Ми излегува на инстаграм и од тоа што сум видела имам заклучок дека се работи за доста арогантен тип кој мисли дека само тоа што он мисли дека е исправно е всушност исправно. Буквално се расправа во коментари со секој што ќе каже мислење спротивно од неговото. А плус тоа нема баш некое долго искуство во оваа работа. Нутриционистичката гранка никогаш не била во поголем хаос и позбунувачка. Едни тврдат дека растителната исхрана е најздрава, други се колнат во "магијата" на кето. Едни пропагираат овесни каши во сите варијанти, други велат дека проетинскиот појадок е клучот . И во таков хаос и двосмисленост да тврдиш дека ти само баш ти знаеш најдобро што е точно а притоа се држиш само до тоа што одговара на неколкуте спонзори кои ги имаш (во неговиот случај протеинско млеко и сирење и блендер) ми е нон-сенс. Со таков човек јас не би соработувала, плус има некоја одбивност во неговата појава и начин на комуникација.
Фала ти многу за споделеното мислење. Баш поради тоа што нутриционистичката гранка никогаш на била во поголем хаос, човек да не знае на кој нутриционист да му се обрати и да му верува.
препорака за нутриционист со добра храна? Од кој сте задоволни? Се мислам од овие: Илија Бузлевски Емилија Спасовска Мојсовска Билјана Ристеска Марија Лазиќ