4 ден и ништо... ( и исхраната ми е намалена и благото и редовно го пијам чајот секој ден си варам пресен по 1.5 литар... се обесхрабрувам
И јас намалив со исхрана, јадев само еднаш на ден и си велам да не треба повеќе оброк, но не, вчера јадев повеќе, и пак ништо. Како што кажав можеби во комбинација со водата што ја пијам ќе има добри резултати за целулитот .
луѓе пијте многу течности не се откажувајте јас секој ден пијам течности посебно многу вода и секако не заборавајте многу чај има ефекти верувајте се чуствувам подобро вито јас изгуби 2 кила не е многу но има ефект имајте верба не се откажувајте
не знам дали е до чајов, до постов, или до ПМС, ама јас само јадам Поточно сум на релација маса - веце..
Jас од денес почнав да го пијам чајот веќе го испив1,5 и еве сега вода пијам, јадев само сабајле и за ручек салата од марула, кафе, вода, чај... уште мотивација за трчање да си најдам и се ке биде совршенооо
леле и јас исто... пијам но не се чуствувам дека сум намалена и нз што да правам... пијам 4 дена а исто не јадам да речам дека јадам само ручек и тоа .. баш сум нервозна оти не можам, никако да намалам од килцава и да ми го снема стомачетоо хелпппп
Не знам до што е работата ама јас го пиев чајот 5 дена. Денес го фрлив, не го испив, бидејќи откако го пијам јас неможам да одам во wc, а инаку си одам редовно, некогаш и по 2-3 на ден. Мене чајот ме затна . Ништо, ќе си пијам вода и зелен чај само.
И јас го пијам чајот, тоа што е миксот од неколку различни чаеви, и искрено ослабев 2 кила за недела дена. Се мерев пред неколку дена, и бев ваква просто пресреќна. Инаку јас го пијам само со мајчина душица, кантарион и зелен чај. Магдонос не најдов во маалските продавници а никако да им кажам на моите да земат, постојано заборавам. Но сепак покажа ефект, јас си го пијам пола пред да јадам, значи наутро кога ќе станам до ручек пијам половина и другата половина после. Ниту појадувам ниту вечерам, но јас така сум навикната и претходно така се хранев.
Истото и мене ми се случи.Не можев во тоалет да одам,а плус,дури не ми се ни мочкаше толку многу како кога пијам само вода или кога го пиев тој чајот против целулит (добро,само еден ден го пиев,ама затоа од вц не излегов),само ме дуваше и се откажав.
Девојки а да пробате како мене, да го пиете чајот но без магдоносот, зашто тој најчесто е за прочистување на организмот. Јас погоре пишав дека и така има ефект, со сигурност (тестирано е на мене). А одењето во ВЦ не ми е којзнае колку зачестено, одам но не којзнае колку, можеби двојно повеќе од претходно, но ништо екстремно. Мислам дека нема да ви шкоди да си пробате.
Не го пијам веќе во ниедна варијанта. Обично тоа што другите ги тера да ка*каат, мене не. И обратно. Еве на пример бананата. Ретко кој од неа може да оди во wc, а јас кога и да јадам одма трчам . Тоа е. Реков јас, вода и зелен чај, друго ништо веќе!
Бананата е за регулација на метаболизмот, значи треба да ја јадат и ти што премногу одат во вц знаете на што мислам за да намалат, а и оние што не одат за да им убрза, значи регулира.
Јас го пијам веќе четврти ден и никаков резултат нема. И не само тоа забележав дека потешко одам во wc. Не знам дали да продолжувам или уште денес да си го допијам и да прекинам Совет???
кога веќе си почнала зошто да не ја завршиш цела доза... секој си има различен менталитет и различно влијае кај секого, ако кај некој имало одма резлутати кај некој др може покасно да има
јас го пијам уште утре ми остана и баш се мерев и не сум намалена ни 1 кг и мн сум разочарана зошто јадам мн малце и појќе овошје а не можам никако да ослабам и да го намалам овај мој стомаккк ве молам помогнетеми и кажете што да направам оти не можам повеќе мн се разочарувамм а тоа не е доброо ....
викиче планирам од утре и јас да почнам, како си задоволна сигурно ги помина двете дози со пауза, имаш резултати или?
И јас сакам да го купам чајов. може да ми кажеш дали ти помогна и колку пати на ден го пиеше и такви ствари поврзани со чајчето
јас испив две дози некаде за 18 20 дена,сакав да продолжам со чајот ама почнав комбинирано со други чаеви, магдонос, комприва, шипка, хибискус требаше да пијам заради витамниот ц и за крвта, а кирколината додека ја пиев, пиев по 750мл до 1 литар дневно и да ви кажам право имав проблеми со столицата и од кога почнав да пијам такво олеснување секојдневно не сум имала и многу убаво се чувствувам, ослабнав 2 килца само ама не се стегав и си јадев што ми се јаде! немав подуеност на стомакот, на мене не се познаваше бог знае колку многу ама јас се чувствував по лабаво! може да си пробаш една до две дози, јас го пиев како ладен чај некогаш со еден лимон исцеден во 1 литар чај!