Јас користам појас син ама е како хеланики на SUNEX и засега сум задоволна ме поти многу . Го носам врз хеланки и кога после вежбање го соблекувам хеланките ми се жива вода . Планирам да го облечам вечер пред спиење
И јас ги купив хеланките на танана комплет ги земав 299 ден сосе сапунче за масажа и масажерче на промоција али одамна. Мн се добри ептен потат , под нив носам памучни хеланки а над нив тренерки за спиење само што ги баталив зашо на ова топло време уште тие ми фалат...
Јас користев еден појас за слабеење порано, го купивме од продавничка за фитнес опрема, нели кај што има разно разни работи за слабеење и слично, и не беше баш ефтин. Дојде во пакет со еден гел за мачкање. Е сега, остај тоа што немаше ама баш никаков ефект, туку пари се фрлаше само на батерии, батерии ... & батерии. Работеше на алкални и мислам дека дома одреден период само со нив се снабдувавме, со надеж дека ајде кога - тогаш ќе има ефект. Ама гадно се излажавме. Друго што сакав да кажам, лекар ми го забрани да го користам (не само јас, туку сите дома што го користевме) наводно бил штетен за срцето - за неговата нормална работа, во што се согласија многу луѓе од нашата околина. И нормално јас прекинав да го користам и сега којзнае каде е забутан, а гелот уште стои дома. Е сега, што се однесува до оние другите - што работат без батерии, туку се на лепенка или слично, добив еден таков на подарок од Биди - Фит. Овој појас ќе ми остане у дуго сечање. Го носев на први септември на прв ден во средно, прва година, бев у некој мој фазон влезена и сакам да изгледам стегнато и guess what, целата бев жива вода на блузата плус ми се скина. И јас наоѓајќи се во тесно видов - не видов го соблеков некако и го фрлив во првиот контејнер. Глупава постапка, знам .
И јас сум во групата со појаси. Купив пред неколку години Сауна Белт , за во струја што е. Ај што е морничава самата помисла дека сум на директно на струја приклучена, ама па барем да си ја вршеше функцијата како што треба. Јас лично не сум задоволна, 4пати го употребив , не ме испоти доволно па еве го сега така седи, фаќа прашина. Џабе фрлени пари. Многу поголем ефект имав кога се виткав во пвц фолија и пешачев.
И јас порано користев од овие појасиве што потат, па и оние пеперутките што вибрираа (демек ми ги активира мускулите додека се излежавате), ама никогаш не сум била доволно упорна за да видам дали даваат ефект.
Преку зголеменото потење не се слабее, само се исфрла вишокот вода од мускулите... ниеден појас нема да ви помогне да ги стопите мастите освен ако не сте физички активни
Имаме слимлајн белт, оваков: Срање у боја. Глупости живи. Само ќе дремеш со саати, за ништо. Барем да потеше..
здраво девојки денеска купв појас слим белт дали да го употребувам директно на кожа или врз маица ? Ч))
Јас си ги купив хеланките од танана, ама дали мора само врз други хеланки да ги носам или може и онака??
Навистина и јас би сакала да знам од каде можам да ги купам. Или овие или оние од Афродита. Така да ако знае некој нека каже
и јас носам еластичен појас ама го носам нон стоп(се откривам додека спијам и после си имам проблеми со бубрезите од промајата).некаде по интернетов прочитав дека една од славните после бременоста три месеци ден ноќ носела два пара корсети на неа за да не и остане стомак.додека вежбам ставам плус две најлонски фолии и еден волнен појас и + еластичниот мазници течат од мене