Почнав јас кај Илија, ми даде програма, 5 дена се повторуваат три пати, па после нова ке ми испрати за останатите 15 дена од месецот. Денес ми е ден 4 . Па ке видиме резултати, се надевам за месец барем 5-6 кг да намалам, инаку сум 81 сега а 165 висока
2500, со тоа шо програмата е според крвна слика, јас имав покачени триглицериди и холестерол. Изгледа разни цени има, зависи за шо е програмата и од крвна слика...
Хербалајф е најголемото ѓубре шо се продава на пазарот. Херба лајв фактички ти е спида, база на кокаинска паста. Ако си за суплементи земиси Липо 6 блек од хардкоршоп.
Zdravo Ako moze preporaka za dobar nutricionist megjutoa mi treba programa za nakachuvanje na kilaza? Fala vi
Божидар Пецаковски. Одлични трансформации прави. https://instagram.com/bozhidarpecak?igshid=NjIwNzIyMDk2Mg==
Здраво на сите . Дали некој во скоро време имал искуство со Клаудија Адеми ? Имам слушнато дека е многу скапа програма ,но дали вреди ???
Ирина nutri coach гледам има групна програма од 21ден. Искуства некој? се мислам меѓу неа и Емилија Мојсовска
Јас имам искуство со програмите на Ирина, доста се слабее ако се придржуваш а и ако имаш повеќе вишок ко што имав јас Групните се ок онака, а персонализирана за мене прва што ја имам земено кај Ирина (со инсулинска резистенција сум), симнав 7кг за 3 недели (тогаш бев 15кг плус од посакувана тежина) Ама ми беше без компир, ориз итн На почеток ти доаѓа како малку храна, ама после е ок, ручекот секако најадува, мене на почеток доручекот ми беше проблематичен Нема јадења којзнае какви, грашок манџичка, пилешко, риба, јајца, доручекот е најчесто овесна каша, и брзо се спрема се стварно, не треба многу време в кујна да минуваш Треба да си ги почнам и јас
Zdravoo, dali nekoja od vas bila na nutricionist za vaginalna kandida? Sakam da odam da mi napravi plan za ishrana i recepti bidejki imam dolgotrajna kandida, a lekot e vo hranata.
И јас имам супер искуство со Ирина, намирниците се стандардниве за наше поднебје и дефинитивно се слабее ако се придржуваш.
Предлог за нитриционист преку кој можам да ослабнам 30+ кила? picky eater сум ептен, откако се породив не личам на човек, а дојам и не можам да си експериментирам на своја рака како порано да се изгладнувам. Пробав еднаш така и ми се намали млекото
Се согласувам со мислењата за Ирина. Дефинитивно има резултати од нејзината програма кај мене. Успеав да симнам некои 2кг неделно. Не сум многу физички активна, имам канцелариска работа, практикувам пилатес 1-2 пати неделно и повремено пешачење. Главна причина што почнав да губам килограми беше програма од Ирина со распоредени и балансирани оброци во текот на целиот ден.