Може ли да ми кажете кој е нутриционистот од кој сте задоволни бидејќи на интернет се рекламират многу нутриционисти, инаку јас би била задоволна и со 4 до 5 килограми месечно да слабеам
Се плаќа 2000 денари месечно после нареден пат 1500 така беше кога одев кај нејзе за 1 месец имаш мени,може и да и пратиш порака со крвна слика и нормално ако имаш здраствен проблем според тоа ти прави мени многу е добра некој слабеат за побрзо кај мене беше подолго имав премногу бавен метаболизам
Точно, се согласувам. Баш ова е здраво слабеење и баш супер резултат е. Не знам што сакаат, за месец дена ли 25 кг да скинат? Ниту е можно, уште помалку здраво, само шокови на организмот му прават. И да бидеме реални, килограмите зарем преку ноќ ги добиваме? Си треба време, трпение, упорност, дисциплина. Ова е долг процес. А и што побрзо се губат, побрзо и се враќаат особено ако пак се продолжи со старите навики без придржување до програмата и невнимавање.
Другарка ми за два месеци ослабе тоа ми беше муабетот ,намали за 1месец 6кг а јас за 1три, зависи до метаболизам еве ја сега јади три пати повеќе од мене и нема вратено а јас со бременоста си накачив пак здравје после пораѓај пак ќе си почнам Првиот месец намалив 3кг не одев редовно во вц и воопшто не ми се среди метаболизам ако бев скоро 1година на здрава исхрана, сега од како останав бремена имам редовна
Е тоа е веќе друго и реално слабеење и 6 кила месечно се во ред. Па како што кажа се зависи од метаболизмот, некој 6 некој 3 ама битно надоле нека идат. Физички може активна е другарката. Ама знај дека и твојот резултат е одличен и не е за потценување. Не мисли сега за слабеење уживај си во бременоста и онака после пораѓај ќе симнеш може и 10-тина кг па доење, ќе трошиш доста калории преку доењето. Не се замарај сега со диети и слабеење, се во свое време. Кога ќе пркне бебе покрај придржувањето до здрава и балансирана исхрана да вклучиш и физичка активност и топ ќе бидеш.
Здраво. Дали може да ми кажете со која диета? Здраво. Ве замолуван доклку ја има некој диетата на Тања Турунџиева да ми ја прати. Ја држев пред неколку години и имав резултат а сега не можам да ја најдам дома. Се секавам дека доручек секогаш ми беше овошје еден ден беше воден или лубеница. Доколку некој ја има навистина би била благодарна.
Јас колку што знам Тања има милион глупости што по ред се прават сабајлечки (ова од лично искуство од режим што си го платив кај неа и за кој длабоко зажалив). Освен сабајлечките мантри доручек ти е кило и пол овошје дневно и литро сок од цвекло, морков, јаболко и лимон. Плус некаде кај пладне се правеа бомбици од семки со малтекс и избројани јатки (10 ли беа или нешто такво). Доручек јадеш дур не изедеш се. Правиш пола саат пауза и можеш да ручаш. Ручекот е манџа со база од морков, кромид и лук без зејтин. Секој ден различно се менува:грашок, просо, боранија, грав цацар, киноа и слично. Од време на време риба. Со секој ручек свежа салата со лимонов сок и малку маслиново. Вечера е пола од ручек и се јаде најкасно до 8 навечер. Ако ти помогнало терај вака.
Да ми помогна али не ми текнува детално. Знам дека и се правеше супа од коцка и тоа се пиеше. Ослабев 27 кг за 3 месеци. Ти благодарам многу, навистина ми значи твојот одговор, доколку и ти текне уште нешто те молам пиши ми.
Супа од коцка никогаш немав пиено. Супа од коцка се пие во UnDiet режимот. Нејзиниов е некоја модификација на UnDiet. Кај мене нејзиниот режим немаше ама баш никаков ефект. Ми требаше за 10 кила да симнам. За два месеци симнав само кило и пол.
За една недела има премногу работа затоа се чека вредеше и тоа многу ослабев 25кг за 5месеци и сите што одат кај неа слабеат нормално ако јадиш како што таа ти кажува, моментално работи во Шведска и онлајн затоа се чека