1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење со чај

Дискусија во 'Диети' започната од The-Queen, 13 февруари 2011.

  1. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Едно прашање девојки - зелениот чај има ли ефект ако го пијам ладен? Топол чај на времево, не, но да не се губат некои состојки, затоа што ладен со малку лимон, ептен ми е права ствар на жешково. :)
     
    На pearlll му/ѝ се допаѓа ова.
  2. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    ^ Леле да не ширам дезинформации, но мислам дека некаде прочитав дека зелениот чај го губи своето својство доколку се пие по 30мин. од неговото подготвување. Но не ме фаќај за збор, не сум сигурна. :!:
     
  3. pearlll

    pearlll Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    23
    Едини начин да ослабнете с‘с зелен чај е : Да се качите на планину и да га соберете !
    :) :)
     
    На faye, soffce, mimiiiii и 6 други им се допаѓа ова.
  4. ajjjik

    ajjjik Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    nemaa gajlee.. se dodekaaa nemas ton sheker vo nego :)
     
    На pearlll му/ѝ се допаѓа ова.
  5. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    еве се приклучувам и јас на темава.од пред една недела почнав со пиење на мешавина од чаеви.рецептот го најдов на форумов.незнам уште дали има резултати од чајот бидејќи не се имам мерено.ќе го пијам уште некое време па ќе ви пишам дали е ефикасен.инаку немам пиено чаеви за слабеење порано ова ми е прво искуство па се надевам нема да се разочарам..позз :D
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.130
    Допаѓања:
    156.108
    Јас ќе почнам од утре со Саси водата,за малце дитокс, ама проблемот ми е што не можам да најдам свежо нане во изобилство...во двор имавме,ама го ископале и немам повеќе. Мислам дека обичен чај од нане не би ми завршил многу работа...
    Каде да најдам свежо нане?
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    ^ Порано имаше нане, камилица и останати билки и чаеви на зелен пазар, многу бабички селанки продаваа што си собирале по селата.
    Знам дека дома често купававме од нив, зашто знам дека беа 100% природни.
    Види да не стојат уште, надовор од пазарчето, кај кулите, или на влезовите, не на тезги онака си продаваа самостојно.

    Лилит ако не ти е тешко ќе можеш да ми кажеш каква е таа Саси вода?
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.130
    Допаѓања:
    156.108
    Во 2 литри вода се става рендан свеж ѓумбир, сецкана лупена краставица, еден лимон и 12 ливчиња свежо нане. Цел ден ќе си пиеш од неа.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Лилит, свежо нане и јас пред многу скоро време имам гледано исто на зелен пазар, тука на почетокот тие бабите продаваат, како китки. Има и на бит пазар по тезгите само тие ми беа мене сомнителни. :D
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.130
    Допаѓања:
    156.108
    Вечерва ќе го правам со ѓумбир во прав и чај од нане,а од утре прописно. :D
     
  11. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.399
    Допаѓања:
    33.692
    Пол:
    Женски
    А дали сте пробале чај од следниве состојки:
    Во 2.5л. вода, се ставаат 6 кесички зелен чај, 4 цедени лимони и малку нане?
    Слушам добар бил за топење на масти...
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.166
    Допаѓања:
    102.138
    Пол:
    Женски
    Лилитке, го имаш во поголемиве маркети, стрикно во СП Планет во Ѓорче, китка ти е 20 денари и тоа убаво нане баш, мириса цел дел околу пиљарата од него ;)
     
  13. Femmince

    Femmince Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    8
    каде го купи чајов и која цена е?
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.159
    Допаѓања:
    138.778
    Во Рамстор речиси секогаш има, многу ретко се случува да нема. Го има и она дивото за мохито, и она другото за грав :D
    Пред некој ден кога бев ги имаше двете.

    Туку водата што ја зборите од вечер се прави за следниот ден, или од сабајле, па се пие цел ден? Многу освежително звучи, морам да ја пробам.
     
  15. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Подолг период го пијам само зелениот чај по 2-3 пати на ден.Сега сакам да го направам миксот од чаеви и тој да почнам да го пијам + чајот од Кирколина што го спомнувате.Мислите ли дека ќе му биде голем шок на организмот ако цел ден ги пијам чаевиве или да го откажам зелениот чај?Помош
     
  16. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    Пробај го прво миксот па ако не ти делува пробај го другиот чај но одделно јас го пиев миксот но не се имам мерено да видам дали имам ослабено
     
  17. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    оваа саси вода, треба да се процеди пред да се пие, така?? или се јадат плодовите и ѓумбирот? ги купив сите намирници, вечер да ја направам. колку часа треба да стои? и колку време е дозволено да се пие или нема одреден период?
     
  18. ivanus

    ivanus Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    51
    Женски го пијам миксот од чаеви вчера и денес, но некако не осеќам дека ме тера у вц :D Дури мислам дека и повеќе ми е подуен стомакот. Може е рано сеуште или па дека го пијам ладен, да не не треба така :?:
     
  19. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416

    од што се состои тој микс ?
     
  20. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    ЕВЕ ГО МИКСОТ:
    Во 3л зовриена вода се става:
    4 кесички чај од магдонос
    4 ќесички чај од мајчина душица
    4ќесички зелен чај
    2 ќесички кантарион
    да стои пола саат па се вадат ќесичките, се додава 3 лажици мед и 4 исцедени лимони
    се пие 2 дена по 1,5л на ден
    се пие 6 дена па се прави пауза од 2, па уште 6 дена

    Јас си продолжив да го пијам зелениот чај во комбинација со кирколината и целулит микс чајот на Алкалоид.
    Си направив некој распоред и мислам дека нема да ми дојде многу на чаеви во текот на денот.
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.