Јас одев кај Цеце 3 месеци и ослабев 12 кила, сега сеуште слабеам но под мој режим. Така да одете кај неа и ќе постигнете успех.
Значи феминки дали некоја од вас ќе може да ми даде број или било каков контакт од таа Цеце?! Сепак,надежта за оваа работа ми е голема..
Бидејќи сите се вртите околу истото,еве еден генерален одговор за секој детал. Кога ќе се решиш да одиш на нутриционист,треба да си свесен дека сакаш во целост да го промениш начинот на живот. На нутриционист не се оди само поради слабеење.КОга одев јас кај Тања,ми имаше кажувано дека успеала некоја жена да забремени (после десетина години обидување) !! само поради правилната храна.Исто,има излечено канцер кај доста луѓе. Најпрво,советуваат да се направи КОМПЛЕТНА крвна анализа (мене во приватна клиника ме кошташе околу 3000 (но,пред 3 години!) ). Листата ја добиваш веднаш.Листата е направена на принципот на крвната анализа,да речеме имаш слаба крв,ќе форсира на спанаќ и варива пооооолни со железо. Листата се состои од појадок,ужина,ручек,вечера за текот на седум дена.Еднаш неделно се оди на контрола(мерење килажа,мерење обем на цело тело). Кај Тања однапред се плаќа за три месеци (3000 денари) а кај Цвета месечно 1300. Секоја недела така... ТОА БЕА НАЈДОБРО ПОТРОШЕНИ ПАРИ ВО МОЈОТ ЖИВОТ. ТОПЛО ВИ СОВЕТУУВАМ ДОКОЛКУ СТЕ ВО МОЖНОСТ ДА ОДИТЕ НА НУТРИЦИОНИСТ.
Што мислите вие феминки,која е подобра Цеце или Тања?!И двете се врвни нутриционистки,но која е подобра?
Тања е екстра.Без збор за неа. Само што Тања е под наводници по строга од Цеце...Цеце дава и чоколадца...ова ова
Само уште ова прашање: Дали ќе ми дозволат да бидам под таков режим на исхрана,бидејќи имам 15 години,но ќе одам со мајка ми и се тоа?!
^ Да, јас имам една братучетка која одеше кога имаше 15 години. Исхраната ќе ти ја прилагоди на возрастс. Инаку девојчето постигна одлични резултати, тоа беше невидена трансформација. Ослабе 20 килограми и никогаш не ги врати, а од тогаш се поминати 8-9 години.
Јас одев во Вита Диет Клуб кај Тања , слабеев ама не многу затоа што менито што ми го даваше секоја недела беше скоро исто , го научив па немаше потреба послем да одам кога се едното исто ми го даваше... А и не обрнуваше многу внимание , само ке ми напишеше што да јадам и толку..
Јас одев кај Цеца, пред 2 години - за 6 месеци ослабев 35 кг. Бев пресреќна, сите ми се воодушевуваа а јас највеќе сама на себе. Но потоа ме фати еден кризен период и повторно се фрлив на јадење иблаго, нервозата ја давев во чоколади и слатки, ноќни вечери и тн. И сега ????? Сега сум на иста килажа од пред 2 години и еве одам пак, но од срам не одам кај цеца, туку кај друг нутриционисот , бидеќи сама никако да се поткренам за диета. Сега сум веќе 2 недели и ослабена сум во стомак во струк...ќе си продолжам, морам Одете кај нутриционост, режимот дава успех
мене утре ми е првото мерење одам кај тања, и одма има резултати со овој начин на исхрана. знам како да се хранам, и без да одам таму, меѓутоа ми треба поддршката од таму, сама нема да издржам, ќе се откажам за брзо
Девојаки јас веќе 2 месеци одам кај Цеце и резултатот е 11 кг помалку Ми дава супер листа за јадење со кои можам да експериментирам, се убивам од јадење урми, немам потреба од благо (а јас премногу јадев благо-чоколади, колачи,се што е со шеќер),јадам пици, тетенини, месо.... имам и слободни денови кога можам да јадам што сакам но замслете тогаш не ни имам потреба да јадам нешто што претходно сум го јадела во енормно големи количини а сега со режимот ми е забрането Е сега малце ми е проблем овошјето-секој ден кило, среќа што е различно па некако си комбинирам инаку ќе умрев. Во бременоста поради некои компликации и крварења, слаба активност и лапање се и сешто се здебелив дури 40кг. Колку висока толку широка. Притисокот висок до небо-горна граница на Втор степен на хипертензија. По породувањето тие 12 кг што се губат јас за 3 месеци пак ги вратив поради борбата да добијам млеко се убивав од јадење павлаки, кромид, сокови од јаболко.....но од тоа само си ги вратив изгубените кила, исто како да не сум се породила Па затоа да одам на нутриционист беше неминовно ако сакам да изгледам како човек и да бидам барем малку поздрава. Сега веќе и притисокот ми се нормализира, не пијам повеќе апчиња. Пред 5 години јас бев и кај Тања и за 3 месеци ослабев 17 и се вратив на мојата бројка 52 но некако тој режим ме убиваше-2 дена боранија, 2 грашок, 2 риба и 1 ден само овошје и салати, многу ретко ќе ми пишеше спанаќ,ориз, грав, леќа и еднаш дури соја ми даде Не дека имам против тој режим или против Тања, но таквиот начин е само додека те води нутриционистот, после тоа не верувам дека некој друг па ни јас ќе се придржувам до него и ќе го јадам тоа....па само кога ќе ми текне на кило ипол еден вид овошје дневно...... а јас на факс во ТЕ по цел ден, се бафтав со кутии полни со лупени портокали Поентата ми е дека режимот на Цеце е многу поблизок со секојдневната исхрана со која откако ќе ја добиеш посакуваната тежина и ќе престанеш да одиш кај неа, можеш истот тој режим со некоја мала промена да го применуваш и понатаму, здраво да се храниш и да си имаш топ фигура.
Јас одев преклани кај Цеце и успеав во тежината, не знам колку ослабев ама супер изгледав. И тоа не се придржвуав нешто строго ептен, некогаш ке каснам урма повеке или сл. е кога престанав односно кога почнав да јадам пак стара песна, ама не качив многу и верувам да можев да вежбам ќе намалев, ама бременоста ме спречи и еве сега бебчево има 3 месеци а јас 15 кг to go! Си ги најдов листите стари и почнувам.....само штета што немам време за бафтање натаму наваму инаку ќе одев пак - чисто за мотивација
Цеце мене ми е во комшии, се си викав ако не успеам да ослабам со УН дека ќе одам кај неа, ама еве сега за сега добро ми оди слабеењето, па така да немам потреба да одам кај неа. а решена бев дека ако не успеам обавезно ќе одам кај нутриционист. Не дај Боже некогаш да ми затреба да одам кај нутриционист да речеме после бременост би одела кај неа зошто сите ја фалат. Секоја чест kate-goldy за постигнатиот резултат! Ете доказ дека Цеце си ја знае својата работа.
CVETA DINEVA! ILI CECE KAKO VI E POLESNO! AKO SAKATE ZDRAV ZIVOT ZDRAVO DA SLABEETE TOPLO BI VI JA PREPORACALA CVETA DINEVA! ONA E DIPL.NUTRICIONIST! A AKO SAKATE SHOK VO ORGANIZMOT DA VI NAPRAVI I DA VI NASTETI ODITE KAJ TANJA TURUNDZIEVA!!!@ VERUVAJTE DEKA NESUM SAMO JAS OVA STO GO KAZUVAM ALI IMA MNOGU STO ODELE KAJ TANJA TURUNDZIEVA I MNOGU PROBLEMI SO ZDRAVJETO IM NAPRAVILA + ONA NE E DIPL.NUTRICIONIST KO CECE!! CECE SO SITE E NASMEANA I LJUBEZNA A TANJA TURUNDZIEVA SAMO SO TIE STO GI POZNAVA SO NIV ONA SI IMA NAJMNOGU RABOTA I OBJASNUVANJA I IM POMAGA A DRUGITE MAKA SO IMAAT STRASNO SAMO ODGOVARA SO DA I NE! KATATRSOFA!!!! [mod-kirilica540bia2][/mod-kirilica540bia2]
јас тргнав кај тања и некако сум разочарана, како што читам кај вас и кај мене цело време е овошје, боранија, грашок, риба и салати, првата недела ослабнав 3 кг ама после не се придржував многу бидејки ми здосади и така за месец дена симнав 5 кг. ке има промена во исхраната или ке нема, да одам кај цеце или да останам кај тања??????