, благо и овошје, па така имам супер резултати. Тоа е моето искуство дечки. Се надевам ви помогнав.
пс. Да се надоврзам. Голема замка ни е тоа "ми беше тешко првите ху денови, дур се навикнам". Тоа не треба да биде секогаш добар знак, затоа што човекот е адаптибилен. Може да се навикне и на еден оброк во денот. Може да се навикне и само вода да пие. Клучот е во трајноста на тие навики. Некои луѓе не успеваат да го одржат навиките, и тоа важи за сите навики, не само прехрамбените. И често слушаме вакви добри примери, кога самите свесно одлучуваме да адаптираме одредени навики.
Да, ама јас имам една забелешка кога ја адресирам до Цеце конкретно. Не може сечиј човеков организам да биде базиран на унитарен начин на исхрана. Таа на пример истиот доручек го дава на сите, со многу мали модификации. Да не речам целиот режим е кај сите идентичен со мали измени... Значи, не може за сите да биде океј килограм овошје наутро, без разлика дали имаш некоја хронична болест или не, секој организам е различен, па така навиките и потребите треба да бидат во склад со истиот. Штом забележува дека повеќето од нас не можат со доручек овошје наутро, треба нешто да смени. Мене воопшто не ми одговара тој тип на исхрана и никогаш повторно не би отишла кај неа, само од таа причина. Плус ручекот беше базиран на манџи. Истите се супер здрави, и се тоа стои, ама не можеш три до четири пати во неделата да ги готвиш. Просто времето не дозволува...
Јас два пати бев на тој режим, еднаш кај Цеце еднаш кај Турунџиева. Слаби резултати и на крај добивав страшни болки во желудник
Мислам дека Цеце и Турунџиева се повеќе за да те насочат кон здрава исхрана, ама за губење килограми и задржување фит изглед не се... Пре би одбрала програм кај Ана Стојановска, отколку кај Цеце и Турунџиева. Кај нив би отишла само во случај ми се јави некој здравствен проблем, како кандида, анемија, холестерол, но за слабеење никако не ги препорачувам.
Токму така, баш затоа е фејл. Колку што гледам, повеќето нутриционисти работат на истиот принцип. Тоа што ти ќе јадеш јаболки, а јас круши, не е индивидуален пристап, туку е продавање магла. Башка што стварно тоа со кило овошје нема никаква нутриционистичка или медицинска издржаност. Кило овошје, зависи кое, има 300-400 калории, а не може да те засити затоа што не ги содржи сите макроелементи кои треба да ги има еден оброк. Парче месо со салата и парче леб ги има истите тие калории, обезбедува и протеини и масти и јх и плус те држи сит/а до нареден оброк и ја намалува шансата да изгладнеш и да се фатиш да јадеш некоја глупост. Што се плашат луѓето од две јајца со зеленчук, маслинка и лепче за појадок стварно не ми е јасно. Сите се лажат најмногу со некои почетни резултати како губење повеќе вода, ама мислам дека не е здраво. Овошјето е супер здраво, ама поентата во едно цело кило не ја разбирам. Може грешам.
Не грешиш воопшто, така е. Цел килограм овошје да се јаде секое утро е обврска, и не е лесно. Затоа често пати клиентите ѝ го прескокнуваат доручекот, со што губат вода од организмот, и после она со тоа се фали, демек вау, колку има ефекти, а во суштина повеќето од нив сироти едвај чекаат ручек, да каснат мевце или манџиче, зависи што им дала на мени. Инаку за доручек ни јас стварно не гледам проблем да се јаде по две варени или пржени јајца, пршут, павлака (две лажички), палента, или пак овес со кисело млеко, интенгрално сендвиче со две парченца кашкавал, марула, авокадо, или некој намаз кој содржи масти. За ручек парче телешко/јунешко/стек, ќе се менува во текот на неделата, може динстано, може печено со зелка, може со златна мешавина, или салата рукола, марула... Вкусно е, брзо и не е тешко. Имам илјада и еден рецепт, и буквално гарантирам дека сите се вкусни и може да се изгубат килограми ако внимателно се тракираат калории, и јх се заменат со црно/интенгрално брашно.
Здраво девојки, читам дека многу ја фалите Ирина па би сакала да пробам со неа да ослабам, имам околу 10кг вишок. Ќе може некој во лп да ми пише нејзин контакт? Фала однапред