Може се обични фластери и ги продаваат како лепенки за топење сало. Инаку шала на страна, лага е. Комплетна, 100% лага.
Здраво. Дали некоја има искуство со Tummy Tox Tea? Да сподели, дали навистина делува и дали навистина е 100% природен? Јас вежбам 2 месеци и сменив исхрана,ама ми треба нешто што малце би убрзало.
Кој ослабел од чај и од таблети жифти сфе?? Освен продавачките што треба да го продадат производот (они такавелат) други не сум слушнала да ослаби од чај
Метформин води до слабеење, иако намената не му е за тоа. Но, иако ретко, знам дека има луѓе кои го користат за да ослабат.
Метформинот мене ми го бутка шеќерот и ми отвара апетит. Плус е таблета што се зема на рецепт. Не си играјте со апчиња за дијабет, ако шеќерот во крвта ти е во нормала може и да се здебелиш од метформин/ глукофаж. Пошто ќе ти го снижува шеќерот во крвта и ќе те тера на храна.
Зошто си пиела метформин без потреба жити се? Патем ако ти немаш ефекти не значи дека не е така, генерализацијата почесто отколку поретко е тотално погрешен пристап кон било што.
Патем да не се сфатиме погрешно, не препорачувам било кој да експериментира со сериозни лекови за кои случајно се открило дека влијае на слабеење или не знам ти што. Не земајте лекови на своја рака, мојот пост беше повеќе како тривиа отколку како совет (баш напротив). Мислам дека едноставна е равенката за слабеење - трошете повеќе од тоа што внесувате. Вежбање, диета, спортување, пешачење, исфрлување на штетни продукти или пак барем намалување на нивна конзумација е начинот на слабеење како и здрав живот се разибра.
Не беше без потреба, имам проблем со инсулинот и баш за таа намена беше. Значи ми се нормализира шеќерот, се контролираше инсулинот и пак додека не се ставив на диета според мојата состојба не ослабев.
Како додаток во исхрана кој го поддржува слабеењето. Т.е. за побрзи резултати во процесот на слабеење.
Среди ја исхраната и додај било каква физичка активност - тежини, трчање, пешачење, точак, пилатес итн, што највеќе уживаш. Чаеви не ти требаат.