здраво, дали може некој да сподели искуство со Емилија Спасоска Мојсоска? Решив да почнам кај неа па додека да ми стигне терминот собирам искуства Колку килограми сте ослабеле и за колку време? Колку ослабевте во првиот месец а колку понатаму? Инаку почнувам со 76 кг.
Бил ли некој на овој режим додека доел бебе? Да ми препорачате некој нутриционист или да не си барам беља додека дојам?
Јас почнав со режим кај Ирина кога бебето имаше 7,5 м и продолжив со доење без никаков проблем на лактацијата. Се уште се доиме а имаме веќе 11м. и уште сум на режив кај нејзе.
Zdravo ve molam nekoj da mi objasni kako e procedurata za da se pocne so dieta ili rezim kaj nekoj nutricionist, dali se potrebni nekoi analizi i sl, i da prasam za predlog za nutricionist za slabeenje na pogolem broj na kilogrami, blagodaram odnapred, sekoj sovet e dobredojden
За 2,5 м симнав 12 кг. Од секогаш бавно сум слабеела така и сега ама битно супер се осеќам и има видливи резултати и не се откажувам зашто имам за симнување уште. За Ирина дознав на форумов, мн девојки/жени се кај нејзе и се задоволни. Можеш да ја најдеш на фб и инста како nutricoach.
Што дава воглавно за исхрана? Како изгледа еден ден? Јас имам една колешка ама многу малку и даваше нутриционистот за исхрана и бдше жива гладна. Или тие што до 17 часот јадат само овошје тоа според мене ти е УН. Јас така неможам да функционирам. Дали правиш некогаш мали отстапки? Пример си на именден и јадеш една кифла или колаче од масата.....
Јас сум скроз незадоволна од односов на Ирина. Другарка пред еден месец и пиша и и врати дека била на породилно и немала да работи наредните неколку месеци. Потоа и пишав јас после 2 недели и ми рече дека може(??) да и испратам инфо и крвна слика на меил. И го праќам меилот за 1 недела скоро и ми пишува дека нема да може пребукирана била. Џабе време ми изгуби само. Препорака за друг добар нутриционист, отприлика исто со цена како оваа?
Dali ti pomogna za sreduvanje na holestarolot i za slabeenje? Procitav deka negovite programi bile so mnogu gotvenje? Dali imas efekt ?
Искрено ја прекинав програмата после 2 недели. Имав изгубено 3 кг кои брзо и дупло ги вратив. Доручекот не е комплициран ама ручекот и вечерата си бараат прилично време за подготовка. Има за варење, динстање, печење. Искрено не само овој ниту еден нутриционист не би препорачала, зошто после тоа ретко кој би се држел до тие навики.
Јас почнавкај Емилија Спасовска Мојсовска. Супер задоволна сум. Има храна што ни е лесно достапна на сите, што ни е на секоја тезга на пазар или на секој рафт скоро во маркетите. Не е скапа исхрана, може буквално да се готви за целото семејство. Супер сум вака како за почеток ептен ми фаќа око. Мислам дека ќе имам добар резултат. А исто така гледам да ги запамтувам идеиве за ручек доручек вечера за нормално да си ги практикувам и понатаму во животот. Немам голема потреба за слабеење некои 3/4 кг. Најважно ми беше да се чувствувам здраво и да знам дека хранливо добро сум снабдена. Од срце ја препорачувам сега за сега. А во однос на крвна слика, јас имав дома стара (2 месеци), рече може и до таа. Генерално сите си знаеме сами дали имаме здравствени проблеми не ни е пресудна крвната слика а она прашува.. и така.. Супер мени, супер храна има кај Еми