1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење со чај

Дискусија во 'Диети' започната од The-Queen, 13 февруари 2011.

  1. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    573
    Дали знаете какви последици може да имате од пиење вакви чаеви драги мои девојки?
    Не доаѓам да солам памет, темата е сместена во категорија диети, па верувам секоја од вас сака да постигне витка линија, ама не смее по секоја цена.
    Лично, немам слушнато за ниту едно позитивно искуство со чаеви, вие имате?
    Може ќе ослабите, да изгубите вода од организмот, но, последиците како аритмија, тахикардија, болести на тироидната жлезда, бубрезите се далекосежни.
    Особено доколку чајот се конзумира неправилно или подолг временски период, на пример повеќе од два месеци.
    Јо-јо ефектот во 80% од случаите е загарантиран, па вие видете колку вреди да диетарите на ваков начин.
     
    Последна измена: 6 декември 2023
  2. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    1.359
    Не постој чај кој топи масти. Не постој супстанца на природен начин или кој може лесно да се најди без рецепта и кој ќе топи сало. Незнам зошто сеуште постој оваја тема....
     
    На Spidy, Polyincognito и Oriental им се допаѓа ова.
  3. Alex.T

    Alex.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    228
    Пол:
    Машки
    https://www.slobodenpecat.mk/sholja...jeto-a-pridonesuva-i-za-zdravjeto-na-mozokot/
    Нова студија: Шолја од овој чај дневно ги „топи“ килограмите, а придонесува и за здравјето на мозокот

    Новата студија покажа дека редовното консумирање зелен чај може да обезбеди заштита од невродегенеративни болести, вклучувајќи Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Антиоксидантите присутни во зелениот чај помагаат да се намали оксидативниот стрес и воспалението во мозокот, за кои е познато дека придонесуваат за овие состојби.

    Освен своите когнитивни придобивки, зелениот чај долго време е фален за неговата способност да помогне во слабеењето, според „Санктури лајф“ (Sanctuary Life). Новото истражување дополнително ги потврди овие тврдења, бидејќи покажа дека комбинацијата на катехини и кофеин може да го поттикне метаболизмот и да ја подобри оксидацијата на мастите. Со вклучување на зелениот чај во урамнотежена исхрана, поединците можат поефикасно да ги постигнат своите цели за слабеење.

    Иако зелениот чај нуди неверојатни придобивки, тој не треба да се смета за чудотворен лек. Наместо тоа, треба да се гледа како комплементарен додаток на здравиот начин на живот. Како и кај секој пијалак, умереноста е клучна и поединците треба да се консултираат со здравствен работник за да ја одредат соодветната количина врз основа на личните околности.

    Како заклучок, новата студија обезбедува убедливи докази дека зелениот чај може многу да помогне во когнитивното здравје, контролата на телесната тежина и потенцијално да нуди заштита од невродегенеративни болести.
     
  4. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    1.359
    Ако се слабееше со зелен чај досега сите манекени и манекенки ќе беа. Храната е главниот фактор а се од страна на суплементи е само пари и маркетинг.
     
    На Keiner, Mumoftwo30 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  5. Alex.T

    Alex.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    228
    Пол:
    Машки
    https://lokalno.mk/ova-se-trite-najdobri-pijalaci-za-vitka-linija/

    1. Зелен чај
    Зелениот чај е еден од најздравите пијалаци, а според нутриционистот може да направи чуда за имунолошкиот систем, цревата и струкот. Таа ја припишува нејзината моќ на соединенијата познати како катехини. Овие моќни антиоксиданси не само што го намалуваат ризикот од болести, туку нудат и суптилен поттик на базалниот метаболизам.
    Тој, исто така, забележува дека полифенолите од зелениот чај во една студија покажале дека го намалуваат зголемувањето на телесната тежина, ги подобруваат промените во цревната микробиота и го ублажуваат воспалението на цревата кај луѓето со дебелина предизвикано од исхраната со висока содржина на масти. „Додадете малку сок од лимон или пијте го обичен“, изјави Ендрјус за SheFinds.
     
  6. Balkan gril

    Balkan gril Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Девојки дали има некоја искуство со чајов дали помага diox tea
     

    Прикачени фајлови:

    • 418oxasug+L.jpg
      418oxasug+L.jpg
      Големина на фајлот:
      21,9 KB
      Прегледи:
      11
  7. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    1.359
    Помага за полесно трошење на платата.
    Иначе чајот е за да држи ситост и тера почесто за во вц. Не се мачи џабе.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Balkan gril

    Balkan gril Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски

    Во право си Го купив има недела дена негледам промени .
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emisa353

    Emisa353 Нов член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ima li nekoj pozitivni efekti od Jardin bio cajot za slabeenje?
     
    На AAKG му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Strawberry99

    Strawberry99 Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2024
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    zdravo. nekoj iskustvo so cajot apollos?
     
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    8.803
    Пол:
    Машки
    50 евра за микс од коприва, нане, зелен чај и маслиново масло? :rofl:

    Не постојат чаеви за слабеење масти, само за слабеење новчаници.
     
    На Spidy, Mumoftwo30, AAKG и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Srna_srna

    Srna_srna Нов член

    Се зачлени на:
    4 септември 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravo dali mozi nekoj da mi pomogni sakam da oslabam I imam zemeno kirkolina green extra line I ne znam dali ke mi pomogni oti jas se zdebeliv od paroksetin antidepresivi koj gi piev a gi prekinav pred nekolku meseci ,probav so dieta so vezbajne I nisto nema efekt I sega so caj probvam da oslabam ama mi od cajot da ne mi oslabi krvta I osteti organite I sakam da go pijam I strav mi e da go pijam green extra line ne znam so da pravam ili da mi preporacate drug nekoj caj I dali go ima nekoj koristeno green extra line kirkolina I dali ima oslabeno dali se slabej ? Blagodaram
     
    На LiliM му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    8.803
    Пол:
    Машки
    Не постојат чаеви и апчиња за слабеење.

    Ама затоа постојат разни форми на диуретици, како што е и чајов - "помага да се исфрлат течности".

    Губење тежина од течности ≠ слабеење.

    Ако сакаш да ослабеш внимавај на исхраната и движи се повеќе. Не постои друг или поедноставен начин.
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.889
    Пол:
    Женски
    Не ти помогнале диетата и вежбањето затоа што - претпоставувам - не си била конзистентна. Месеци, а не денови.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Alex.T

    Alex.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    228
    Пол:
    Машки
  16. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    1.359
    На Ajronmen и Anyshka им се допаѓа ова.