Леле, сум се зафркнала! Купив чај, Слим микс од good nature и само 2 кесички испив до сега и ја ставив кутијата некаде да не ја гледам ниту пак мирисам бидејќи е одвратен! бљааааааак! Криво ми е дури и за тие 50-60 денари шо ги дадов на чајот - ќе си купев зелен чај, 100 пати ми е подобар и се навикнав на вкусот, баш е освежителен со цедено лимонче... ама тоа е.. сигурно имав некој флеш-комплекс во моментот кога пазарев
Јас имам проблеми со килограмите :// скоро 6 месеци пијам чај Кирколина и е многу ефикасен.Го препорачувам,но кога ќе го пиете нема да забележите промена одма во килограмите,туку прво намалување на стомакот па потоа бутовите.
^ прави паузи немој да го пиеш постојано секој ден. Не за друго овие чаеви за слабеење го забрзуваат метаболизмот и почесто одиме во тоалет. Затоа ако го пиеш долг период и потоа престанеш организмот е навикнат на чајот и може да се соочиш со тврда столица и да неможеш подолг период да си ја регулираш. Јас го пијам чат пат, да речеме 2-3 пати неделно баш за да си одам поредовно во тоалет. Се е добро кога е умерено.
ако мислис за кирколина го има во тедико 67 ден мислам дека го купив јас испив 3 кутии и почна да ме гребе желудникот неможев да го поднесам многу многу, и го прекинав
Здраво Феминки, Денеска го купив кирколина чајот за слабеење и седнав да видам дали има некои ваши искуства со него кога што ќе видам, вие сте имале попримамлива опција, ама ај од утре ќе го пијам овој таман една недела вајда, па после ќе се префрлам на миксот од чаеви и ИСКРЕНО се надевам дека и кај мене ќе има некој ефект како кај вас....зашто пукнав више 2 години неможам грам да симнам со милииииион диети и задрава исхрана и бла бла. Од неделава почнав и орбитрекот да си го користам конечно и се надевам дека така и ќе продолжам па во комбинација со намалена исхрана и чаевиве ....ахххх свадба ме чека за некој месец мора да ослабам Поздрав па ќе ви пишам како иде
Лани летото го пиев чајот Кирколина додека да се навикнам ми бесе многу гаден али отпосле добар беше.За 2 ипол недели ослабев 4 кила тамн до пред одморот тоа и ми беше целта и бев презадоволна, али додека го пиев внимавав исто и на храната. Сега планирам пак да го купам али сакам да ве прашам како го пиете дали само по 1 чаша после секој оброк зашо мене кога го пиев ми кажаа за да има поголем ефект да пијам една чаша 15 минути пред оброк и една 15 минути после оброк. значи на еден оброк по две чаши...
Јас секакви чаеви имам пробано од кој и Слим Микс - испив две кутии, ама (барем кај мене) немаше никакви резултати. Другарка ми ослабе со Кирколина, ама мене кога и да го пијам тој чај ми создава стомачни грчеви како за време на менструација, а во веце идам тек другиот ден. Пиев и еден јапонски, не ми текнува како се викаше - џабе. За вкусот немам проблем, имам пиено се и сешто (поготово кога добив ешерихиа коли) така што на се' се привикнувам. И сега си пијам само зелен чај, и си ослабев 2 кила
И мене ми прави грчеви, ама ќе се помачам уште малце да му дадам шанса да видам дали ќе го биде, али ако не се трпат грчевиве тогаш...ќе барам друго чаре
Браво за тебе! ете, зелениот чај ми се гледа како најефикасен и најздрав! и јас сега си го пијам да те прашам, колку пати го пиеш на ден, пред/после јадење, дополнителни вежби правеше и ограничувања?
Да се оди почесто во вц но по мала нужда што е и нормално , внесуваш течности, а за другата нужда јас одам редовно како што одев и пред да го пијам чајов.Искрено да ви кажам премногу ми се допаѓа вкусот веке недела дена го пијам и кај мене барем делува за оваа измината недела од 56кг. дојдов на 53кг. со тоа што јадев нормално но секој ден еднолична храна и барем еден ден во неделата овошен ден(и вежбав аеробик дома).Јас би ти го препорачала бидејќи се е на природна база и мнооогу е вкусен (барем на мене ).Се надевам дека ке ти успее
веке пазам на исхрана имав 65 кг денес се мерев и иамам 63 кг а 2 ден мие со цајот и навистина ме тера за мала нузда и сакам да ослабам баре усте 5 кг се надевам дека ке ми успее
Обично пијам три-четири шолји дневно, најчесто после ручек наместо вода и навечер кога ќе ми се пријаде. Во однос на дополнителни вежби - почнав со пилатес пред околу два месеци и кога одам да вежбам место вода си носам зелен чај во шишенце. А и сега откако се затопли времево, многу често возам точак. За ограничување во исхраната - избегнувам пржена храна која порано стварно многу ја јадев и газирано веќе не сум се напила месец дена. А количински исто јадам, мада некако немам потреба многу за храна затоа што се товам со вода и чај. Инаку тато ми имаше купено пред некој ден нов зелен чај од 1001 цвет, го немав пробано претходно. Во чајот има ставено и нане што многу го подобрува и вкусот и мирисот, така што ако ви е гаден ептен, ова ви е добра солуција
дали некој го пие Чајот Што го напиШа ем4е711 и дали има резултат мене мие 3 ден сакам да ми каЖе некој дали ја заврШи некој дозата
јас порано пијав турбо шланг и навистина ми помогна,скинав 15 кг.ама попратно со тоа пијав и капусли за топене на мрснотии и давање на енергија навистина ми помогна али залудно ке го пијас ако не вежбаш во тој период оти нема да добијас некое силно телно него онака само ке ослабеш и нема да имаш никаква форма.сега за да се одржувам и јас во чекор,после обилен оброк,најчесто после ручек,јадам и после два часа од ручекот си пијам зелен чај и не се скратувам од никаква храна!сега зависно од период,на пр како сто сега зимава покацив 1 2 кг сега ги немам,али мораш и да бидеш активна за време на тарапијата да речам на некој начин!