Имаш два модела, едниот е со седиште другиот без. Најубаво јави се во фирмата кај нас и прашај си кој го продаваат .
Брат ми се мачи за некое кило плус а јас се мачам за минус ги знам тие работи со билдањето со исхраната и знам колку е потребно време за да направиш мускул брат ми вежба 4 години и уште се мачи а ние се плашиме од Орбитрекот Јас ви го препорачувам орбитрек Платинум јас тој го имам, (и задоволна сум) тој е првиот од Топ Шоп што беше е сега на старо може да се најде, лентата не му е магнетна туку со каиш, е сега мене ми го скрши брат ми (од многу кила има 105 на маса е хехехе) тоа пластичното каде што стои ногата и неможам да вежбам таман добив инспирација а има резултати Гарантирам
Стално слушам од девојки, сакам да вежбам ама не сакам мускул, да се чудиш, па што вежбаш тогаш, стај сало и немај гајле . Шала на страна, мускул се става тешко и ако немаш екстра храна и јак тренинг ќе си ги зацврстиш постоечките ама нов нема да ставиш. Девојките имаат уплав од мускули и не сфаќам кој им ставил у глава дека убаво оформен мускул е нешто неубаво, па секси е да видиш девојка со развежбано тело и супер фигура (и малку салце одозгора) .
Се согласувам потполно јас сакам женски со мускули (да не е претерано сега) а на орбитрек мислам дека се прават доволно мускули за тие што се плашат од мускули Јас вежбав и во теретана ама сега немам вежбано подолго време има салце над мускулите али после празнициве пак в теретана
Па треба салце над мускулите за заштита , не сте џабе женски вашата физиологија е различна од машката . Ама мускулите треба да се тренирани а не пифтија кога ќе ги стиснеш
Овој истиот го имаше еден мој другар, една година 3-ца на него се качуваа, цркна и сега случи како закачалка. Значи неможе да очекуваш за 8 илјади некој кој знае каков квалитет, сепак да дотрае 1 година не е малку!
Не е ни многу 1 година, искрено. Инаку баш во Бидифит кај Зелено пазарче, ги пробав и Стримлајн и Орбитрек за да споредам, и забележав дека поголема активност добивам со Орбитрек, на еднакво наместен отпор. На Реклама5 пак, најдов оглас од истиот салон на Бидифит дека имаат намаление, па ќе прашам за престојните цени за истите справи.
Најдобрар начин за слабеење! Кога сум прва смена на училиште вежбам по 1 саат(бидејќи имам повеќе време),а кога сум втора по колку имам време!Се зацврстуваат нозете задникот и вишокот масни наслаги се губи!Но,за се е потребно време,трпение,напор и желба!
Од Нова година па наваму почнав редовно да вежбам, ама сега имам еден проблем и не знам како да го решам. Кога почнав се си беше најнормално, два дена вежбав, еден ден паузирав и се така, ама последнава недела едвај вртам од што ме болат мускулите и тоа само додека вежбам, инаку вака не ме боли ништо. Ајде реков да одморам, почнав преку еден ден да вежбам и пак истото, многу ме болат. Треба да паузирам подолго, да се масирам, да се напијам нешто? Патем целиов месец додека вежбам не сум сменила ништо, ниту времето на вежбање, ниту отпорот.
Нормално е да те болат мускулите. Јас преку зима не можам да го користам орбитрекот, немам време, ама на лето обавезно вежбам. Ти препорачувам да не престануваш со вежбањето во никој случај, пробај само да го намалиш отпорот колку ти одговара.
Спринги, отпорот ми одговара, со истиот вежбав 3 недели, а и претходно со години, но со паузи по некоја недела. Проблемот е што на истиот отпор сега многу ме болат мускулите само додека вежбам.
Искрено да ти кажам орбитрекот е најефективно нешто.. и за слабеење и за зацрвстување... цело лето вежбав секој ден на него по пола саат саат и изгубив накај 11 кила... и + цело тело ми беше зацврстено... како Victoria Secret's angel бев Но, за жал поради некои причини престанав да вежбам и телото ми се врати како порано (не е до толку затегнато) Искрено тој од Top Shop не чини за ништо.. две мои другарки имаат од Top Shop и се жалат на него... не е тлоку издржлив како другите... провери во таа проданицата во Ramstore најдоле... од таму јас го купив мојот 13000 мислам... или 12000 ... го имам веќе 3та година и го убивам од користење
вежбање околу 30мин на ден, но со чести паузи, не би требало да има и незнам каков ефект, нели? Веќе цела недела вежбам, но повеќе од 5мин неможам... единствена сум?
После една недела нормално дека нема да има резултати, во зависнот од тежината треба најмалку месец...
Мој совет, кога вежбаш гледај некој филм, нема да сетиш кога поминало времето еве јас така вежбам по 1 сат, баш сега се спремам да вежбам 5 мин се ништо Прво вежбав 1 сат на најтешко, ама брат ми, ми рече да вежбам на најлесно така повеќе се слабее оти треба да ослабам некое килце, а на најтешко се прават повеќе мускули (салото се прави мускул) и само ќе се зацврстам така, мене цел ми е прво да ослабам и после да се стегнам а со орбитрекот ти е сето тоа заедно, затоа е многу ефикасен. Мораш да вежбаш барем пола сат пробај не се откажувај
Нема врска,ако сакаш да го стопиш масното ткиво најважно е да го одрзуваш пулсот на исто ниво,и немора да биде на најлесно ниво,одбери некое ниво кое ке ти го донесе пулсот околу 130 и одржувај го на тоа ниво цело време додека возиш.Но исто така и треба да внимаваш на храната,претежно варена храна да конзумираш и да избегнуваш благо,леб,газирани сокови,пржена храна и слично,зошто ти моеш и цел ден да си возиш,но на крај после тренингот ако јадеш бурек со месо или хамбургер,тогаш ништо не си направила,значи вежбање да,но без регулирање на исхраната нема да ги имаш посакуваните ефекти
Фала ви за советите На храната внимавам обавезно, сакам да симнам и некое килце што не се познава на мене, но вагата го покажува... Инаку со саати би вежбала, само сто мускулите болат... Мислам дека наеднаш почнав да ги преоптеретувам.. Но штом сите сте успеале да дојдете до барем 30мин, ќе бидам упорна и ја да стригам... Ајде на вежбањее!!
Леле луѓе алал да ви е како издржувате по сат време да вежбате на орбитрек. Јас си пуштам филм кога вежбам, ама 20 минути и толку, ми здосадува. После тоа зумба малку и толку. Има отпор да се намести од 1 до 7 , ама јас ич не осеќам разлика Можда некоја минимална, не знам. Којзнае шо орбитрек е ова, се гледа дека е стар баш ќе го прашам другар ми од кај го земал, пошо ја од него го купив. Ама вежбам 5 пати во неделата. Ќе се запишам плус на зумба па ќе видиме.
Не се откажувај, Јас минатото лето почнав како тебе, ама со тек на време и по 50 мин без пауза правев, од Април месец до Јули, симнав околу 8 кг, на храната не пазев, само гледав да пијам повеке зелен чај, и после 21сат да не јадам, од престанокот на вежбање до сега вратив можеби 1 кило, само не сум толку затегната колку со бев летово. Сега ладново да помине, и јас ке почнам, од март па до Јуни лето да видиме дали ке се деси некое чудо ))