Ти благодарам многу. Сакам и јас да почнам само се двоумам дека сум доилка а време е да симнам некој килограм т.е. многу килограми
Јас почнав пред 2 недели, со 3 месечно бебе сум дома и мислев нема да имам време ни за јадење а камоли за готвење. Ама прелесни се оброците и еве веќе 3-4 кила симнав а во обем се стопив, стомакот ми се намалува конечно. Поддршка до тебе да почнеш
Фала на поддршката добро е што не одземаат време оброците, бебето е 7м кај и да е ќе почнам и на работа па ќе имам се помалку време . Кажи ми дали се доите со бебушка, и ако Да, дали има промени во лактација?
Не, бебе е на ад. Ама не гледам зошто здрава исхрана би влијаела на лактација. Сепак ти кажи и се за да ја направи персонализирана програмата.
Дали некоја од вас била кај Влатко ВТ диет? Вака од читање гледам дека не давал многу за готвење што ми одговара. Пробав кај Ирина и Цеце не се пронајдов.
Кај Ирина струмичанкава многу ти дојде за готвење? Јас имам нејзини програми, не трошам нешто многу време в кујна.
Баш ми е жал, имам другарки по нутриционисти, и кај Ана Стојанова исто, сме споредувале менија, си делиме рецепти, сите сме се сложиле дека моиве се најлесни за готвење и со наједноставни намирници. За Влатко ВТ не знам, ама ти ако сакаш скроз готово, имаш Протекал, само ставаш, пржиш/печеш или матиш. Готови ужинки пакувани, готови оброци, ама ништо здраво нема во тоа. Јас на Ирина и потенцирав дека немам време, готвам и за мало дете и за маж, доручек 5минути ми е, ручек 15 најмногу.
Се сложувам дека кај Ирина е многу едноставно и брзо. Мислам дека по едноставно никаде нема да се најде. Исто и јас готвам и за маж ми и за син ми и за мене посебно. Се е преедноставно.
Колку кошта програмата кај Ирина? Ако сака некој нека сподели искуство? Очајна сум. Имам за намалување -20 кг. Отсекогаш бев 50, а сега 70.
1500ден за 3 недели. Топло ја препорачувам оброците и се превкусни и брзо се подготвуваат. Моментално имам нејзина програма и има ефект.
Прелесни и се програмите и превкусни оброци дава, ќе видиш баш. Јас имам исто 20кг за симнување, ама од 90 на 70 Моментално имам платено 3 програми, 9 недели вкупно значи, ја завршив втората недела со -5кг, ама и почнав редовно да вежбам искрено па и тоа има влијание. Ама и без вежбање се слабее со нејзините програми
Дали некоја има искуство кај Ирина за симнување само околу 5-6 кила? Имам висок холестерол веќе 10тина години и не можам никако да го симнам, а имам и некои 5 кг вишок за да стигнам до тежината кој ми одговара. Знам дека се малку кг но не можам никако да ги симнам сама, а и холестеролов исто. Искуства?
Јас имав покачен холестерол и имав програма кај ирина. Го држев режимот 2 месеци и успеав да ослабам некаде околу 6 кг. За жал не направив повторно крвна слика за да видам дали има подобрување во врска со холестеролот.
Тешка беше програмата за држење? Јас на цело мое пазење никако да го симнам тој холестерол, од многу работи се откажав, но очигледно ми треба некој стручен за тоа.