Слабеење со помош на нутриционист

Дискусија во 'Диети' започната од majamaja, 2 август 2010.

  1. dietgirl

    dietgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2013
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    97
    Одев кај Цеце со години периодично меѓутоа мое мислење е дека нетреба да се создава зависност од некого.Кога ќе прекршев нешто што неможам да го издржам таа што ќе даде паѓав во депресија.Мислам дека многу овошје дава исто и вода и треба да имаш услови тоа да го спроведеш плус сега чланарината е 1500 денари месечно што мене лично ми е многу,а тоа што ќе го ослабеш за неколку месеци го враќаш со првите 2-3 сендвича пошто организмот ти е навикнат на лесна храна,зеленчук овошје.
    Искрено ти ја препорачувам ун диетата,таа е замена за вита диет клубовите и многу е подобар режимот се јадеш не си гладна воопшто и се губат доста килограми.Јас со неа изгубив 8 кила за 5-6 недели моментално сум на диетата на Жан Митрев.Поздрав и со среќа.
     
  2. kate-goldy

    kate-goldy Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    И јас бев анемична па ми се среди крвта со режимот. Она што го научив од Цеце е дека преку овошјето и зеленчукот ќе добиеш се што му треба на огранизмот а водата уште повеќе ќе ти го хидрира телото и нема да имаш свисната кожа ни па целулит. За околу 8месеци изгубив 30кг ( нус последица од бременоста) и немам свисната кожа а искрено и не сум некој тип кој вежба :$ ако сакаш ќе ти го пишам бројот во ЛП ;)
     
  3. simona.7

    simona.7 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    11
    Јас слабеам со помош на нутриционист таа ми напиша диета и за 1 месец имам ослабено 3 килограми...што мислите вие дали е тоа добро или треба повеќе? инаку треба да ослабнам 7 уште 4 ми останаа за губење :D
     
  4. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски

    и јас исто така слабеам со помош на нутриционист, и за три недели изгубив 4 килограми. што мислам дека и 3 килограми за еден месец е доволно отколу нагло слабеење што воопшто не е здраво. колку што знам јас најнормално е 3-4 килограми за 1 месец да се губат :) така да продолжи си ако имаш можности да одиш на нутриционист, не само за слабеење туку и здравјето е многу убаво. :*
     
    На simona.7 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Кој нутриционист би ми го препорачале?
    Колку се плаќа?

    одприлика за 10 кг.се работи да симнам,може и помалку
    .СОВЕТ?
     
  6. simona.7

    simona.7 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    11
    да потоа се стекнува навика за да се храниме здраво ;) :*
     
  7. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Тања :)
     
  8. LadyMac

    LadyMac Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Јас најтопло Ви ја препорачувам Тања. После породувањето со помош на Тања си се вратив у нормала и паралелно си ја подобрив крвната слика
     
  9. slatkosmesko

    slatkosmesko Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Јас порано идев кај Цеце, па направив пауза неколку месеци и брзо си ги вратив килограмите. Се обидов и кај Тања но организамот не ми го поднесуваше режимот на исхрана, ми се лошеше. Патев од вртоглавица и несвестица, како што ми кажа мојата матична сум паѓала во хипогликемии. Сеа одам кај една докторка што ми ја препорачаа, д-р Ана. На режим сум од пролетта и фала богу не ме мачат вртоглавици, ослабнав 6 килограми што е можеби споро но барем знам дека е посигурно. Ми дозволи полесни физички активности, но не аеробик и пилатес, тие барале поголемо физичко напрегање и не сум смеела да почнам нагло и интензивно со вежбањето. За разлика од другиве нутриционисти кај неа е поевтино а го добивате истиот квалитет, што мене многу ми одговара. Плус тоа многу убаво објаснува ако нешто ја прашам за здравје, што може но не мора да е поврзано со слабеење. Јас само да ја споделам информацијава доколку некоја од вас планира да почне нов режим на исхрана :)
     
  10. rokiroksana

    rokiroksana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    98
    дали можеш да споделиш со нас каков е подетално твојот режим на исхрана?
    какво ти е менито
     
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.847
    Допаѓања:
    23.617
    Пол:
    Женски
    Јас сум пробала за месец дена 3 кила ама потоа прекинав скапо ми беше :)
     
  12. nemat-ime

    nemat-ime Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    6
    Здраво сакам да почнам да одам на нутрициониста епа сега имало некоја елена се викала во струга дали некој има одено кај неа и ако има некој број за да контактирам со неа ви благодарам од напред :D
     
    На Lady777 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Како што знам јас нема дипломирани нутриционисти во Македонија,Тања има завршено курсеви или слично а другите се самопрогласени нутриционисти,кои всушност имаат субспецијализација во диетологија,а пред тоа учеле медицина.Не викам дека незнаат што зборуваат и дека не знаат режим на исхрана да состават,ама тие режими им се еднолични кои најчесто вклучуваат само овошје и зеленчук или варива најразлични.
    Не е исто да си диетолог и да го познаваш организмот доволно да начкрташ неколку оброци,треба да ја познаваш и храната и нејзиното дејство во организмот,поголемиот дел на нутритиенти во неа и правилна комбинација на истата,со цел да не се изгубат хранливите состојки и да се апсорбираат максимално.
    Поарно најдете некој странски нутриционист,платете по интернет,мислам дека ќе имате многу подобар успех.
    Ова не е плукање кон нашите,да не ме нападнете одма :D
     
  14. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Па нормално нутриционисти се тие што читнале некој книги за некоја диета а немаат основно познавање за биохемија и метаболизам.
    За нив резултатите се тие што се важни и да ослабнат луѓето,ништо повеќе,а не им е важна телесната композиција и нивното здравје.
    Колку поригорозни и полуди толку подобри,а сите се држат на името ништо повеќе.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lady777

    Lady777 Нов член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво, исто и јас имам за неа слушнато но немам број и никаков друг контакт не можам да најдам.Те молам доколку најдиш било што ...пишими , поздрав. :inlove:
     
  16. marinka11

    marinka11 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    33
    не туку тропај глупости знаеш ли ти што се не се изучува на факултет за нутриционизам ?
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Ја знам програмата и размислувам да се запишам вонредно следната година.Тоа е моето мислење не мора да значи дека е точно.
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Па и не е баш точно СтефШеф, не се сите нутриционисти лаици и даваат само ригоризни диети кои го загрозуваат здравјето.
    Моја другарка почна да посетува нутриционист, не толку а да ослаби, туку зашто имаше нарушено здравје и страшни проблеми со желудникот и варењето на храната.
    И даде сосема фина програма за исхрана, многу детално структурирана само со здрава храна, никако пржена, па дури ниту печена и што е најбитно од се, јадење на 5 до 6 оброци на ден.
    Но да напоменам, дека здравата храна е скапа, семиња, масла од Биокулт се доста скапи, по 400денари за 200-300 грама, не секој може да си го дозволи тоа.
    Тука е единствената мака и проблем според мене, но дека сите хутриционисти се лажги си опашки и немаат основно познавање од метаболизам и билошките процеси на организмот не би рекла.
    Да беа такви, немаше да ги тераат да јадам по 5-6 пати на ден и повеќе од тоа дури па ни да вежбаат барем лесни вежби, ако не и нешто повеќе.
    Баш препорачуваат и месо и риба дури и свинско имаше на мениото на другарка ми, али варено, без сол и зајтин, со други зачини и здрави сосови, еднаш до два пати неделно што за мене е сосема океј.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Не мора да се иде до екстремности како чиа семиња,киноа,хељда,доволно е тоа што се има и да е ефтино.
    Здравата храна не мора да е скапа,ленено семе и рибионо масло за 1 месец ме коштаат 200 денари.
    Една исхрана месечно здраво кошта за девојче минимум 2000 денари,тука вклучува ориз,житарици,семки,тестенини,урда,пилешко,младо сирење,мешунки како грав,леќа,грашок,соја и наут и јатки како кикирики,бадеми,фстаци,ореви.
    Поентата е дека не сакам да давам имиња,многу малку почитувам што сум имал контакт со нутриционистиве и моето мислење е дека името им го прави тоа да луѓето идат кај нив.
    Ќе земат ќе научат пример некоја исхрана или диета според нешто и ќе станат нутриционисти.
    Тоа не е поентата на нутриционистот,поентата е да според неговите стандарди да направи исхрана.
    Основата е многу лесна во теорија,луѓето во пракса не сакаат да ја практикуваат :)
     
  20. marinka11

    marinka11 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    33
    е па ако ја знаеш програмата неможеш да речеш дека немаат основни познавања од биохемија и ред други работи