1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење со Orbitrek

Дискусија во 'Фитнес' започната од Yvona, 17 јануари 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Зголемувај секој ден по некоја минута, пушти гледај нешто на тв или слушај музика, да си ги одвлечеш мислите од вежбањето и од напорот. Јас порано во теретана кога вежбав почнавме со десет минути, па зголемувавме постојано по малку да се навикне телото и си гледавме тв, па леташе времето. Така стигнавме негде до 50 минути. :)
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Пусто искусна :wasntme: За резултатот да е слабеење треба да се трошат повеќе одколку што внесуваш.Односно да не внесеш повеќе од тоа што трошиш.
    Не знам колку се симнуваат со 30 минутно вежбање.
    Читав дека трошењето на калориите зависи од времетраењето на вежбањето, од напорот и од тежината на личноста(значи различно кај секого)Ај нека ни каже некој повеќе за ова.
    И не знам зошто :shake: ама ич не чувствувам напор нити се заморувам дали дека полека си вртам (ама вртам едно исто темпо) и вртам 50 минути.
    И вчера и завчера толку вртев. И утре ќе треба толку.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    80 калории во ден треба да се губат, 20 мин везбанје се губат 10 калори до 12, а тоа не е нисто, нај маллце 80 калории треба да се изгубат во ден,и да се пази тие калори да не се вратат со јаденје.
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Како мислиш 80 калории? Не е тоа малку?
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    За поголем ефект вртете со различно темпо, зголемувајте и намалувајте на 5мин. А може и да менувате напред - назад. Само пазете со високиот отпор зашто листовите прилично се зголемуваат :)

    Некој спомна 500 калори за 20мин, тоа не е множно ни на најголемиот отпор, исто и 80 калории е премалку.
    Јас со моите 50кг, за еден час на прилично висок отпор трошам 450 калории. А за еден час аеробик околу 300-350. Ова го имам измерено со тие апаратчињата што се ставаат на рака, неам појма како се викаат :) па вие според тежина, отпор и време, горе-долу можете да видите колку се троши.

    Многу полесно се внесуваат калориите одколку што се трошат :)
     
    На Trendafilka и sesilija им се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    А зарем немате такво апаратче кое мери колку калории трошите?
    Јас за 11 минути трошам 100 калории, за 35 трошам 300 :lol:

    Си ја наместив справата пред огледало, па си се гледам додека вежбам и не ми е досадно :P
    Пуштам Антена5, обично песните кои ги пуштаат не се бавни (освен ако вежбате во понеделник после полноќ:D ) и така вртам се додека не потрошам 300 калории бидејќи нејќам да се префорсирам, и онака одам и на пилатес, а некогаш и на аеробик, и не сакам да добијам воспалување на мускулите.
    Порано вртев по саат ипол и согорував над 600 калории- не е досадно, или слушам музика или си пуштам некоја емисија која не бара концентрација да ја гледаш како на пример Живот у тренду и Шопинголичарке, и нема гајле, ама тоа со вежбање пред огледало најмногу ми ја намалува досадата.

    Најтешко е додека да се решите да се качите на него- после немате гајле.
     
  7. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Како бре толку?! :o
    Јас за половина час едвај 150 согорувам.
    На најголем отпор вежбаш? :wasntme:
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Не можам да си мерам колку трошам за час зошто не ми е поврзан мерачот.
    И не знам колку калории истрошив денеска. Инаку вртев 50 минути.
    И знам дека немам многу внесено.
     
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.733
    Допаѓања:
    23.218
    Пол:
    Женски
    Јас за 1 час трошам околу 300 калории, има мерач на орбитрекот, на среден отпор ;)
     
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Работава е што јас немам класичен орбитрек туку елиптичен велосипед од биди фит и мерачот не ми е поврзан со кабелчињата и не ми мери, односно има батерии, работи ама не мери, ни поминато време, всушност од почеток ми остана така неповрзан.
    Би требало 200/250 да ги симнувам, шо знам :P
     
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.733
    Допаѓања:
    23.218
    Пол:
    Женски
    ^^^ Тука некаде :lol:
     
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Обично тие мерачите на справите не покажуваат точно, претеруваат со бројки, и не зимаат во предвид многу други фактори.
    Инаку сесилија ми мене ми е чудно како трошиш толку многу. Во теретана кај што вежбам, сите шо вежбале со такво апаратче на никој му нема покажано толкава цифра :) Многу е тоа
     
  13. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    на орбитрекот казува тацно, за еден саат нема санси 80 калори или 50,како со викаат некој цленки, за 20 мин везбанје се губат 10 калори до 12 да изгуби некоја 80 калори за 20 мин, таа за рок од месец дена има да биде стапце, хехеех несто не во ред со бројцаникот вас. јас на секој 20 мин губам 10 до 12 калори
     
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Орбитрекот НЕ кажува точно.
    И за 20мин нема шанси да трошиш само 10 калории, тоа е многу малку дури и за најмалиот отпор. Не ги гледај бројките на орбитрекот твој зашто очигледно не се во ред.
    Неможе никоја да биде стапче со таа пресметка, твојата математика не е во ред
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Кои црни 10-12 калории за 20 минути?
    Или пак 100?
    Вие сте помешале нешто женички.
    :D

    Јас со 30 минути вртење, комбинирано напред-назад, трошам околу 120-150 калории.
    Со тоа што не вежбам на најсилен отпор нормално и немам орбитрек од топ шоп, туку оној магнетниот од биди фит.
    Инаку, со справата во теретана на времето, согорував повеќе калории со истата минутажа (околу 200 максимум).

    Зависи од повеќе фактори, не само од отпорот, туку и брзината со која вртите.
    Може и на најсилен отпор да си вртите лагано... :?:
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Па сега дали е точно или не јас не знам, така ми пишува веќе 6 години колку што ја имам справата.
    Сега не знам како мерите вие пола час, дали ефективно вежбање или не- оти не е исто пола час ако станувате 3 пати да пиете вода, па уште 2 пати да се видите на огледалото дали има некаква промена на вашето тело :lol:

    Јас гледам пола час на мерачот, и толку ми покажува, 300 калории на голем отпор, а сум приметила дека кога вртам наназад побавно се трошат калориите...
     
  17. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Во план ми е да купам Орбитрек па сакав да ве прашам какво искуство имате со топење на салото на стомакот од Oрбитреков? Мене лично најголем проблем ми е тој, па се мислам да не ми биде криво што сум дала пари, а мевчево пак да ми остане.. М? Што викате? :)
     
  18. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    И јас како Сесилија си се гледам пред огледалото, како мрдкам со гзот и нозете и ми се вежба се подолго и подолго :D
    Инаку јас за 10 минути трошам 100 калории а за пола саат 400-500 зависи на отпорот.
    Како вежбам на секои 5 - 10 минути го зголемувам отпорот.
    Инаку многу е битно да се држе горе со рацете, посебно добро е за грбот, рацете и дел од стомачните мускули.
    Мене грбот ми е нај зацврстен, делот на рацете горе ми е постегнат, и страничните стомачни ми се вежбаат, баш забележете се пред огледалото! :)
    Ајт со среќа на сите и вртете секој ден по малку или на две дена по повеќе. Јас почнав да наголемувам да се пофалам.
    Денес и вчера сум во Неготино па орбитрекот го заменувам со вежбите што се во темата за тело како на Џесика Бил, посебно тие за газето и нозете оххх како потат!
     
  19. Jessie-J

    Jessie-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    61
    Болје со Орбитрек него диета :)
     
  20. LeonaS

    LeonaS Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    мислем дека не се слабее многу ;)