срцка не фрлај пари за џабе, кога бев јас во топ соп. се познавам со една од продавацките. ми реце има ефект ама брзо се расипува.
Го имавме и ние чудово дома али ништо. Дури не го мрднеш газот да почнеш да вежбаш и да намалиш јадење ништо не ти помага.
Немојте да се лажете, вртење на орбитрек е едно, одење пешки е друго, а трчање е сосема друго. Најлесно е да се врти на орбитрек бидејќи вложуваш најмалку напор, а пак ги користиш сите делови од телото и помага за слабеење ама не е клучен орбитрекот(барем кај мене е така), после по тежина доаѓа пешачење иако не е воопшто тешко да се пешачи два часа без престан, па последно е трчањето, тоа е најтешко. Не е исто две минути трчање и две минути на справа, верувајте во 1 час возење на орбитрек не се заморувам колку 5 минути трчање. Има голема разлика, затоа викам дека орбитреков е само помагател.
е да извинис ама еве ке споделам едно искуство со орбитрекот. орбитрекот е замена за трцанје, засто ? затоа сто орбитрекот ги имаа тие функци како да трцас не е како обицните тоцаци, целото тело тие во двизенје кога си на орбитрек иди на нај спора брзина и трцај да видис кој замор е со орбитрек а која леснотија е со трцанје, јас со орбитрекот за неполни две недели ослабнам 6 кила. а со трцанје сум трцала не сум мозела да ослабнам ни кило,па да не збориме за песаценје, и со орбитреков дури све јадам без пробле,. туку сто е проблемот тоа сто го јадес треба да го изгубис, а не да јадес и да седнес пред пц или пред тв.
Прво, пишувај со ш, многу неразбирливо е, друго, не ти држи вода искуството и тврдењето. Неможи ни да се спореди орбитрек и трчање. На орбитрек иако се движи воглавно цело тело, вежбаш најмногу со долиот дел на нозете со тоа што се потпираш на педалките, а не трчаш на него со нозете класично во вис, него туркаш и вртиш. А трчањето е сосема поинакво, вежбаш по сила на отпор на целото тело. Значи буквално се одбиваш од земја со секој чекор и целото тело ти тежи. Јас време вежбам на орбитрек и во големи интервали, сум вежбла по час-два и на добар отпор, па еве за споредба денес ќе колабирав на истрчани два км со малку потешко од умерено темпо. Значи - неспоредливо е а камоли да е обратно ко што тврдиш ти. Зборвам за тежината на двете, а за слабеење е сосема друго, зависи од тоа и со какво темпо трчаш и колку време и исхраната. Со орбитрекот сум ослабела, сум држела линија, ама не значи дека е понапорна активост и подобра за слабеење. Тој е само прилагоден за домашни услови, олеснителен за слабеење. И да, не си слабеела со трчање, затоа што за пола час со орбитрек си трошела околу 200кал, а за пола час трчање умерено се троши околу 100-150. Значи и тоа докажува дека е понапорна активност и треба скоро дуло да истрчаш за да има добар ефект.
Може едно мое искуство значии више вежбам на справата 1 година и ништо од неа, а деновиве скокам на јаже иии колку повеќе заморувам од справата на справата можам со часови да вртам и ништо од тоа ни имам ослабено ни ништо.............Значи факт е делка подобро е да трчаш и пепачиш за разлика да вежбаш на справата залудно губење време е според мене
Ај сега јас нешто да ви кажам Прво, докажано е дека орбитрекот во ниту еден случај не се споредува со трчање или било кој друга активност не поврзана со вежбање на елиптична справа. Второ, Каја, невозможно е да си вртела со часови на орбитрекот а да немаш никаков ефект. Факт е дека со секојдневно вежбање на него, еве еден саат нека биде - макар и некои 10/20 минути помалце, се има и те какви резултати. А да не зборам орбитрек + диета, е тука пак само какви резултати има .
Да има на пример за 1 час околу 280 калории се губат,а бидејки јас сум заразена со слабеење и диети и вежбање,значи се имам мерено на вага ден кога ке вежбам и ден кога нема да вежбам,а ке јадам нормално и двата дена.И имам забележано дека кога вежбам намалувам од 200 до 300 грама за разлика од денот кога не вежбам значи ии не е баш без резултати
Секако!... дека си во заблуда. Најпрво, пишуваш дека „орбитрекот е замена за трцанје“ па детерминираш „засто“. Подоцна, тврдиш „кога си на орбитрек иди на нај спора брзина и трцај да видис кој замор е со орбитрек а која леснотија е со трцанје“. Воопштено, сама себе се побиваш, а и очигледно не си пробала да трчаш на еднаков отпор како што вртиш на елиптичната справа, за да утврдиш колку напор даваш за да совладаш отпор. Многу фактори се во прашање, почувствувај ја само лутината на воздухот во трчањето и ќе знаеш од каде сакам да почнам во разликувањето.
Прво нема теоретска шанса Орбитрекот да биде поефикасен од трчање, ниту па да се спореди со трчање. Во моментов Орбитрекот ми е на поправка и си реков ај ќе трчам напред-назад низ дома и одвај издржав 20 минути. Сум вежбала и на поголем отпор на Орбитрекот и сум издржувала по саат време. Трчањето е каде каде потешко од вртење на Орбитрек. Прост пример ти е отпорот на воздухот, кој го совладуваш додека трчаш и тоа е поголема тешкотија, а на Орбитрекот ти всушност трчаш во место, така да не совладуваш никаков отпор. Секако дека има резултати со Орбитрекот, не само во слабеење туку и во обликување на телото, ама да кажеш дека трчање на Орбитрек и трчање во природа или без разлика каде е исто, е тоа не држи вода.
Како мислиш не се споредува, за што не се споредува? Ако е за ефектите за слабеење грешка си, секоја аеробна активност правена со сличен интензитет ќе даде слични резултати. Орбитрекот како и сите справи не се неопходни ни за слабеење ниту за зацврстување но со нив на многу девојки им е ќеиф да работат и тоа е главната предност на секоја справа за вежбање. Со трчање, скокање на јаже и една до две помошни вежби се постигнуваат истите или подобри резултати но факт е дека орбитрекот како справа си е добар само не треба да се занесеме па да тврдиме дека нема ништо подобро на планетата зашто тоа не е точно .
Ај и од мое лично искуство да ви кажам, се согласувам со мислењата на Lux, nela.oh i Marilin Не е исто орбитрек и трчање (значи овие 2 ги споредувам), јас на орбитрек вртам по 60 мин, некогаш и повеќе, и можам уште и тоа на голем отпор и завршувам со вежбање оти ми се здосадува, а не дека не можам повеќе. А со трчање 50 минути ми се премнооогу, значи капнувам и се препотувам И со трчање за 3 недели имам видни резултати а со орбитек само се зацврстувам. Не велам дека не чини на орбитрек да вртиш напротив многу е ефикасен ако веќе неможеш да трчаш на пр. ама тој е повеќе за зацврстување посебно долен дел-газ, нозе и ако си на диета се ослабува ако не џабе ти е (проверено). Јас сега комбинирам, еден ден трчање, друг ден орбитрек, трет ден теретана и имам супер резултати
Мене вчера конечно ми стигна орбитрекот и извртев едно 15тина минути на него, ама на помал отпор (ептен дека првпат се качувам на него, натаму планирам здравје и до 1ч да си вртам) Е сега, ме интересира на кој отпор да вртам за да го забрзам слабеењето, на помал или поголем? Исто така паралелно сум на режимот на Иренна, така да очекувам да ги симнам тие 7-8 килца вишок Па девојки помош ако може
За слабеење повеќе минути на помал отпор. Не мора веднаш да одиш со 1 саат, навикни се прво , полека покачувај го времето. Повеќе не знам да ти кажам, не сум многу спортски тип, овде по форумот читав некои дискусии дека 3-4 пати во неделата и помалку минути дневно биле поефикасни од секојдневно вежбање Сигурно има некои стручни образложенија за ова кој знае повеќе нека ни објасни.
Не е логично помалку вежбање да дава повеќе резултати. Вежбај си барем 5 пати неделно и секој пат зголемувај по некоја минута, ќе осеќаш како што ќе имаш кондиција. Не се форсирај, 15 мин за прв пат е одлично. Првата недела стигни до 20, втората, 25 итн се додека не постигниш сат време. Најдобар ефект за слабеење се постигнува со полесен отпор, ама одвреме навреме да го менуваш на малку потежок. Значи вежбај 10 мин на најмал, 5 мин после на втор. Кога ќе вежбаш 1 сат, првиот пола сат на прв отпор, па 10тина мин на 2, 10 на 3, па пак на прв. Јас така варирам. Ако во прво време ти е тешко, вежбај на прв само пак ќе имаш резултати. Само гледај вртежите мн бавно не ги правиш. Со диета и редовно вежбање ќе ги скиниш тие 7-8 кг најмногу за 2 месеци.
Фала многу за помошта Инаку така и планирав, постепено да го зголемувам времето на вртење. Да си ја зголемам кондицијата оваа недела, па после ќе почнам да го комбинирам отпорот како што ми кажа и да се надеваме дека за некое време ќе се пофалам со изгубени 8 килограми (или дај Боже повеќе)
здраво. да ве прашам што мислите дали ова е истиот орбитрек од топ шоп? затоа што цената е значително помала.. http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/ ... 3225&Idx=6 фала
Двата се добри ако редовно вежбаш, разликата е што елит е само малце помал во однос на платинумот. Инаку е истиот орбитрек со тој од топшоп вака гледано според сликата што ја прикачиле.