Јас кога прашав ми побара 300 евра, После ја најдов случајно Елена Мирческа со неа соработував и сум презадоволна од кај неа
Цената беше 350 евра, јас лани март-април месец толку платив и се покајав реално. Цената и е превисока за нашиот стандард, може за кај нејзе во Лондон е ОК и таа да е за еден месец и секој месец да им прави нови мение. Тука за кај нас за 350 евра добиваш програма само за 4 недели и толку тоа да го следиш цело време што искрено ќе ти се смачи и ако побараш промена тоа се доплаќа. Исто така кажува дека ти помага за комбинација на намирници- НЕ, дека те насочува и едуцира за здраво да се храниш-НЕ, само ти праќа програма околу 20тина листа во кои имаш нешто воведно, 5-6 рецепти за чај и кафе, детокс води и менито кое треба да го следиш- ТОЛКУ. Плус дека имаш цело време подршка и мотивација- немаш, секој понеделник и чат пат некој друг ден ќе ти испрати порака на Вибер што на сите им ја праќа истата и ќе и одговориш или нешто да прашаш ќе ти одговори отсечно со Да, Не, Супер, Браво и толку (по демотивирачки одговори здравје) и тоа е тоа. Искрено не вреди за парите, плус и тоа профилите и се повеќе да се исфалам самата, и делови од разговори со клиент друго ништо нема, ако ги спортедиме со профилит на други нутриционисти (на чии што профили има и совети, и рецепти ) кај нејзе само текстови ако имаш залудно време да ги читаш. Јас ја следев програмата некое време но резултати како што постира баш и не постигнав и реално се откажав и иако и кажав дека не сум задоволна и се откажувам пак знае да ми залута некоја шаблонска порака на Вибер. Тоа е моето искуство може друг има друго.
Читам сега за поддршка и мотивација, дали сите во програмите го нудат тоа? Знам за Цвета кај неа одеше пријателка само на проверката што ќе и каже и толку. Каква мотивација и се сеќавам прилично строга беше кога не намалувала како што таа планирала, а менито само овошје и манџа.
Сам ако не се мотивираш за џабе ти е се , искрено мене ми беше мотивација една жена од 50 години која беше ослабена 30 кг и си реков кога може таа можам и јас, и така беше на секое ми пишуваше јас бев кај Елена од Прилеп многу сум задоволна без вежбање ослабев 25 кг за 5месеци и ако бев излезена и пишував дека тоа што ми е за јадење нема и одма ми пишуваше што да јадам сега се поправив ама сум бремена и бев со хормонска терапија здравје боже кога ќе се породам пак ќе почнам
Здраво, не знам дали е темава баш соодветна за овде но кој знае да каже искуство со интолеранција на лактоза и глутен… Која храна е дозволена да се јаде, млеко леб,бели пецива тестенини никако, што е дозволено?
Здраво, дали има некој искуство со Илија Бузлевски. Какво е менито, дали има премногу готвење? и Која цена се програмите, дали е една недела која се повторува? И доколку некој може да сподели резултати после завршена програма.
Јас имав платено програма кај него пред две-три години. Се плаќа за еден месец , менито е седум дена и се повторува уште седум, па ти дава уште седум дена и пак повторуваш. Од сите програми што сум ги поминала мислам кај него бев најзадоволна. Готвење има доста ама ништо комплицирано, како и кај сите.
Почнав јас кај Илија, ми даде програма, 5 дена се повторуваат три пати, па после нова ке ми испрати за останатите 15 дена од месецот. Денес ми е ден 4 . Па ке видиме резултати, се надевам за месец барем 5-6 кг да намалам, инаку сум 81 сега а 165 висока
2500, со тоа шо програмата е според крвна слика, јас имав покачени триглицериди и холестерол. Изгледа разни цени има, зависи за шо е програмата и од крвна слика...