1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење со помош на нутриционист

Дискусија во 'Диети' започната од majamaja, 2 август 2010.

  1. asia

    asia Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Може да ми дадете број од Тања Турунџиева? И да ми кажете каде се наоѓа.
    Одам кај Цеце веќе месец дена, и ослабев 2,5кг! Со целосно придржување до тоа што го кажува.
     
  2. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Ако ви треба било каков совет за исхрана и вежбање.
    Слободно може да ме додате на skype:vegen4life.
     
  3. netmedicaldiets

    netmedicaldiets Нов член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Net Medical Diets, www.nmd.mk dieti sozdadeni spored parametri od krvna slika i krvna grupa. Menijata se sekojdnevni no prilagodeni spored krvnata grupa, znaci slabeenje bez maka...
     
  4. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    И кое истражување ги потврдуваат вашите факти за подобрувањето на индивидуата преку режим на исхрана базиран на работи што не се докажани и не се потврдени со наука?
     
  5. netmedicaldiets

    netmedicaldiets Нов член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
  6. netmedicaldiets

    netmedicaldiets Нов член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Па вака Атлетикс, ние не препорачуваме никакви таблети, шотови или препарати кои подлежат на испитувања, кои можат да бидат и нарачани и платени, најчесто препаратите можат да бидат лажни и штетни.
    Напротив, нашата програма се состои единствено и само од намирници кои се дел од нашата секојдневна исхрана, значи во секој случај тоа што ќе го купиш од пазар е и научно докажано и одобрено за продажба (зелка, спанаќ, компир, риба, жита, млечни и месни производи :)
    Исто така знаеме дека луѓето што не внимаваат на својата исхрана јадат истовремено на пример: леб, компири, зелка, месо и сирење...
    Ќе се согласите дека ако на некој што е крвна група О му кажеме дека треба да јаде месо кое нема да го комбинира со компири и леб (како пример) или дека крвната група А треба да избегнува месо, а да форсира во исхраната печурки и зелнчук, евентуално риба (повторно пример) и му ги пресметаме калориите на тој што сака да ослабне ... не треба нешто научно да се докажува бидејќи нашите предлози се секојдневната храна од пазарите и продавниците, а не разноразни протеини и таблети ...

    Поздрав
     
    На teodorcka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Не сум одела кај Тања, само кај Цеце и јас искрено слабеев по 4-5 килограми од месец, и после 4 месеци откако ја завршив диетата ослабев 20 килограми, додека во обем бев буквално стопена и никој не ми даваше 70 килограми туку помалку.
    Затоа мој совет би ти бил да пробаш да издржиш уште малку. Можеби на почетоков нема да ѓи има посакуваните резултати, меѓутоа за некој временски период од бар три-четири месеци сигурна сум дека ќе забележиш значајни промени кои воглавно ќе бидат основани на обемот на критичните места.
    Моја препорака би ти била истовремено да вежбаш, бидејки исхраната понекогаш не е доволна за да се добијат посакуваните реултати. На пример јас додека одев таму во клубот кај неа бев одлична, но откако завршив во временски период од 6-7 месеци си вратив 10 килограми како попче, и се во обем. :|
    Сега еве не одам кај неа ради финансиски причини ама се придржувам на истиот режим што ми го даваше таа и за временски период од 3 месеци и две недели изгубив речиси 14 килограми и очекувам до крајот на месецов да изгубам бар уште 4, со тоа што не се придржувам строго, а правам и доста прекршоци ама истовремено многу вежбам.
    Саат време на орбитрејк, и бар уште половина час пешачење, секој ден без исклучоци.
    Колковите сеуште си стојат, ама со оглед на тоа што режимов планирам да го терам се до август, и нема да се откажам така лесно. :nod: па макар и по цена да ми се згади од јаболки и лимун нема да престанам да се хранам здраво додека не видам дека вагата покажува бројка која треба да ја има една слаба девојка. Така да, не се откажувај. Резултатите таму се бавни, но сигурни. Да знаеш ;)
    Кај Тања само ќе гладуваш, а и да успееш да се придржуваш на тој режим што ти го дава, кога ќе завршиш за уште побрзо време ќе си ѓи вратиш килограмите, па сега сама процени си дали вреди. :)
     
  8. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    И што има проблем тука во сите овие комбинирања на храни?
    Ќе се согласите дека луѓето било кој режим да го водат и да е мојот ако не се активни се ќе им иде во вода?
    Што тогаш?
    Зборот диета за мене е начин на живот,нешто што може да си уживам да сум флексибилен,да сум социјален,да можам да уживам во одредени работи што ќе ме направат нормална индивидуа.
    Затоа како некој што дава совети и им помогнал на повеќе луѓе не можам да им речам на клиентите дека само затоа што е тој тип не може да јаде тој тип на исхрана.
    Вие се супер што препорачувате здрава исхрана и јас сум за тоа но не може да ограничите една индивидуа само на здрава храна.
    Човекот е опкружен со индустриска храна што е вкусна,ефтина и на крајот на денот не секој човек има готвач дома и време да зготви еден здрав оброк.
    За протеините што ми ги критикувате добро знаете дека еден спортист му требаат многу повеќе протеини за да ја заджи својата мускулна маса што му дава перфоманси во спортот.
    Моментално од страната на JISSN препорачаната доза за спортисти е 1.4-2 грама протеин на секој кг за одржување на мускулната маса и перфомансите во спортот.
    Ве советувам да прочитате за што се предностите на суплементи за протеини и да пораснете и да ги видите фактите.
    Второ што би му препорачале на човек што е крвна група А дека треа да стане вегетаријанец и не треба да јаде месо,а месото е хранливо полно со протеини и со железо.Нешто што растенијата го немаат многу.
    Последно што вие рековте е дека комбинирањето на х храна со y е штетно?
    Не само тоа што не е точно туку немате научни докази дека јадењето на протеини и јаглехидрати е штетно.
    Напротив тоа што јаглехидратите и протеините прават е подобруваат ситост,инсулин сензитивност,грелин и лептин се хормони што исто така се подобруваат и индивидуите што имаат вишок килограми се лептин отпорни или не чувстуваат глад.
    И рецептот за успех за било која диета е да се движите повеќе и да јадете помалку.
    Кој избор и да го направите тој е личен ваш а ограничувањето и диети никогаш не даваат добри резултати,ние сме луѓе не може да го ограничиш и да го направиш глувче на вашите желби,кога тогаш тоа ќе пукне како балон.
    И за разлика од вас ја препорачувам зголемување на активната маса и намалување на вишокот килограми,добиваат програма за вежбање,персонален тренер со искуство и за мене резултатите се огледалото и телесните масти како процент а не вагата или BMI што не важи за луѓе како мене што имаат повеќе активна маса.
    http://www.atletiks.mk/vesti/fitnes/124-aktivna-masa
    http://www.jissn.com/content/4/1/8
     
  9. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Килограмите знаат да лажат.
    Зашто затоа што во еден ден тежината може да варира.
    Си внела повеќе сол,се врзало повеќе вода.
    Си јадела повеќе јаглехидрати тие врзуваат вода кога се прави гликоген.
    Фокусирај се на некои работи што вистински значат а тоа е активноста и правиот начин на исхрана.
    И нема да успееш да ослабеш ако јадеш само банани,овошје.
    Без протеини во исхраната телото никогаш нема да чувстува ситост.
    Ограничи го овошјето на 3-6 порции повеќе зеленчук и протеини.
    Поткаснувај си после вежбање еден убав оброк затоа што тогаш тој оброк е најважен за задржување на мускулната маса и тогаш најмалку се складира масни наслаги.
     
  10. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Сум одела кај цеце, додека бев Скопје - таа дава 3 оброци на ден и да ослабев, не велам не и не гладував - една година бев супер, и почнаа нервози и јас се фрлив на чоколадо и брза храна и :( а сега оваа нутриционистка ми дава 5 оброци на ден и слабеам а воопштооо не гладувам, за 4 месеци сум ослабена 24-5 кг и продолжувам.
    Шеќерот (т.е овошјето) ми го дава за ужина претладневна за да се преработи до вечерта, а додека попладне јадам јаткасти плодови.
    И секако се придружувам, нема благо, нема леб.... и резултатот е очигледен,

    Ме фаќа нервоза кога неможам да ослабам 1 кг за 1 недела (пример земам) .... а знам дека не сум прекршила ништо, но затоа после 2-3 недели јас сум веќе 2-3-4 кг помалку...и сум ХЕПИ тогаш

    1000 ден не се многу месечно за нутриционист, за разлика од тоа дека јас тие пари ги давав за чоколада, кока кола,
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rusk-a

    Rusk-a Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали некој има искуство во отстранување на целулит со помош на нивните диети? Јас сакам да одам кај Цеце, меѓутоа се мислам колку може да се реши овој проблем со помош на исхрана.Јас имам нормална тежина, дури и слабичка сум, но го имам овој проблем :/.И баш ме интересира на кој начин некој од Вас ослабел, дали затегнато слабеење или висната кожа, баш сум на мисла хмм...
     
  12. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Јас кај Цеце одев пред 7 години одприлика. За 9 месеци ослабев 22 кила. На почетокот беше добро но како поминуваше времето се по строги и по строги режими даваше. Иако дел од килата си ги вратив некои навики за здрава исхрана вечно ми останаа и постојано си ги применувам.
    Руск-а не знам дали за целулит би ти помогнало, но можеш да се консултираш со неа па можеби менијата ке ти ги состави со храна која природно го отстранува целулитот. Сепак можеш да одиш и да пробаш. :)
     
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Тоа што ти сакаш е да го затегнеш тој дел и да се добие убав облик на телото.
    Имаш 3 можности а тоа се:
    Да се здебелиш и да се молиш на генетиката да ти одат таму кај што ти ќе посакаш мастите(лошо).
    Да почнеш да вежбаш и да комбинираш кардио + вежбање со тегови+добра исхрана и да ги оформиш тие делови што сакаш со тоа што ќе додадеш мускули на тоа место и ќе ги стопиш маснотиите.
    Ако не ти е позната ова можеш да замислиш планина и вода,колку е водата повисока толку е можноста да салото ти виси,а ако планината е повисока тогаш ќе се гледаш затегната и нема да имаш свисната кожа.
    Третото е да се ставиш на диета и да ги стопиш мастите и да видиш како изгледаш генетски.
    Преферирам второто затоа што имаш проблем со целуит а за да го снема треба да комбинираш вежби за затегнување(обликување) + добра исхрана.
    Ако правиш само кардио тренинг тоа нема никогаш да го постигнеш.
     
  14. Cathe.rine

    Cathe.rine Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Гледам дека има многу задоволни од Цеце-Цвета Динева, па дали може некој да ми каже колку пари е месечно кај нејзе? :) Фала однапред
     
  15. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.535
    Допаѓања:
    28.741
    Пол:
    Женски
    Пијам лекови постојано, и поради тоа тежината многу често ми варира, ама имам и 5-8 кила вишок.E сега јас сама вежбам и внимавам на исхрана, ама и за одреден период ми се враќаат килограмите.Мајка ми ми вика да пробам со нутриционист, и гледам ја фалите Цеце па планирам да ја посетам деновиве.Е сега јас сум и анемична, и страв ми е дека поради строгиот режим на исхрана можам да го намалам железото уште повеќе, дали некој има искуство со ова?
    И да, дали може некој да ми даде број од Цеце?
     
  16. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Зависи какви лекови користиш?
     
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Од што и се состојат режимите? Јас имам одено кај Тања и бев супер задоволна,постигнав што сакав,ама престанав да одам и се збуцкав и тоа ептен.Сега размислувам пак да си почнам,ама не ми се оди пак кај Тања претпоставувам на истиот режим пак ќе бидам.

    И која цена е кај Цеце?Има контроли неделно,те мери и се тоа?Со крвна слика одиш првиот пат?И каде се наоѓа?
     
  18. InnaA.B

    InnaA.B Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    3
    Јас сум од Струмица.. каде овде можаам да се консултирам со нутриционист или да им пишам на една од нив да ме упатува.
     
  19. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Што конкретно ти треба?
     
  20. InnaA.B

    InnaA.B Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    3
    Некој режим на исхрана.. сигурно и квалитетно слабеење висока сум 165/70 но имам околу 100 кг.Имам форма на телото како јаболка.Пред 2 години бев на ригорозни диети како онаа на Жан Митрев,на 20 дневната и други и ослабев околу 15 кг.. и после две години.. сега сум повторно 100 кг на самиот почеток.Која диета да ја почнам какви вежби да правам да ослабам квалитетно може ли некоја од вас да ми каже да се консултирам со неа.. бидејќи и да бидам во контакт со нутриционист не е исто како што некоја од вас ке оди.. директно таму.. а секоја недела неможам да патувам Скопје Струмица :)