Јас гледам турски серии и 1 сат вежбам ОБАВЕЗНО, така си велам уште пред да почнам (Ќе вежбам 1 саат) и до минута вежбам, и ич не ми е ни напорно ни досадно А за тоа склопувањето, мене ми го донесоа склопен, само рачките извадени, а тие се местат за 1 минута (незнам како можи расклопен, не разбирам, така цел ќе се расипи
Јас сакам до мај месец да ослабам околу 8 до 10 кг. Дали некој од вас успеал за толку кратко време да ослаби само со вежбање на Орбитрек?
Одам на фитнес, едвај достигнувам 20 мин и тоа со пауза на 10 мин, дали ми треба време незнам! Иначе ми го препорачаа орбитрекот за слабеење а јас никако повеќе од 20 мин. Не ми поминува времето никако додека вртам, незнам како успеваат другите 30 мин или па 1 час... ооооо многуууууу Јас повеќе можам на статичен велосипед .... Дали знае некој што е подобро за слабеење нозе...статичен или орбитрек ???
Јас имам финта за подолго вртење орбитрек, имам плејлиста со некои 18 песни од по 2 минути. Беше бајаги тешко да се склопи, нема многу асални песни до 2 минутки. Вртам три пати неделно, првиот ден вртам 7 песни напред, 7 назад. Тоа му се фаќа од прилика 20тина минути, give or take, наредниот ден зголемувам на 8 напред и 8 назад и последниот - 9 напред, 9 назад. Не е досадно, затоа што песнички од 2 и под 2 минути одат брзо и се забавни, вие вртите и си викате - уште една, уште една, и времето поминува веднаш. Плус, убаво е да се зголемува минутажата полека, секој ден +2-4 минути. Не се обесхрабрувајте ако на старт немате доволно кондиција за повеќе од 8 минути да речеме. Денес 8, утре 10, па 12... за две-три недели ќе стигнете лесно до 20. Никој не очекува на прво седнување да извртите половина час. Baby steps.
Добар план е ова, особено за почетници. Нешто слично прочитав за трчање. Може е малку надвор од темата, но програмава може да се модифицира за орбитрек, со што трчањето би значело поинтензивно вртење на орбитрекот, а одењето, вртење со послаб интензитет. И така во неколку серии, зависно од тоа во која недела се наоѓате. ПОЧЕТНИЧКА ПРОГРАМА ЗА ТРЧАЊЕ:
Добар предлог е тоа со песните од 2 мин ќе гледам да го применам и јас. Навистина вртам вртам на една песна лелеле 3,5 мин како 30 ми се гледаат ....а и овој планот за трчање/одење - ќе треба да смислам или да се консултирам нешто во врска со комбинацијата орбитрек/велосипед
И мене девојки од почетокот ми беше ужасно досадно додека вежбав на орбитрекот, па едвај чекав да поминат тие 30 минути и да завршам со вртење веќе еднаш. Сега обавезно земам мобилниот, пуштам антена 5 или метрополис/сити радио и вртам 30 мин.. Доаѓаат песнички, заминуваат, едни, други, вамте тамте, или пак случајно ако фатам како разговараат на некоја тема, времето тогаш уште побрзо ми поминува. Без музика јас не сум способна да вежбам на орбитрекот, ни 2 минути не можам да издржам. Пробав да ставам некои песнички на мобилен, ама па за брзо време ми стануваа досадни, дека се едни исти и така почнав со радиото.
Јас најчесто си пуштам серија, gossip girl, desperate housewives, friends, или било што друго, и си знам, 30 минути си вежбам без проблем... и тоа 3 или 4 пати неделно... и си поминува време
Мене ми здосади да вртам секој ден по пола саат на орбитрекон. Дури кога ќе ми текне некоја одбивност осеќам. Еве 4 дена по ред не вежбам. Неможам. Неможам да се наканам, знам дека целата ќе бидам како укочена а нема да имам ни волја да вежбам и ќе го прават тоа со сила. Епа налет ако е со сила. Боље не вежбам.
Извежбав 50 минути денеска, вчера исто 50мин. завчера 40 . Сметав дека 30 минути ми се малку па затоа наголемив.
Нормално дека станува досадно кога вртиш често, ама најдете си некоја занимација-серија, филм или јас понекогаш и не ги движам рацете и читам весник или списание
Орбитреков служи за набивање кондиција или обликување тело? Се мислам да почнам да вртам на трето ниво, имам доста кондиција, само сакам да го обикувам телово.
Кондиција во никој случај. Барем кај мене . И јас така се лажев демек еве вртам на орбитреков неколку месеци па сега ќе можам и преку планини да се искачувам. Гадно се излажав. Во петокот излегов со точак демек ќе се возиме по кеј, неможев ни до пола пат да дојдам па фино лепо си се вратив, а во Ѓорче живеам. Значи за обликување тело, слабеење. Инаку јас престанав да вежбам на орбитрекот. Во лето на располагање имам цели 3 месеци, тогаш ќе вртам ако треба и по цел ден. Сега неможам, стварно.
Чим е за слабеење убаво е Јас од кога го имаме купено два пати имам свртено..Па сега да си направам навика да вежбам. А ти сакаше да набиеш кондиција или да ослабнеш ?
Ние пак в дневна го ставивме за да го гледам постојано за да се мотивирем, ама тешко.. Мрза ми е не за друго.. Ми треба сериозна мотиваицја.. Кога вежбам, тоа е по 20-30 минути. Мене не ми е за слабеењето, немам многу вишок, ама зацврстување на телово ми е очајно потребно. И да ве прашам.. За колку време забележувате резултати??
И мене ми е дневна, од последно ко пишав пост до денеска секој ден вежбам по 50 минути, јес да е досадно ама издржувам. Уфф резултати, првиот пат ко ослабев беше за 2 месеца и нешто (ама она подрастични промени) и тогаш(зборувам за пред 2 години) вртев по саат и многу се потев ама имав повеќе за симнување. Сега имам само 5 кила и не се потам многу иако вртам 50 минути не знам на што се должи тоа дали дека се помалку за симнување или не вртам со голем напор не знам.
^Ваљда имаш повеќе кондиција....а и со истиот напор, со различна тежина различно се троши калории. Тогаш кога си имала повеќе ради поголемата телесна тежина си користела повеќе напор и затоа повеќе си се потела. Сега иако вртиш исто време и исто темпо, ради помалата тежина користиш помал напор со телото
Ај Lux како најускусна, кажи ми по колку калории се доста да се согорат за резултатот да е слабеење? Мене дечко ми ми го донеси неговиот орбитрек, и секј втор ден вежбам по 20 минути. Значи пробувам да наголемам не можам луѓе не можам да дишам, целата сум црвена во образи се потам, и нозете ми се тресат буквално. Е сега, ајде по 20 минути ок сум, со волја си возам и се надевам дека набрзо ќе почнам да наголемувам минути, со волја си вежбам и се, зашто си слабеам бавно но сигурно, но согорувам по 500 калории. Ајде стручна помош, совет, како да наголемам минути, и дали се многу малку овие согорени калории?!