Црниот, белиот и зелениот чај се од иста билка. Првиот се прави од коренот, вториот од цветот и третиот од стеблото и лисјата, што значи ефектот е сличен. Овие чаеви делуваат на забрзано исфрлање на токсините, што во комбинација со Лунарната диета би требало да даде одлични ефекти, некои организми особено реагираат на ефектот на зелениот чај и се забрзува намалувањето на килограмите. Јас лично овие чаеви ги пијам како но немам никаков ефект во однос на килажата. Ја започнувам Лунарната диета и се надевам дека заедно со чајот ќе ми помогне многу да ги отстранам трајно килограмите.
jas go pijam kirkolina veke mesec i polovina i namaliv 7 kg i sum zadovolna. no se plasam od toa sto ke se sluci koga ke prestanam
Можете да ми препорачате најефикасен чај,и колку пари е?Бидејќи до сега немам користено,а сакам да пробам бидејќи си накачив килца зимава.Лежи-јади,празници...
Јас почнав со користењена овој чај Во 3л зовриена вода се става: 4 кесички чај од магдонос 4 ќесички чај од мајчина душица 4ќесички зелен чај 2 ќесички кантарион да стои пола саат па се вадат ќесичките, се додава 3 лажици мед и 4 исцедени лимони се пие 2 дена по 1,5л на ден се пие 6 дена па се прави пауза од 2, па уште 6 дена Го прочитав тика на форумов и еве втор ден ми е па ке видиме Прашањето ми беше дали кога пијам чај може да консумирам и кафе или може да има некој контраефект????
јас купив чај Киркулина лукс (егзотик) од верото, и веке го пијам два дена, после секој оброк. навистина протерува, а за тоа колку ќе ослабам ќе дознаете понатаму за некоја недела
драги феминки, јас сум цел живот на диета, сум пробала со чаеви, и 300 други глупости. и кога така се залажував демек еве пиам чај ке осланам, баш тогаш не симнував повеке од 3 4 килограми. ако сакате навистина да ослабнете ке ви кажам како мене ми успеа пред една година и тоа за 3 месеци ослабев 12кг, без апчиња, чаеви, и ред препарати. се што треба да направите е да издржите само 2 дена и после е лесно организмот веднаш прифаќа оти и на самиот организам му одговара таков вид на исхрана. како прво извадете го лебот, и се што е од бело брашно, јадете нутри или било каков црн леб(а јас го извадив скроз лебот), дозволено е и благо да си јадете и чоколадо и се но не повеке од 3 4 залчиња на ден,( јас јадев чоколадо секоја ден по 1 ред значи 3 коцки) и обавезно по една шоља зелен или црн чај на ден. е сега со секој оброк мора да имате искомбинирано дали супа или јогрут или ниско калорично млеко битно додека јадите да примате и течности од таков вид(да не е вода).пред секој оброк морате барем една чашка со вода да испиете. е сега најбитно и најболно до се е тоа што првата недела смеете да јадите до 20часот, втората до 19 часот, а третата недела до 18 часот и потоа 3 месеци секоа ден после 18 часот ни залче во уста да не ставите, освен да пиете вода или за тогаш да си го оставиет зелениот чај(ако не ви прави проблем за спиење после). овие часови важат за луѓе што си легнуваат околу 24часот или покасно, ако си легнувате порано тогаш и термините за последен оброк ке ги поместите порано.првите ден 2 ке ве фака криза за јадење околу 20-23 часот но морате да издржите ако сакате резултати, а потоа веќе најнормално ке ви биде навечер да не јадите. оброците да не бидат обилни, и смеете да јадите најногу 4 пати ама само во еден оброк(првиот) смеете да си лапните црно лепче. позз и SREЌNO
Јас го земав од Тинекс 103денари. Туку вчера се напив две чаши а сега во рок од пола час бев два пати во ВЦ, се изначудив од што вака, па и мешето ме боли не една беља....среќа што се сетив дека вчера преку ден го пиев чајот. Изгледа делува чудово
овој чај на мене ми донесе многу проблеми еднаш го пробав пиев 10тина дена,апетитот ми се губеше,неможам да опишам како се чуствував многу ми беше тешко еднаш излегов со мајка ми и одеднаш паднав,веднаш ме однесоа во болница ме освежија со една инфузија а јас само чекав да дојдам дома и да се најадам за цела недела од тогаш страв ми е и да го погледнам
дали некој имаискуство од цајот на матија пауновски денеска го земав па сакам сакам да прасам дали некој го има пиено до сега
цајот на матија пауновски се продава во билната аптека на матија пауновски а се наога во кисела вода кај рампа одма тука десно има една улицка лесно мозе да се најде цената му е 250 ден ама дозата е за две недели за еден месец потребни се две кутии
Прво го земав лукс а сега го пијам класик. Не гледам некоја разлика освен во вкусот(лукс беше овошен и повкусен), и од двата одам во вц Само навистина незнам дали сум ослабнала или не, тоа некако неможам да го проценам. Моментално го комбинирам чајот со слим лајн капсулите. Па ќе видиме