Цената и е 3000 денари месечно. Ако одиш кај неа нема да згрешиш. Презадоволна! Никако кај него, јас бев 3 месеци, катастрофа. Немој да се лажеш, ќе си зезнаеш и крвна слика и се. Јас едвај се оправив!
Јас бев кај него пред некоја година и се разочарав. Му праќаш анализа на крв, листа со намирници на кои си алергична или не ги конзумираш и уплаќаш преку банка и ти стигнува програма за исхрана за две недели...јас кај него бев два месеци. Резултат мал имаше меѓутоа ме разочара тоа што сфатив дека сите програми му се исти, нема индивидуална програма за секој. Во програмата што ми стигна имаше многу намирници на кои сум алергична и не ги конзумирам иии секоја недела прашував со што може да се замени "ова", со што може да се замени "тоа" ... и тоа многу ме демотивира на некој начин и не продолжив
Мене Владимир Тодоровски ме води од јануари 2026 и нереално ми е да се пофалам дека до сега имам симнато цели 20кг. со здрава исхрана, во ниту еден момент гладна. Професионалниот пристап му е феноменален, 24/7 достапен кога имам нејасни работи за оброците, здравјето и моменталната состојба како се чувствувам. Најдобро од сѐ е што програмата ја базира врз основа на мојот ритам на живот, а мене тоа ми беше многу битно. Пиши ми пп ако сакаш повеќе да зборнеме на темава ама огромна, топла препорака!
скроз, јануари бев 156 кг. сега сум 133, имаме уште многу за работа, но најважно од сѐ е што веќе ми стана животен стил здравата исхрана и комбинациите што тој ми ги подготвува за да биде во топ форма цел метаболизам и темпо на слабеење.
Само напред, најважниот чекор е направен! Ти посакувам многу среќа и истрајност и да си ја постигнеш целта
Скроз ист впечаток имам и јас за Антонио Велковски. Ароганција до даске. Во теретана го имам видено неколкупати, само пуфка, фучи, превртува очи ако прашаш за справа. Бетер од жена е. Кога ќе го видам дека сме се погодиле ист термин го одбегнував 3м радиус, многу негативен човек. Видеата негови чак-пат ми излегуваат, ќе го ислушам и не ми се допаѓа ни на видеата, и таму се примерува ароганција некако, се тој е во право.