Беше на групна или на персонализирана? Јас со групната не ослабев нешто многу (додуша тазе породена бев па мислам и хормоните играа улога), ама па со персонализираната 7кг за 3 недели симнав.. И задоволна бев ептен од Ирина, и менито ти го праи по желба (за мене без многу месо), и брзо е се за готвење .. Ама кому како одговара веројатно..
Па да, веројатно е така. Јас бев на персонализирана, ми стави многу готвење (што не ми е омилена активност), почнав убаво и негде после 10-тиот ден ме фати страшна мрза да готвам и голем дел од оброците ги јадев купечки, меѓутоа морам да признам дека немав некоја физичка активност па може и заради тоа...
До оброците е според мене, купечки имаат скриени калории доста, веројатно немало дефицит.. Кажувам оти баш после операција ја држев програмата, освен до тоалет и до тераса не движев никаде, не мрдав буквално
Еххх, истрајна си била, ти завидувам. Јас сум сега кај др. Митов, и кај него има готвење ама некако поедноставни се рецептите и помалку време ми одзема.
Некој да не има уплатено кај Наде програма? Гледам многу реклами по инста и дали стварно толку многу слабеат луѓе
Не баш. Митов има 3 оброци и 1 ужинка која е само меѓу ручек и вечера (на пр. меѓу доручек и ручек не). Митов исто налага и fasting, Ирина не ме ограничи во тоа. Исто Митов налага да се готви само со маслиново масло а Ирина на пр. ми рече небитно, со кое сакаш готви.
@FreeToGo, а ти рече да се мериш секој ден и да му праќаш колку си? Мене пред 4 години така знам ми рече и не праќав секој ден секако. Кај е изводливо прво секојдневно мерење, нејќев ни да се мерам и опседнувам, а и не варира килажата до толку. Чудно ми беше ова и глупо искрено. Јас и релативно малку се придржував тогаш па така што не можам баш да кажам дали му ја бива или не програмата. Уште цената е 3000 или покачи? Конкретно за мојот случај, некако премногу обично и премалку содржајна беше програмата како за таа цена. Очекував поише некако. Ајде терај ти, придржувај се и да имаш резултати па да се пофалиш.
Ауу, не бе, не ми рече да се мерам Ама ми рече дека првиот месец ќе ослабам и до 5 кг што за мене е супер. Инаку до лани беше уште 3000, за сега не знам.
Здраво на сите, ја бев кај Клаудиа Адеми на режим и искрено сум презадоволна. За месец дена симнав околу 6-7кг, но нејзината програма е доста тешка и треба да се придржуваш и плус да имаш секојдневно физичка активност. Прочитав неколку коментари за Ирина, дали може некој да ми каже нешто повеќе за нејзината програма околу исхраната?
Искуство некој да сподели за режимот на исхрана на Ице или жената негова,дали е захтевно многу за готвење колку оброци дневно има, дали програмата му е индивидуална или за сите иста ?
Здраво, некој искуство со Илија Бузлевски? Јас пошнав еднаш кај него, ама издржав само една недела, заради моја кривица. Сега сакам пак да ја полнам истата програма, многу некако ми изгледа појадок, ужина, ручек, пак ужина, вечера и после пак нешто по вечерата... Инаку имам за симнување околу кг, би сакала да ги симнам за околу два месеци... има ли некој со искуство и како му идело со толку често јадење...
Здраво, некој да не има искуство кај Ана Петрович? Каква е програмата, како сте задоволни од резултатите?