Јас вежбац 2 месеци на орбитрек и имав навистна добри резултати. Со пазење на исхраната и дневно вежбање по 40 минути за тој преиод изгубив 15кг. 3 дена вежбав еден одмарав и така цело време. За гладување не гладував оти не држев некоја си тешка диета само се трудев мрснотии да не внесвам! аааа и немав никакви истакнати муслули на нозете иако тренирав пред неколку години ракомет и задникот го ослабев за ухууу.. а повеќе сакам да делувам на стомакот сепак прво кај шо не сакаш таму се губи
на почетокот кога почнав да го користам макс 30 мин , сега ми се случува и повеќе. Го вежбам за рекреација , а доколку на некој му е за слабеење , најдобрите ефекти се добиваат со вртење 3о мин од сабајле пред да јадете .
сакам некој да ми кажи правилно како е да се вежба на орбитрекот сабајле пред јадење или јас како што си вежбам кај 6 часот,како има поке ефект?
Најдобро е сабајле на гладно , тогаш се согоруваат најмногу калории и се полниш со сила за цел ден ако имаш време сабајле е супер и друг термин се препорачува околу 16-30
Да, дефинитивно се слабее од орбитрек и тоа многу убаво. Веќе вртам секој втор ден околу недела и пол и знам дека е кратко време, но гледам разлика иако не внимавам на исхраната. Не сум ослабена, ама малку пооформена. Сметам дека е супер вежба, ем е дома, ем е кардио а се зацврснуваат нозете.
Го имам орбитрекот од БИДИ ФИТ и прекрасни резултати дава само што јас несакам да слабеам туку да ставам некое мускулче а на поголем отпор многу се замарам и мислам срцето ке ми излета.
Да не продава некој Орбитрек или пак да не имате случајно некои информации за продажба? Ги разгледав сите огласи и некако не ми фаќаат око или пак се веќе продадени.
Аеробик Сакам да прашам кој е најдобар модел на Орбитрејк,бидејќи сум во план да купам а сеуште не знам за кој модел да се одлучам???
И јас го разгледував Орбитрејк Елит некако најсимпатичен ми беше за разлика од другите Дали е ефикасен и дали е траен мислам не се расклапуваат деловите,бидејќи од тие што ги познавам мораат стално на сервис да ги носат,колку време го имаш,ако е добар одма да си го порачам
Го купив на старо и скоро и да не беше користен. Сега за сега се држи одлично, не се појавила потреба за сервиси и слично. Едино рачките после подолго возење се разлабавуваат ама се стегаат лесно и мене не ми претставува никаков проблем.
Мерлин побарај на бидифит.мк таму има многу слична на Орбитрек скоро копија е за поефтина цена, ако не си купила до сега. А на мојов орбитрек што се наоѓа моментално од моја лева страна и ми се смешка време е да му се вратам пак, барем по 30 минути на ден. Ехее едно време по 60 минути како ги издржував ја си знам. :geek:
алал да ви е девојки, и јас го имам дома, вежбав додека ми беше нов, но сега ми стои како закачалка во еден ќош во оставата. Имав многу мерак, го користев секој ден по 20 минути и имаше доста резултати, не намалив во тежина нешто многу, но си го оформив телото баш на време кога растев... а сега ми помина ќејфот и тоа е тоа... Можеби ќе почнам пак!
Најчесто се користи за закачување на кошули, пешкири и панталони... Слабеење сум видела, ама треба мотивација..
На Орбитрек се немам качено можеби 2 и повеќе години, ама на мојот дома , кога одев на фитнес вежбав ама не е тоа - тоа. Кога го купивме дома вежбав по 20 минути секој ден, после покачив на 30, па на 40 и на крај цели 60 минути вежбав секој ден дури гледав некоја серија на ТВ... сега кога би се качила, нема ни 15 мниути да издржам на тој отпор на кој што вежбав