точно е тоа дека не се забележува кило и пол на фармерки, ама со оглед на тоа дека за 4 дена си симнал кило и пол за 10 дена 3 кила а за месец супер ќе биде ако се достигне 5 килограми помалку,тоа е постепено слабеење без никакви сроги диети. што е убавао за организмот без никакво измачување
Вака: за femina90 првите три кила што ги симнуваш обично се вода, а натаму веќе ти се мрсните наслаги и слабееш во обем дури и мајка ми денеска ми рече дека сум ослабела, особено во горниот дел од телото, но јас чувствувам разлика и на нозете, приметив дека малце ми се рашириле фармеркте Нормално, кај секого е различно, па можеби кај тебе повеќе ќе делува на друго место, тоа си е индивидуално А за butterflyyy мора да го има во продавница, бидејќи јас го купувам од една мноогу малечка...Ако не па побарај го во Tinex, Vero...Во некој маркет...
Го пијам чајот Кирколина веќе 2 месеци и кај мене нема ефект. Кога ќе си скратам на јадење ослабнувам кило, две...а кога си јадам нормално килажата ми останува иста. Така беше и пред да почнам да го пијам така е и сега...но јас сум си упорна уште си го пијам, кој знае може еден ден ќе се разбудам без тие 6-7 кг што ми прават проблем?
имам пиено Kирколина ништо инхуа чај-пак ништо може ќе пробам со овој со лимониве инаку имаше еден чај на A1 го рекламираа...Aј ако знае некоја нека пише колку пари е, и дали има ефект?
Почнав да го пијам чајов, денеска ми е четврти ден и мора да се пофалам!!! КОНЕЧНО успеав да мрднам малку со килограмите...Држев ригорозни диети и со нив успеав да ослабам 5 кила, ама тоа беше се... Потоа две недели гладував и ништо, немаше резултат, само ми се вртеше и многу ми беше лошо....И си реков дека не се замарам со не знам какви диети, туку едноставно ќе го променам начинот на исхрана...И си ја почнав диетата на Обединети нации, ама со мала разлика што кога нешто ми се јаде, не се лишувам од тоа....Е сега, не е дека се прејадувам, туку само да ми помине желбата за таа храна....и поминаа 15 дена а јас ни едно килце не симнав....па решив да пробам со чајов....И не згрешив воопшто....Само што, наместо 1.5 литри, јас пиев литар ама и вака симнав кило и пол Ептен тера за во wc, исто како кога сум пиела и по 3 литра течност дневно Ќе ве известам за резултатите после неколку дена, се надевам дека ќе бидат позитивни [/quм мене ме интересира дали додека го пиете чајот сте на диета или си јадите нормално во текот на денот ,сакам и јас да почнам со чајот па пишете ми ...
^pumpkin само напред, во најбрзо време јас те придружувам 1.5 кило, а се нормално си јадеш???TOO GOOD TO BE TRUE пробачу
Си пазам на исхрана, односно се водам според УН диетата, не јадам леб, ама штом видам нешто интересно, обавезно си каснувам...Значи, битно е да имаш три оброка на ден и количински да не внесуваш премногу...Според мене ова е формулата за правилно и ефикасно слабеење...И нормално, физичка активност, што во последно време, за жал, не практикувам, но се надевам дека деновиве ќе почнам да вежбам нешто... Слободно пишете ако можам да ви помогнам
За здраво, здраво е...Пиеш зелен чај, има мед, витамин Ц од лимонот...Во основа секој од чаевите е добар... а за тоа дали се јаде нормално, читни го постот над тебе
^ бар мајка ми така прави цел магдонос става, го вари! и јас така ќе правам куц може бре, магдонос си е магдонос
И јас би те посоветувала слабеј си на природна база ( мислам без апчиња) најдобро ти е не ризикувај. А овој чајов супер ми изгледа и ептен е здрав вреди да се проба ама и сигурна сум дека ќе има резултати со оглед на тоа што внесуваш во организмот литро ипол чај и тоа те заситува, ти се намалува потрбата за храна