А зошто е советот во оваа тема? Мене искрено ми требаат искуства од други како мене, во околина имам доволно кои и со јадење и со непазење се слаби, а сакаат да делат совети како да ослабеме ние покрупните. Има многу фактори, инсулин, стрес, недвижење, перименопауза, итн, не се само грицките. Затоа и се обраќаме на нутриционисти.
Јас затоа пишав здрав организам. За другото прашај ја членката и тие што солат памет во рл сакајќи да делат совети. Едноставно прашај ги некои навистина добронамерно советуваат, а тие што се мешаат само онака, па ќе сфатиш по одговорот дека само се мешаат, онака.
8000 месечно, за совети/мени за исхрана и совет околу движење. Јас за сега имам пешачење (ама имам доста вишок килажа) ќе видиме следниве месеци како ќе бидат совети за вежбање па ќе пишам дополнително.
Искуство со Ице? И за што е разликата ако земеш програма од Мк и странство? Нешто ради провизии банка или он си лупнал така цена?
Зошто е толку тешка? Може да пишеш дневно пример што јадеше и колку физичка активност, претпоставувам пршачење само? Исто и колку плаќаш месечно?
Кај Ице е 115 евра месечно ама вреди секој денар. Премалку храна дава Клаудиа. Пример за доручек парче двопек или парче оризова галета (барем кај другарка ми вака беше).
Кај Ице мора ли да вежбаш? Јас не ни имам многу за симнување, 6 кг, ајде и 7, тоа е тоа, иако ако плаќам сакам 10 барем, за да имам фазла да вратам после кило две. Сакам прво да ослабнам па да вежбам. Клаудиа велиш пре строга, а Ице каков е?
Кај Ице мора да вежбаш, да. Таков му е концептот ама па може да му пишеш ако не дакаш да вежбаш да видиш што ќе ти каже. И Ице е многу строг ама па има мнооогу за јадење, воопшто не си гладен, плус имаш заменски оброци и стварно си најаден. Јас на пример не би можела да издржам со една галета или два моркови и тоа да ми е оброк. Да, вегански ама убаво прочитај во составот да не има лактоза и во тој пошто има и вегански протеини што во составот имаат и лактоза.