и јас го пијам некое време чајов случајно налетав на него во тинекс и не создава никаква зависност како шти кажа и россонерка мн е убав бидејќи точно го забрзува метаболизмот пред да почнам да го пијам имав проблеми ама затоа сега испод 2 пати во ден не сум
Јас решив да ја правам оваа диета со чајчето од Em4e711,само после два дена имам работа овие два дена.И си купив чајчиња,уште лимони и мед А магдонос си зедов обичен,не чајче и за 6 ден. цело најлонче Па уште подобро поќе ќе има Па ке видиме потоа дали ќе има кај мене резултати
http://www.24sata.hr/ljepota/najpoznati ... jeta-27532 ја најдов диетава веројатно е ефикасна јас ќе ја пробам па ќе ви кажам резултати
Овај чајот стварно дејствува И сум малце подослабена,2 дена праев пауза па сега пак Само се немам мерено ама се осеќа,ќе си го пијам и понатаму,во комбинација со помалце јадење
Сакам да прашам за овој чајот од Em4e711 дали може на пример наместо 3 л да зовриам 1,5 л вода и од сите чаеви по пола да стаам на пример наместо 4 ќесички магдонос да стаам 2 ?
Јас најдов на интернет нешто слично. по една кесичка чај од мајчина душица,магдонос, зелен, кантарион и камилица.во 2 кг.зовриена вода стојат пола час.се става сок од пола лимон и една лажица мед.се пие во текот на денот. јас почнав .денес ми е втор ден .па ке видам како ке биде.и ова повеке ми одговара затоа што има помалку чај .мислам дека тоа на 3 кг вода по четири кесички од секој.......ме плаши.иако е чај сепак не треба да се претера. и јас го пијам без мед.така ми е подобро.па ке видиме како ке биде.
Дали некој пробал да слабее со чај од коса од пченка (знаете косата од кочаните додека растат)? Има доста што пиеле и се задоволни. Нечие искуство?!
Да да можи,и јас така го правам И си го ставам во фрижидер и леден ми е поубав,а лимон и мед не ставам,туку додадов чај од нане и убав е,не е гаден
Па зависи кај секој различно,еве на пример кај мене делува,сестра ми исто со мене пиеше,неа не и делуваше воопшто,така да секој треба да проба на своја кожа шо се вика па да прецени.
ХАхах паааа за околу 2-3 сати почна да дејствува ,како шо кажаа и другите феминки на почетокот,има брз ефект а иначе почнав да слабеам покасно,мислам се осети веќе 4-5 ден дека почнувам да намалвам.
Зелен чај и нане (ова сама го додадов) од КАМ маркет,мајчина душица и кантарион од Веро,а магдонос земам обичен пресен,не видов таков чај,ама и останатите феминки кажаа дека и така е ок .Ајде ако почните и вие пишете резултати
јас го пијам чајот еве пети ден и вопшто не осеќам промена ни грам не сум симнала па ни со метаболизмот немам промена
Хммм незнам....јас па, прекинав малце,2-3 дена,сега пак ќе го правам...и кај мене намали ефектот,ама ќе видам сега шо ќе биди.
Чајов кај сите различно делува ,ако си слаба а сакаш само стомакот нормално дека нема да делува ,меѓутоа доколку имаш некое килце вишак сигурно дека ке делува.