Не ми е прв пат кај Ирина, почнав некаде Февруари- Март ама не се сеќавам колку симнав, пишував тука пробај најди ми ги мислењата. Бев на две програми. Сега ќе почнам пак бидејќи си качив килажа.
Немам уште вратено ништо, намалив уште 2кг за 3 недели со слична исхрана, а јадам и повеќе од препорачаното
Здраво девојки ве следам поодамна и заради вашите искуства почнав кај Ирина ,за девојката имам се најдобро да напишам ,толку е професионална и озбилно си ја свака работата, за разлика од други што на пр ке ти дадат програма и толку ни мерења ни комуникација јас како искусна диеталка и вечна борба со кг имам историја .Проблемот е што јас сум веќе на втора програма ама воопшто немам ослабнато а многу најмногу се придржувам ,со вежбање, со се ама никако не оди надоле,не се ни многу кг кај мене ама сепак очекував барем нешто до сега ,(Ви се има случено вакво нешто) ?Oд др страна за моите здраствени проблеми уште во првата недела имаше резултат ,тука ме доби бидејки со години барав решение за тоа ,ке видиме како ке оди ама сакав да кажам дека е исклучително добра и во тоа што го прави ..за не добрите не вреди да се зборуваЈас непланирам да откажам од неа додека не ми успее,инаку ке забегам пак по диети што се е и изворот на проблемите што си добивСеуште се надевам на најдоброто
Девојки дали има некоја моментално на режим кај Ирина? Може ли да ми објасни нешто повеќе за програмите? Од колку оброци се состојат, дали морам постојано да сум во кујна итн..
4-5 оброци има, не се многу захтевни искрено. За доручекот 5-10мин (каши овесни, јајца пример) Ручекот исто едноставно е, до половина час најмногу ако имаш за спремање. Вечерата е салати/печени зеленчуци, пак едноставно е. И немаш којзнае колку скапи намирници, 70% сигурно ќе ги имаш дома.
Jas drzev rezim od Dr.Buzlevski okolu 2 meseca i posle go prekinav , vo kg nemav mnogu namaluvanje ( 3 ili 4) ama zatoa pak vo obem bas se primetuvase deka sum oslabena. Edinstveno ne mi se dopagase sto cel den bukvalno mi pominuvase vo varenje i seckanje. 3 glavni obroci i 2 uzinki. Bukvalno se prejaduvav a i ne ni dojaduvav se. Zatoa sega baram nutricionist koj ke mi napravi rezim so samo 3 glavni obroci i tolku, pa ako imate nekou takov "ednostaven a ne kompliciran" predlozete mi.
Najdobro meri se vo obem, mozebi teloto ti oformuva muskuli a tie tezat , t.e. muskulot tezi poveke od saloto koe vo obem zafakja BAs prostor.
Ако вежбаш обавезно мери се во обем, сигурно имаш таму резултати? Вежбајќи топиме масти а зголемуваме мускули, затоа може на вага не ти покажува значаен резултат. Волуменот на мастите е поголем од волуменот на мускулот, види си и на гугл, 1kg muscle vs 1kg fat. Мери го обемот баш и кажи, ме интересира хаха. Јас ослабев со Ирина за 3 недели 7кг и многу во обем, но на втората програма цели 3 недели стагнирав на вага дури некогаш и повеќе ми покажуваше, а обемот се намалуваше (не толку како на првата, ама сепак), значи не беше стагнација.
Вака значи после 3 програми јас немав ама баш никаков резултат ниту во обем ниту во кг и сеуште ми е криво ама решивме со Ирина уште некои испитувања па ке видиме дали ке продолжиме.Јас некаде околу нова година завршив и бидејки сум обседната со тоа,се мислам дали пак да ги повторам или да почнам пак Ун пред многу години многу ми успеа ,се работи за 5 кг ама неможам никако да ги прифатам сеуште вежбам секој ден (сметам неможе да ми е на одмет )ама незнам што ке ми е најпаметно ке се најавам пак ако не полудам еве
Nekoj iskustvo da spodeli so nutricionisti od bitola/prilep? Dali mora mesecno da se plajka? Jas sakam za zgolemuvanje na tezhinata
Тие што одите кај Ирина дали една програма од 3 недели може да се држи да речеме 6 недели или после секои 3 недели дава нова програма?
Може да се држи повеќе од 3 ама не е препорачливо заради резултатите. Бидејќи параметрите на телото се менуваат и треба друг вид на храна и во подруги количини од првата исхрана