Дали е потребно да одите кај нутриционистот или пак може се да се одвива онлајн? Бидејќи сум од друг град а гледам поголем дел се од Скопје па ме интересира како се одвива комуникацијата. Не ми е за слабеење но би сакала исхрана по која би се водела а и би имала повеќе резултати кога станува збор за мускулна маса.
Отприлика некој да ме информира како се движат цените? Конкретно ако знај за кај Илија Бузлевски прашувам, За на кај Скопје ми е далеку. Денес пишев со него не ми кажа ништо, ми рече дека му треба крвна слика, висина, тежина и години првен за да видел каква програма па после цена. Отприлика како земаат? На месец или?
Од 3000 до 6000 денари. Од 3000 невервам да ти земи поќе. Се плаќа еднаш месечно. Мада за месец дена ќе научиш се од исхрана така да за понатаму ќе немаш толку потреба од него.
Не сум 100% сигурна но некаде како да имам прочитано баш за Илија Бузлевски дека зема 1500ден за 3 недели е тоа.Поздрав
Зависи од крвната слика. Кај мене само холестеролот беше покачен и платив 2.000ден. Имаш вклучено 2 програми и после 15 дена ти следува друга. Што значи имаш 2 програми за месец.
Здраво девојки, потребен ми е предлог за добар нутриционист,но не за слабеење туку поради здравствени проблеми.
Девојки има ли моментално некој што е на режим кај Ирина или Емилија Мојсовска, да сподели искуство и од 2те?
Здраво, дали има некој искуство со Клаудија Адеми? Гледав некоја емисија со неа,и била колку што разбрав нутриционист и тренер на Антонија Гиговска Па ако знае некој нешто повеќе да ми каже
Ако зборувате за Ирина Георгиева, јас топло ја препорачувам. Бев на нејзин режим и презадоволна сум. Менијата се нормални, со секојдневни намирници, лесно достапни за секој, избалансирана исхрана, навистина сум воодушевена
https://instagram.com/nutricoach.sr?igshid=YmMyMTA2M2Y= на овој профил. Последно во март сме биле во комуникација
Викендов заклучно со понеделник нема да работи заради празникот, ама во текот на неделава би требало да ти одговори. Јас сум моментално на режим кај неа и презадоволна сум лесни оброци и имам доста симнато и кг и во обем и тоа без вежбање.
Колку пари е одприлика за еден месец? И дали работи само онлајн или сепак треба и кај неа да одиш? Благодарам
8000 денари е кај нејзе јас прашував во ноември и ме праша колку кила имам и кажав 80,ми кажа”леле бишка”. Сељанка на ниво