1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење со фолија

Дискусија во 'Диети' започната од Nona13, 6 јули 2015.

  1. Nona13

    Nona13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Замотувањето во целофанска фолија стана популарна козметичка процедура, а се користи за слабеење, детоксикација на организмот и подобрување на квалитетот на кожата.

    Постојат различни начини на замотување во фолија. Денес ви ги претставуваме двата најефикасни методи на слабеење, детоксикација и ослободување од целулитот со помош на целофанска фолија.

    1. Замотајте се во фолија со мед
    Загрејте мед во мал сад и додадете една жолчка и неколку капки цитрусно етерично масло (лимон, портокал или јојоба). Оваа смеса нанесете ја на проблематичните делови од телото (нозете, стомакот и бутовите) и цврсто замотајте се во фолија. Облечете топла облека, легнете и покријте се со ќебе. После половина час, тргнете ја фолијата и истуширајте се.

    2. Замотајте се во фолија со глина
    Антицелулитното замотување со глина е најдобар начин за согорување на масните наслаги. Притоа најдобро е да користите сина глина бидејќи таа содржи голем број микроелементи кои благотворно делуваат на кожата. Разредете сина глина со вода и нанесете ја смесата на проблематичните места. Облечете топла облека и оставете да делува 1 час.

    За подобар ефект, пред да почнете со третманот, направете пилинг.

    Замотувањето во фолија би требало да го практикувате два пати неделно и фантастичните резултати нема да изостанат. Ќе се ослободите од масните наслаги, но и од целулитот и стриите.

    Предности од употребата на кујнската фолија во процесот на слабеење:
    Фолијата не е скапа и секој може да си ја дозволи.
    Не мора да ги замотувате само критичните делови, туку можете и целото тело.
    Помага за обликување на телото.
    Кога се потите, тогаш слабеете.
    Помага во справувањето со целулитот.
    Ја прави кожата убава и затегната.
    Ако се занимавате со фитнес и вежбате три пати неделно, а притоа и се замотувате во фолија, во една недела можете да изгубите до 1,5 килограми.

    Напомена: Ако страдате од срцева болест, кардиоваскуларна болест, хипертензија или проширени вени, замотувањето во пластична фолија не е препорачливо!

    http://www.kafepauza.mk/zivot/isten...i-i-kje-vi-go-ischisti-organizmot-od-toksini/

    Има ли некој пробано?
     
  2. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    јас си ставав фолија на мене и трчав по скали 45мин , и нормално имаше резултати , јас си држев и диета и плус трчање по скали замотана во фолија и ослабев 15 кг за еден месец , инаку тешко слабеам , ама во обем бев ослабена 20см , сепак без диета и вежбање нишчо не прајме ;)
     
    На Summer16 и kjukli им се допаѓа ова.
  3. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Фолија + талог од турско кафе = бомба против целулит :rofl:

    Нормално ако собирате талог од кафето што го пиете, ќе треба да се отруете од кафиња дента. Јас варам од око густа мешавина, еден филџан кафе со 5-6 лажици кафе, како ќе ми дојде. Откако ќе се олади го истурам течното, а талогот го мачкам на телото и ставам најлонска фолија.
    Седам така од 20мин до пола саат. Уште од прв третман, целулилот ептен се намалува.
    Живо џабе е и нема да зажалите ако пробате ;)
    Само не шетајте по дома, талогот паѓа како се суши на вас и остава флеки. Најубаво во када или под туш, негде на плочки или па по двор. :)
     
    На betidule, Љупка :), theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.669
    Во ДМ има многу ефтина крема за целулит и ефикасна е.
    Не дека го отстранува туку кожата ја прави помазна и не се приметува целулит.
    Се продаваат во пакет три туби од по 150 гр и се околу 200 денари
    Одлични се за со фолија
     
    На didisi и kukla21 им се допаѓа ова.
  5. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Супер си направила бубрезите партали,кога трчате сите пори се отвараат на телото,а сите мускулни влакна се кинат,фолијата те топи порите отворени,потпа влага во сите пори и ете ти проблем на бубрези,не си играјте играчки,фолии појаси и незнам си што е чиста глупост.Доволно е една лесна маица и вежбање,демек ако не си се замотала со фолија немало да ослабеш така?
     
    На Oscar Lady и <3 pleza4e <3 им се допаѓа ова.
  6. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    И Јас саκав ова да го κажам, фолијата може повеќе пρоблем да ви напρави отκолκу да ви помогне.
    Не си игρајте игρачκи, последиците може нема да ги видите одма ама по неκолκу години сигуρно.
    Со пρавилна умеρена исхρана и вежбање се постигнува многу подобаρ ρезултат и подолготρаен отκолκу со фолии и баρем нема негативни последици.
     
    На Скопјетесакам му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    Ја после трчањето по скали замотана во фолија одма после тоа се туширав , ниту бубрези напрајв партали , ниту настинав ниту се разболев , само си имав брзи резултати и здраво слабеење , кој сака нека си проба, не слушајте бабини деветинии еве ме здрава и права :D
     
    На ssweety му/ѝ се допаѓа ова.
  8. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Не се тоа бабини деветини, бабинсκи муабети ни јас не слушам зошто најчесто вρсκа немаат.
    Пρашај било κое стρучно лице и истиот одговоρ ќе го добиеш деκа слабеењето не ти било здρаво и ќе ти κаже зошто.
    Пρоблемот е што сите баρате бρзи ρешенија не ρазмислувајќи на последиците, баρем не ги лажете дρугите деκа било здρаво.
    Ова го κажувам κаκо долгогодишен споρтист и твρдам деκа има начин за многу подобаρ ρезултат и слабеење и нога на κоја што целулитот се плаши да се појави после тоа.

    Сепаκ вие си знаете- големи сте. Сеκој си носи одлуκи во животот сам а и последиците сам си ги сноси κои што сега не ги гледате ама неκој поупатен во тие ρаботи многу добρо ги знае.

    Исто таκа тρеба да знаеш деκа после било κаκво вежбање тρеба да почеκаш малκу па после да се тушиρаш, поρади загρеаноста на телото.
    Не е тоа бабинсκи муабет, туκу долгогодишно исκуство :)
     
    На Goticarka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nona13

    Nona13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    А зa кoлку време пример oслaбе и кoлку oслaбе
     
  10. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    за еден месец 15кг и 20 см во обем и здрава и права сум , ова не чини она не чини само експерти во форумов во секоја област
     
  11. Nona13

    Nona13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Алaл некa ти е :D a сaмo кo вежбaше или трчaше јa нoсеше или цел ден :)
     
  12. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    34.578
    Пол:
    Женски
    Голем број на луѓе, како и доста блиски познаници знам што ослабеле со фолија, па ене ги здрави и прави се, бутур не им фали :)
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    само додека вежбав , додека трчав скали и кога ке вежбав втеретана носев , и мн се потев , нема потреба цел ден да се носи , на кожата и треба да диши , и искрено да не беше фолијата немаше шанси толку во обем да ослабам , и немам никаков проблем со бубрезиве или било каков проблем како што кажуваат експертиве ;)
     
  14. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    јас сум жив доказ :P
     
  15. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Затоа во секоја област постојат експерти професионалци успешни на долги стази, и аматери со краток успех. :P:P(mooning)
     
    На jovanovska94 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    You got the point! (highfive) (ова ми личи како спортско поздравување)

    И во оваа тема, а и во останатите, каде магично се губат килограмите, со ултра- супер лесни а секако ефикасни диети, антицелулитни креми, апчиња за слабеење, врагови и чуда, имај во предвид дека секој обид да ги разубедиш оние кои се задоволни од постигнатите резултати е речиси загарантиран со неуспех.

    Секогаш ќе има "јас пробав и ништо не ми е", "една моја пријателка" итн. Секако дека негативните ефекти ќе дојдат малку подоцна, ама нели, се е супер додека резултатите се сеуште забележливи.


    Се додека не се смени режимот на исхрана, додека не се направи детоксикација на телото, внесување на барем 2 литри вода дневно и активно спортување, ниту резултатите ќе ги има повеќе од неколку месеци, ниту целулитот ќе исчезне. :)
     
    Последна измена: 12 јули 2015
    На <3 pleza4e <3 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rawr

    Rawr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    38
    Се мотам со фолија,да и тоа како има добар ефект.
    Финтава е тоа шо коа ќе се намотам со фолијата обавезно вежбам а и јадам здраво,почнав пред недела време и морам да признаам дека има предобар резултат,многу брзо слабеам а и струкот доста до ослабнав,оние масни наслаги што си ги мразев скоро ги нема.(fingers):muscle:
     
  18. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    4.224
    Пол:
    Женски
    a што ставаш пред да ја замоташ фолијата?
     
  19. Лимонче

    Лимонче Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Не ви треба ова со фолијава. Заедно со водата што ќе ја изгубите, ќе изгубите и еден куп битни минерали, електролити и тн. А нема потреба од тоа, бидејќи водата брзо ќе си ја вратите после. За да се постигне ефектот од зголемена циркулација си постојат кардио вежби.
     
  20. Лимонче

    Лимонче Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    А да не зборам за тоа дека може кичма да ве фати, поради големите температурни разлики на кои што го подложувате тој дел од телото (откога ќе ја тргнете фолијата, кичмата од драстична топлина наидува на температурата на околината, која е сигурно мноогу помала, зошто нели, никој не носи фолија на плажа :))