Ама па ако вие јадете нормално а чекате само на чајот па тоа не е магично стапче... Јас го немам пробано, имам страв од слабеење со чаеви од проста причина, да не ми создаде организмот зависност, за одење во веце само со тој чај, меѓутоа и поводете сметка на јадењето, малку, леб не, после 20 часот никако храна и ќе има резултати сигурно(со нејадење по 20 часот и без чај ќе имате резултати, мајка ми симна 10 килограми за 2 месеци, со не јадење после 20 часот, а не е да речеш дебела имаше 70 килограми а е висока 1,63, сепак за жена во години не беше којзнае што, и симна 10 килограми).... Само напред.... Може ако ми помине стравот од зависност да го пробам чајов едно 2 недели.... И да, Зелениот чај не создава зависност, мн е корисен, и не е воопшто за одење во веце, Алкалаксот создава зависност, е после тој чај пиење подолго време, може да се стане комотно претлатник на Алкалоид зошто друго чаре... НЕМА!!! Ви посакувам брзи резултати и тежина која ја посакувате
Ме интересира дали има некоја од вас која користено од Матија Пауновски чај,и дали сте задоволни?купив јас ама незнам дали би имало ефект и дали е здрав пред се позз
И јас планирам од утре да го пробам тој миксот на чаеви па да си регулирам метаболизам , пошто ич не пиам вода ( ете денес едвај испив 1 ипол шишенце од по пола литар ) па може ќе го смалам дуењето на стомакот + да симнам некое килце. Само неколку прашања : - дали се пие само 18 дена т.е 22 со се паузите или колку сакаш? - сали го пиете топол или во фрижидер го ставате? - и едно глупо прашање , ама како префрлате од тенџере во мали шишенца?
Jaс си земав КORO чај за слабеење барем така пишува на кесичката .. ми текна влегов во супермаркет и го купив денес почнав да го пијам .. но некако ме фаќа паника да не ми напраи некој проблеми во организмот .. со страв но сепак го пијам. Шо мислите можно е да ми штети ?
Па можно е,се е штетно ако се претерува,затоа со мерка и паузи,така нема да си наштетите.Немојте да претерувате и да очекувате резултати одеднаш или побрзо да настанат
немам проблем со килаЖата, но за да не покаЧам си пијам зелен Чај , многу убаво се Чуствувам, пијам 3 до 4 шолји на ден , наместо шеќер си ставам мед и лимон, ммм навистина помага
Па на кесичката не пишува нишо за тоа како да се употребува .. само за подготовката .. и затоа некако сомнително ми изгледа :/ .. но сепак си велам чај како чај како може да ми наштети кога е направен од билки се на природна база ...
Нема врска што е чај и што е на природна база...Се што се употребува повеќе време може да биде штетно..Чаевите што се за слабеење по подолга употреба може да створат зависност затоа е пожелно да се прават паузи..Лично јас го правев ова миксот што е со чаевите,само наместо 4 ставав 3 кеси бидејки ми беше многу јак..Значи чајов блага веза нема за слабеење, или мене до организамот ми е...Ме затна скроз и во тие 6 дена што го пиев само еднаш отидов во вц....Од слабеењето не видов ни О мислам дека ке беше боље само зелениот да го пиев отколку така...ама бидна веќе
Едно време качив некое килце ,па решив да пробам со чај ! Ама немој бре ! На мене воопшто не ми помогнаа а си дадов убави 500 денари за еден чај
Јас го пиев пред 1 година чајот за слабеење од Матија Пауновски. Го земав по препорака на другарка која исто го користела после бременоста и ослабела 8 кила за 2 месеца. Јас испив 4 дози од чајот и симнав 9 кила за 3-4 месеци. Ми кажаа дека и пејачов Митевски имал ослабено од тој чај. Јас искрено го осетив ефектот, од тогаш наваму фала му на господ не сум имал потреба да го користам бидејки внимавам многу на исхрана. Се надевам нешто помогнав со одговоров.
од каде го зимаш тој чај ? и ако можеш да објасниш како го пиеш колку пати во денот и што јадеш во меѓувреме
Девојки, напатени душички, нели гледате KOLKO LJUDI TOLKO CUDI.... Инаку да, пијам во моментов Кирколина, едно по појадок и дупло по ручек бидејки не вечерам. Инаку веке 10 години не јадам после 20Ч и никаков ефект. Метаболизмот ми е на годишен одмор така да морам со нешто да го стимулирам за да проработи. Сега засега со Киркава имам ефект, се осекам празно во стомакот а не како кога идев во WC и пак се осекав дека ми се полни цревата. Го земав Кирколина Лукс од Веро, таму е најефтин 109 д. е, а на друго место е 130,140,150 д. Таман сега ми се погоди со цитрусниве овошја бидејки ги обожавам и појадокот ми е доста сведен на минимум, од утрово изедов 600 гр. мандарини, крушки и јапонски јаболка, а за појадок само три кифлички. Задолжително, ама задолжително со секоја диета, било какви средства за слабеење и слично јадам темна чоколада или квалитетно чоколадо за готвење, по едно редче за појадок едно за ручек. Ке помине некое време со Киркава па ке го пробам и вашиов чај од мешавината, бидејки мразам горчливи вкусови а оваа мешавина има надеж дека е повкусна. Инаку во врска со мешавината сметам дека нането не е најдобар избор бидејки кога имам дијареа единствено чај од нане ми помага, што значи ефектот ке биде сузбиен од чајов ако додадеме и нане, ја ке се придржам до рецептот, само да ја допијам и оваа кутија Кирка и почнувам со мешавинава. Очајно ми требаат, всучност не ми требаат овие 20 килограми на мене. Во мегувреме вежбам и пилатес навечер дома, тоа ми помага за да стекнам поздрави навики, за дишење и да се истегнам бидејки цел ден седам инаку.
Мислам дека не е во ред да се пие чајов за време на доење бидејки се што внесува доилката внесува и бебчето, другарка му навлече алергија на јагоди на маилот бидејки таа јадела, епа види ти како ке му биде на тоа сиротко шо си нема мака со килажа, па ти да го наполниш со антиоксиданси(зелен чај), лаксативи(кантарион) и диуретици(магдонос), плус медот, не се препорачува да се конзумира мед додека се дои бидејки и тоа може да створи алергија кај доенчето, како што и на мали деца треба да се избегава давање на мед, бар до 1 годинка додека да наполни. Чаре, или почекај додека да се одбие детенцето, или одби го за да си ја вратиш килажата, што реално мислам дека е апсурд, здравјето на тоа мало човеченце е најбитно, има време мама да се грижи за линијата и за изгледот, а впрочем може да се грижи и додека дои, со правилна исхрана и со вежбање малечкото нема да биде во опасност а мама пак ке биде убава за тато. P.S.Извинете за проблемов што ми се случи со пишувањево, ако знае некој нека го среди. Имам најдобр намера да и помогнам на Мамичка бидејки сум најголем пријател на Бебчињата.