Здраво Го прочитав цел форум.Кога почнав да читам бев со намера да најдам искуства кај Емилија,бидејќи сакав да одам кај неа...Ама читам дека многу се жалат од комуникацијата со неа.Некоја Ирина прво многу членови ја фалеа,па после има многу незадоволни од неа... Исто и со Влатко и Илија... И Др Митов како што прочитав многу многу не го пофалија... Божидар го фалат многумина, и Елена Мирчевска мислам беше И сега незнам кај Кого да одам Имам инсулинска резиденција и голем дефицит на Д витамин и +27кг Веке 3недели како вежбам kangoo jumps, а и онака сум active, пешачам секој ден. Ајде сега помош за избор и излез од дилема Благодарам
Јас лично немам искуство, но од Инстаграм што пратам, Антонио Велковски ajdedajademe е на инста, ми е многу океј. Нормални совети, нормална храна, фин и културен. Провери го таму, па ако ти се допадне можеш и да му пишеш
Ајде јас да споделам од мое искуство, можеби веќе си ги видела моите постови. На пр кај Ирина на почетокот беше ок, се адаптираше на моите потреби дека баш сум комплицирана со јаденје јас ,дека беше малку комплицирана и програмата да, со грамажи со покомплекси оброци ,ама нели се за резултати и правев се ама не мрднавме од мртва точка,незнам баш на што се должеше нашиот неуспех, е ако прашуваш за Влатко од Битола ВТ ДИЕТ КЛУБ ,можам само да ти го препорачам најсрдечно Работи посветено, комуникација супер и резултати видливи..Баш е професинален и отворен за соработка ,програмите не се комплицирани во општо и успешни се најбитно.Плус ако имаш и здраствен проблем сигурна сум ке најде решение ...еве се најдобро имам да кажам за него
Девојки почнав со Ирина, за 1 недела -3кг Менито и е прекрасно и таа како личност исто. Со Елена М прекинав затоа што имаше прееемногу готвење и не се посветуваше доволно
Дали може некој да ми пише искуство со Елена Мирческа, вака гледам многу задоволни. Конкретно се работи повеќе за здравствен проблем, можи и во лп да ми пишете.
Јас лично немав толку време за готвење..и друго што ме иритираше од програмата беше тоа што скоро секоја вечер имаш салата и почнав да имам болки во желудникот. Има премногу зеленчук и овошје секој ден.. Пак секој со своето искуство ама да купуеш секој ден скоро толку работи е и скапо.. Од срце ти ја препорачувам Ирина.. денеска ја завршив првата програма (21 Ден) -6кг и тоа јадењево си го спремам од вечер и за све ми треба мах. 1 саат Размисли си и среќно пиши што ке одлучиш..
Исто плус хашимото. Негативно искуство со Надица Илиевска... Барам добар нутриционист за проблемов...
Типична лажга! Ја откажав претплатата и сеуште ми зема пари, не можам да ја најдам, сите дадени броеви се недостапни, не одговара на маил. Првиот пат као ауу леле извини грешка, сега нигде ја нема. Крајно непрофесионален и неодговорен тим, максимално сум изреволтирана, ќе зборам лошо за неа кај и да стигнам. Ако знаете каде можам да се жалам ве молам пишете ми. Ова ќе го терам до крај
Апдејт: ми пиша, се извини ќе ми ги врати парите. После се мислам дека не она туку нејзиниот тим не е како што треба... за жал
Dali ima nekoj iskustvo so Nina Manasievska, ima nekoja smoothie programa za 10 dena odc4 do 9kg se slabeelo
Прекрасна девојка, фина и најубави програми и планови за исхрана има. Кажете некој кој ќе ви се посвети и ви дал мени со 4 недели различен план за исхрана? Бонуси со други рецепти? Да и побараш дека нешто нема да ти се допадне, таа веднаш ќе ти прати замена. Секогаш сум имала одлична соработка со неа. Докажани резултати, еве позитивно искуство намалени преку 20 кг. Секогаш ми се јавила на вибер и плус видов дека не е ни во македонија. И нејзиниот тим сигурно за нова година нема да работи? Понекогаш проблемот е и во нас самите ама ајде да ја исплукаме и таргетираме што е важно како работи, ние кога сме знаеле да цениме што имаме
Не сфатив зошто ме цитираш, мислам поентата? Заради моето негативно искуство? Како ќе се осеќате да ви повлекуваат пари 3 пати во рок од 3 дена? Да гледате известувања само како ви се празни сметката, а притоа немате активно членство, никој не одговара никаде, недостапни броеви... Мојата паника во моментот беше и те како легитимна. Со тоа што го дадов апдејтот ја прикажав реалната ситуација, затоа што не ми беше намера да ја оцрнам кога културно ми се извини и очигледно она е ок, а нејзиниот тим не работи како што треба.
Dali kaj Cece Dineva rezimot e seuste ist, odev porano I ne znam dali da odam pak, ne mozam listite da si gi najdam sto gi imav no od prilika mi teknuva kako bese kilo ovosje, madzi bez meso I salati za vecera ako ima nekoj da spodeli uste nesto od rucecite ili sto imase plus bi mi bilo od korist, fala