Се што Ви треба е: зелен чај,цимет и ловоров лист! Зовријте 800 мл. вода,тргнете ја од оганот,додајте едно гранче цимет,3 ловорови листа и 1 лажица зелен чај(отворена филтер кесичка), Поклопете и оставете 15 минути да одстои 15 минути,а потоа процедете Дали го има некој пробано овој рецепт да каже искуства.
Се додека јадете како сега ништо нема да има ефект. И не, од чај не се слабее туку од патент на уста. Ова од паталец кажано.
Дечки, сеуште сте на темава вие од прошла и препрошла година, не ја научивте лекцијата? Значи, само протеини, намалување јагленохидрати, тежински вежби и по еднаш неделно HIIT. Друго ништо и никогаш нема да ве ослаби, со целосна почит до вас. Поздрав.
Ако побараш на гугл на англиски ќе најдеш многу текстови од релевантни сајтови/списанија во кои пишува дека зелениот чај помага за слабеење.
Дали го редиш цело пакетче цимет?. Јас имав 76 кила со вежби ослабнав 10кила ама стомакот уште ми стои сакам да пробам со овај чај дали би ми се повлекол.
Да, цело го ставам. А за стомакот сепак е индивидуално, кај мене имаше ефект али сепак долго време го користев. Пробај па се надевам ќе се пофалиш со резултати
Мача пијте си во замена за кафе секако со внимавање на исхрана има ефект. Јас го правам со вода или со млеко како мача лате.
Може ли амбалажата да ја сликаш да ја видам каква е? Јас купив и пијам ама мн прашкаста вкус ми има дури одвратен
Истиот е на Биокосмос и мојот. Таков треба да биде прашкаст да не ставаш по многу? Пола лажиче е доста. Обично се осеќа така на вкус ако претераш па засркнува дури при пиењето.
Zdravo na sitejas sum nova na forumot i sakav da ve prasam za iskustvo dali nekoja go koristela ovoj caj slim forte?Edna prijatelka pocna da go koristi i za edna nedela oslabna 4 kg pa sakav da prasam dali uste nekoj ima takvo iskustvo pred da go naracam?
Тие 4кг се гликоген, поткожна вода и сол. 4кг сало е невозможно да се симни за недела дена. Не постои напиток кој топи масти, постои исхрана за намалување на вишокот масти.