Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење со Orbitrek

Дискусија во 'Фитнес' започната од Yvona, 17 јануари 2010.

  1. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Не мисли многу да не те здоболе главата ;)
     
  2. Zelenooka.93

    Zelenooka.93 Активен член

    Се зачлени на:
    14 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дома го имам веќе 5-6 год.Порано вежбав на него и имаше прилично добри резултати,бев многу задоволна,и тоа беше за време на летен распуст,се потиш повеќе,а со тоа и повеќе слабееш.Планирав сега пред матура пак да вежбам на него па ќе видиме.Во секој случај секаква физичка активност е добра за организмот.
     
  3. HeartMusic

    HeartMusic Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас го имам дома орбитрек веќе 3 4 години, многу е ефикасен само треба голема упорност додека се стекни навика за вежбање, јас ќе речам дека ќе вежбам и навистина го правам тоа вежбам 30 мин. и се преоптеретувам потоа ме болат мускулите 2 3дена и неможам да продолжам,па вежбам после 1 недела и така секогаш...затоа овој пат ке почнам со 15-20 мин. па секој ден ке додавам по 5 додека не стигнам до 1 час..а после еден месец ќе ги видиме резултатите па ќе пишам ;)
     
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.826
    Допаѓања:
    23.628
    Пол:
    Женски
    Ако вежбаш на најмал отпор нема ништо да те боли ;) и 1 сат да вежбаш нема гајле.
     
  5. Chair

    Chair Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    3
    Порано вежбав редовно на справава ама сега како да немам инспирација .Инаку се постигнуваат добри резултати со него.
     
  6. Wooden

    Wooden Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    38
    Денеска прв пат трчав по долго време на Орбитрек, 30 минути точно на малку потешко ниво.. отприлика колку калории имам потрошено?
     
  7. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.826
    Допаѓања:
    23.628
    Пол:
    Женски
    ^^^150 kal ;)
     
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Повеќе од 200kcal. Јас за пола саат на некое средно ниво трошам околу 180, па претпоставувам дека на појако треба да е повеќе. Сепак зависи и од брзината со која си вртела, на побрзо се трошат повеќе, на поспоро одат помалку калории.
     
  9. Wooden

    Wooden Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    38
    Па и ова ниво јас што трчав не беше некое екстра тешко, ама не беше ни лесно.. Не трчав бавно, така да и 200 калории ми се супер за почеток :) Ќе гледам да зголемувам повеќе и очекувам резултати за брзо време
     
  10. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Имам орбитрек 3-4 години,вежбам најчесто пред лето.Од сите справи што постојат орбитрекот го највеќе мразам :lol:
     
  11. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Мит: Вежбањето пред спиење изморува, па така побрзо ќе заспиете

    Вистина: Вежбањето може да помогне при заспивањето, но не доколку тоа се случува непосредно пред легнувањето. Доколку вежбате непосредно пред спиење, вие можете да создадете контра ефект. Вежбите го стимулираат срцето, мозокот и мускулите, обратното од она што вие сакате да го сторите преку спиењето. Исто така ја подигнува температурата на телото, нешто што е контрапродуктивно при обидот за заспивање.
    Утринското вежбање може да ви помогне за ослободување од стресот и да ви го подобри расположението, што има индиректно влијание врз вашето спиење. Исто така, ако секојдневно излегувате надвор на прошетка, изложени на природна сончева светлина, можете да си го подобрите сонот, поттикнувајќи го 24-часовниот циклус од будна и заспана состојба, да функционира подобро. Доцното попладне е исто така добар период за спорт, бидејќи постои поврзаност помеѓу телесната температура и заспивањето. Температурата на телото се покачува додека вежбате, а потоа на телото му се потребни околу 6 часа за да почне да се лади, па така тоа ќе биде во совршена состојба додека дојде време за спиење. Кога и да одлучите да вежбате, гледајте да е минимум 3 часа пред легнување во кревет.
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Што е битно кој колку калории потрошил, која секој различна храна јадел и различна количина на калории внесол? :^)

    Јас вежбам додека можам да вртам, додека се испотам убаво.

    И имам приметено дека многу од целулитот (иако немав многу целулит) се повлече. :)

    И секако, вежбам со добра, мотивирачка музика, така и времето брзо ми летнува. :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    СИ купив лани Орбитрек и вежбав на него неколку месеци но немав ефект во намалувањето на кг. , туку ефект имав само во обликување на телото, поконкретно на нозете и на струкот кој доста ми се намали....но кога престанав после неколку месеци пак ми се врати старата форма :D
     
  14. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски

    Уште од мала се грижам за моето тело но редовно трчав надвор. Кога почнав да трчам на орбитрејк од причини што зимно време неможев надвор верувај ми се разочарав, ништо нема поубаво од трчање надвор, и секси ѓогинг ама тука и повеќе се слабее ... Да сме искрени :)
    На мускулите на нозете даваме поголем одпор и сонцето е тука ... Комбинација СУПЕР :)
    КАКО И ДА Е да ти одговорам на прашањето трчам по 30 мин ... така почнав но по овој реодлсед:
    30 мин нормално трчање и 15 мин наназад, за задникот и задните мускули (и морам да ти кажам дека кај мојот задник има резултати, баш си го сакам икс де :P ) Но и секако после трчањето стомачните вежби кај мене се задолжителни :*
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Јас многу го засакав мојот орбитрек. :)
    Го имам веќе 5 години, беше во мирување, со функција на закачалка да не претерам едно добри 3 години (за срамота) :tmi: , ама последниве 4 месеци навистина многу му се посветив, и сега имаме една солидна и квалитетна врска, која се надевам ќе продолжи и во иднина ќе се развива уште подобро и повеќе. :D

    Бидејќи бев многу улежана, започнав премногу скромно, со 6 минути, па 8, па 10, 12... итн, за да вчера стигнам до 38 минути без престан, вртење само напред на средно ниво.
    Намерно не сакам да го зголемам отпорот се' уште, доволно ми е засега на средно ниво.
    Назад можам да извртам многу, без проблем, полесно ми е, ама го избегнувам, 5-10 минути ми се доволни, зашто не сакам да ги зголемам листовите.

    Се надевам дека во иднина ќе си купам подобар орбитрек, овој веќе и крцка и се клати гревниот :D но ме служи, и дека ова не е само моментално вежбачко лудило, туку ќе прејде во навика, барем 3 пати неделно.
    Чувството откако ќе извртиш 30 и кусур минути е незаменливо.
    Еден час пред вежбање задолжително пијам кафе, зашто така имам повеќе енергија и имам одлична плеј листа за вртење.

    Не се оптоварувам со тоа колку калории трошам, сакам само да се чувствувам убаво и задоволна со себе.
    :)
     
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    ^Проверувај ги штрафовите да не му се олабавени, па затоа да крека. :wasntme: И рамна подлога, задолжително. Мојот играше чочек на паркет, но откако сместив класично цергиче под него, си легна на брашното и дреме ко мисир. ]:)
     
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Ова од лично искуство или? :worried:
    Јас па назад вртење форсирам за да си го затегнам задникот и тонирам задниот дел на мускулите ама прв пат слушам дека листовите се зголемуваат. Немам приметено на мене, јес дека се големки и онака, али ме стави на мисла сега да не си направам поголема беља.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ^ Така имав слушнато, и искрено не верував, вртењето ми беше пола-пола, на пр. 20 минути напред и исто толку назад, па дури и малку повеќе наназад, зашто реално оди полесно, од истата причина, да го кренам задникот, арно ама почнав да забележувам како делот кај листовите е многу позатегнат. :|
    Не знам дали тоа е арно, ама не сакам да се прошират и да си направам белја.
    Затоа и намалив.


    Му пукна шрафче лани летото, и еден љубезен комшија ми најде ново, оригинално и го замени.
    Се олабавуваат од време на време, ама на секое вежбање го затегнувам и подмачкувам со масло за чистење оружје. :D
    Имам чергиче под него, нема шанси на паркет, отидов низ балконска врата.
    Ова веројатно е добар момент да кажам дека мојот е од оние биди фит, не од топ шоп, затоа е малку троа чкартлив.

    Да сум при пари би си земала магнетен од оние продавниците за боди билдинг и фитнес опрема, бесшумни, квалитетни, не трепнуваат, такви има обично по теретаните и се забележува разлика.
    :)
     
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    ^ Се расчачкав по нетов да најдам нешто за намалување на салцето кај листовите или евентуално погрешно вежбање кое би придонело за евентуално зголемување, и вежбањето на елиптична справа (читај Орбитрек) на слаб отпор наводно треба да помогне кон намалување, не зголемување.

    4та точка на странава http://www.superskinnyme.com/how-to-slim-calves.html
    Не е наведено дали вртењето назад е проблематично, што всушност мене и ме интересираше, ама штом се препорачува рамномерно вежбање без отпор тогаш ќе продолжам да се држам до мојот план.
     
    На Lux и Trendafilka им се допаѓа ова.
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Завчера се дружевме со мојов орбитрек 2 пати по 30 минути, вчера 30 минути, денеска ќе се дружиме уште 30-40 минути. Лесно ми е да вртам и 60 минути на најмал отпор ама да не си ризикувам листови ова-она 30 минути се доста.
    Ко ќе ми завршат и полагањата и фрката за матура ќе вежбам по 45 минути на орбитрек и по 30мин други вежби. Има до Август да бидам бомба, :!: па што сака нека биде! 8)