1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење со Orbitrek

Дискусија во 'Фитнес' започната од Yvona, 17 јануари 2010.

  1. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Моето мислење е дека е подобро парите предвидени за Орбитрек да се пренаменат за плакање членарина во теретана.Многу поекономично и со поголем ефект.
    Јас вежбам со години во теретана, меѓутоа знам дека и кога би имала цела теретана дома пред нос, никогаш не би се фатила за вежбање.Тоа е некој психолошки ефект- си викаш, тука е Орбитреков, никаде не бега,ај после, па после, ај утре и така во недоглед...А кога одиш во теретана е сосема друго, влегуваш и нема бегање, тоа е тоа.Сите околу тебе вежбаат, се потат...па уште ако видиш некоја згодна фуфа, си викаш...WTF?Можам и јас! :D
     
    На eleni23 и chocolate.chick им се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Теретана... е да ама додека се наконтам да излезам, па да одам по гужвиве, дома веќе би го извртела орбитрекот :)
    Индивидуално е во секој случај.

    На почетокот го возев по 10-15 мин, па 30 мин...60... па едно време почнав и да се заборавам. Континуирано и секој ден, во различно време и никогаш сабајле ( па тогаш е најтешко :) )

    Мене оваа справа ми е 2 во 1.
    1. Ефектот е повеќе од очигледен
    2. Тоа време додека верглам е само мое време, се релаксирам психички

    Ќе додадам и тоа дека никогаш ама баш никогаш не го возев на јак отпор.Дали се слабее? Ехеее

    Сега сакам да купам зошто одкако братучетка ми ми го зема како укочена сум :)
     
  3. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Конечно мајка ми се смилува да ми купи и среќна сум. Но :!: ме предупреди дека ако не вежбам ќе ме фрли со се него низ прозор, па нели и не е малку пари. Мене ме интересира по пошта кога го праќаат е расклопен, па и треба дома да си го склопиш или како? Ме интересира и во кој период од денот е најдобро да се вежба, кои му се дименизиите ако некој знае? За некој ден ќе го порачаме :rock:
     
  4. lauras

    lauras Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    3
    Девојки ако познавате некој што продава Орбитрејк Елит пишете ми бидејќи на сите можни огласи се јавив и за жал досега безуспешно-продадени се :sweat:
     
  5. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Потполно се согласувам со тебе. Ако не можеш да си дозволиш теретана, едни добри патичиња и трчај :D
     
  6. bidermaerka

    bidermaerka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Орбитрекот го имам 4 години и го купив од мерак - демек ќе вежбам. Ама не ми е дома стои во куќата на моите на таван. Откако ги испрочитав ефектите што се добиваат од негова примена, веднаш уште денес го поставувам кај мене дома (малку сум кнап со простор) и почнувам со вежбање. Го имам купено од ОРКА мислам дека сите справи што ги продаваа беа марка "Body sculpture". Никој до сега во темава не ја спомнаа таа марка, ама нов е орбитрекот и сигурно нема да шкрипи од одма.
     
  7. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Ме интересира дали оние точачињана, исто справи за дома, би дале сличен ефект како орбитрекот? Мислам на нозе и задник, зашто рацете во овој случај не се активираат. Во една продавница видов, на изглед преубави точаци + и мали таман да се вклопат во мојата соба. Чекам мислења :) :)
     
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.733
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека орбитрекот неможе да го замени точак :) со орбитрек има стварно добри резултати (само треба да вежбаш, упорност треба), ти кажувам од лично искуство, јас не сум за точак ;)
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Со точак си седнат на газ, а со орбитрекот не.
    Тоа е голема разлика.
    Јас возам и точак и орбитрек, ама орбитрекот е подобар. Повеќе мускули се раздвижуваат.
    А, точакот е многу добар за листовите на нозете.
    Јас имам орбитрек дома и велосипед за надвор.
    Многу мачно е да возиш велосипед на затворено (т.е.) како справа.
    Многу монотоно и досадно е. Барем за мене.
    Јас сум - да си купиш орбитрек. (не мора од
    Топ Шоп
    , имаш и поефтини). ;)
     
  10. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Ахх, за листовите дефинитивно не ми треба ништо.. џоа фудбалер сум - нааа толкави набацани ми се! :) Значи друг лек да си барам. Точак не.
     
  11. alekcoki

    alekcoki Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    31
    Феминки мене ме интересира дали со вежбање на орбитрекот ќе го симнам стомакот , значи практикувам здрав начин на исхрана , често си држам диети и секаде ослабнувам , ама долниот дел од стомакот никако не можам да го симнам , па чекам ваши искуства, :)
     
  12. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    pred nekoj den gi iscitav site komentari poso se spremav da kupam orbitrek, pa gledav kako ste zadovolni od razlicnite vidovi.

    godina vreme nanazad vezbav na orbitrek elite i bev prezadovolna, pa sega koga se resiv da kupam moj nekako mi se gledaa premnogu pari :$ koga mozam dq pominam poeftino, posebno koga vidov deka ima zadovolni od vezbanjeto so spravata od bidifit.

    se resiv, ja zemav taa od 8 300 od bidifit uverena deka nema apsolutno nikakva razlika megu niv. i se razocarav!

    ima razlika, osobeno vo dvizenjeto na teloto. so elitot racete gi dvizev daleku poveke nego li so ovoj od bidifit, se osekav kako i da ne gi dvizam...
    Ali najmnogu se razocarav so jacinata na vezbanjeto t.e. nivo na otpor. se kaciv noviov i na prvo nivo na otpor nemozev poveke od 15 min, a se osekav da vezbam kako na 4 nivo na elitot. cudno mi bese zato sto na elitot vezbav po sat najmalce na den na prvo i vtoro nivo, a na ovoj 15 min max. :devil:
    znaci vo otporot megu dveve spravi ima pregolema razlika, da vezbas na prvo nivo od ovaj na bidifit e kako da vezbas na 4 od elitot. To me razocara najmnogu, nesakam za muskul da vezbam nego za drzenje linija i zacvrstuvanje.

    Vidov nevidov, denes javuvanje vo bidifit i go vrativ toj i zemav elit... se uveriv sama deka nekogas poskapoto e poisplatlivo.

    Ova cisto od iskustvo ako na nekoj mu koristi...deka stvarno ima nekoja razlika megju spravite, osetil toj sto probal na razlicni da vezba.

    A jas pa zatoa sum se cudela koga nekoj ke prasa kako be vezbate po saat vreme jas nemozam pojke od 15 min...sega sfativ vo so bila fintata :D i fala bogu so go smenav poso mn poinaku ke mi deluvase toj drugiot, ke me napumpase vo nozete...

    (se izvinuvam za nesredenovo pisuvanje ali makedonskata podrska nemozam da ja namestam, formatiran mi e pc...)
     
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Затоа се пробува справата пред да се купи, посебно справиte кои даваат отпор за да знаеш дека пасува на твое тело и сила :).

    Мускул не се набива тек така дури и ако е отпорот зајакнат, за тоа треба и посебна исхрана која скоро ниедна девојка ја нема. Со поголем отпор можно е мускулот малку да се зголеми но за нешто радикално како што се плашат повеќето девојки не станува збор.

    Убава справа е Орбитрекот, која може да си го дозволи нема да згреши :).
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.124
    Допаѓања:
    156.052
    Па баш тоа што отпорот е поголем,повеќе калории трошиш и повеќе се обликуваш,а не тој на елитот,само верглаш у место и мислиш се обликуваш.Нцки така. Не сакам да те разочарам,ама тој од биди фит е магнетен и е далеку подобар од елитот на топ шоп.
    Тие 15 мин на биди фит,ти биле ко цел саат на елитот. Таквото лебдење незначително ти влијае. Каде сакаш прочитај,секаде ќе ти кажат,поголем отпор,повеќе потрошени калории,а за мускул бога ми треба многу,многу повеќе,не само орбитрек.
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Мене една работа не ми е јасна - што сте се запнале сите дека од вежбање на орбитрек, сеедно дали на тој од Биди фит или Топ шоп ќе набилдате мускули? :^)
    Еве комотно прашајте некој билдер колку време и каква исхрана е потребно да се оформи мускул и дали е тоа cakewalk на орбитрек?
    Другари мои се ставаат на специјална исхрана, која вклучува 5-6 варени јајца на ден, само месо, варени макарони, млеко, секакви чуда и прашоци, протеински шејкови, кревање ненормална маса, за да после 6 месеци видат м од мускул, ние момиве сите загрижени - нема да ми ослабе салото, мускул ќе ми се направи?
    Јаоооо, жити се'?
    :^)

    Па и да ти се направи, ако ја имаш воопшто таа среќа, голема работа, смали ја исхраната и за некој месец, пуф, ќе ти спласне мускулот, ќе го снема...
    или што - некој еднаш ќе направи стомачни и цел живот му се такви?
     
    На Lux, MarchelineAmaru и XMaN им се допаѓа ова.
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Да се ставаше мускул така лесно супер ќе беше а не мака да мачиме со месеци за кило или две и тоа со посебна храна и вежби со тегови :D.

    Точно е сѐ што пиша Трендафилка од збор до збор :).

    Орбитрекот е пред сѐ справа за кардио и зацврстување а не за наголемување на мускулите, за тоа си треба посебни вежби.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Ne mi bese muabetot deka taka lesno ke se nabildam, fala bogu znam kolku mn napor, ishrana i vezbi se potrebni za toa. Muabetot mi bese deka za odrzuvanjue na linija mi e podobar elitov kade kade od drugiot. Gi probav dvata i osetiv koj odgovara na moeto telo. A deka 15 min od drugiot mi bile isti kako na elitot nema vrska, poso otorot mi bese tezok pa so mn mala brzina vezbav i go nemase toj efekt koj inaku bi go imal so pogolema brzina.

    A Lilit toa deka elitot e polos od ovoj drugiov, nema vrska, individualno e. Kazav i ke kazam pak, efektot na dvizenje na celoto telo, osobeno na racete, go nemase so toj drugiot. Ili pak deka nema efekt so verglanjeto naprazno kaj elitot. Kazav deka vreme go koristev i bas so toa verglanje sum oslabela nekolku kg za eden mesec koga pocnav, i toa samo na 1 otpor, ama so golema brzina i saat vreme vezbanje.

    I prasajte, sekoj dobar trener ke vi kaze deka za dobri rezultati vo slabeenje ili samo odrzuvanje linija, najbitno e redovnost vo vezbanjeto, znaci sekojdnevno...a ne intenzitet na istite.

    Normalno deka deluva dobro menuvanje na otpor 1-2-1 isl. i go primenuvam skoro sekoe vezbanje, ama to ne e pravilo da vo drug slucaj ke nema rezultati.
     
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Решив да ја купам оваа [​IMG] 8290 ден. во Топ Шоп и БидиФит. (Инаку Топ Шоп и БидиФит припаѓаат на Студио Модерна, цените им се исти и производите од БидиФит, т.е. фитнес производите ги има во целост и во Топ Шоп.)
    Ме буни оваа слика која ја најдов на еден линк со суштината на справата [​IMG] http://www.lifegear.com.tw/product_3.asp?ID=236 Што е со седиштево? Го има ли за посебно монтирање или кај нас е трајно одземено од продавачот? Или јас ги побркав брзините? :^)
     
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Ахх бре луѓе, што се занесувате по овие справи, кога се’ ова е кинеско го*но. Толку е и квалитетно.
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Грото светско производство е кинеско, така да покорисно е барем по здрав живот да се занесуваме. :wasntme: